|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Цртан филм за деца
27.3.2009 20:33:47   
Еца
Дали внимавате какви цртани гледаат ваште деца?Дали им забранувате и како тие реагираат?

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Цртан филм за деца
27.3.2009 20:43:21   
mis.
Елена оваа е интересна тема и може на долго и широко да се зборува.од голема важност е да се внимава што гледа нашето дете дури и тоа да е цртан филм.Во денешно време има такви цртани што воопшто немаат воспитно-дидактички елементи туку ги учат децата на агресија и насилство.Затоа ние треба да сме тука да им дозволиме или да им забраниме на децата да гледаат се сто им се нуди на тв.Јас лично сум многу против некои цртани и нема шанси да дозволам моите деца да ги гледаат ама што да правам кога во градинка зборат и дома прашува и ги бара.Сите родители не се толку ангажирани да им забрануваат на децата да го гледаат тоа што не е за нив.После ќе се прашуваме што е со овие денешниве деца ние не бевме такви.да не бевме ама немаше такви работи на тв мечето ушко во 19,20 и право во кревет а сега децата седат со нас до 22.23 па и 00h.Maлку повеќе во секој случај.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Цртан филм за деца
27.3.2009 20:49:01   
Еца
Да за тоа во право сиuser posted image баш сега со сопругот зборувавме колку би сакале да ги погледнеме мечето ушко, штрумфови, летечките мечиња, и уште многу убави цртани.Јас на Мартина откако почна да гледа цртани и дадов до знаење што смее, а што не.Гледа Ноди, Фифи, Том и Џери,Бамби, Дамбо...и сега кога случајно ке налетаме на тие цртани штом не знам ни како се викаат ама на картун нетворк ги даваат, таа ми вика, смени што ми пушташ гупости.Значи децата ниу се најважни па би требало малку повеќе да внимаваме што и како гледаат и учат.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Цртан филм за деца
28.3.2009 10:39:41   
nina
Мили Ели и Мис не сум може доволно компетентна да ви давам мислење но сепак еве ке си дозволамuser posted image .Мислам дека во ред е било какви цртани нормални сепак да се дозволува на децата да се гледаат сега не некој хорор но треба бидејки ако го изолирате уште од мало кога ке му дојде време да се соочи со реалноста ке нема да може да им влезе во тек.Ние сме израснале со Том и Џери што сум читала дека не треба да се гледаат тие бидејки имаат агресија но сепак сме ги гледале така што мислам дека е во ред да ги гледаат тие цртани.А кои не би требало еве според вас да не се гледаат?

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Цртан филм за деца
17.4.2009 9:28:36   
niki
Nina, decata se sto gledaat povtoruvaat. Kerka mi gleda Teletabisi i ima edan epizoda kaj sto igraat site cekori gi ima nauceno, a ima dve godini. Mi se sluci ednas da gledam film a ona si igrase ama imase scena eden da udira zena i taa go vide toa i vednas so prviot predmet sto go vide me tresna po nos, bez nikakva pricina, celata otekov. Zatoa mnogu treba da se vnimava, stvarno ima crtani so tepanje ubivanje, bas imam videno eden da me ubies ne mi teknuva imeto a glavnite junaci sse devojki, tajni agenti, ubavo sareno i nezno ama dejstvijata se sekogas proprateni so tepacki i ne e primerno toa da go gleda dete.
Nie gledame Fifi, Jagotka, Teletabisi, In the night garden, Pipi dolgiot corap i sl.

(Одговор на членот nina)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Цртан филм за деца
19.4.2009 20:38:46   
nina
Да можеби сте сите три во право и убаво е тоа да пазите што гледаат но за Том и Џери мислам дека е греота да не ги познаваат вашите дечиња нив мислам дека секое дете треба да ги гледа и нив можеби ен сум во право можеби и јас ке мислам така кога ке имам деца незнам но тогаш дефинитивно ке барам од вас совети

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Цртан филм за деца
19.4.2009 20:44:09   
Еца
Е Нина што да ти раскажувам за Том и Џери моето ги знае напамет а има само 3.5 год,ги чекаме секоја вечер на бумеранг во 20.20 и преку ден во 15 часот,а декаи таму има агресија во право си, но како ликови се многу помили и поинтересни од овие денешниве плашилаuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот nina)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Цртан филм за деца
25.5.2009 23:03:28   
Боцко
Фифи гледаме од најмали нозе. Како бебе ќе погледнеше по 1 епизода пред спиење. Не знам колку ДВД-ја сме изгребале досега. Потоа дојде Ноди. И во двата случаи имаше денови каде по цел ден се гледаат цртаните и ништо друго. Сега е Мечето Руперт, мајмунчето Џорц, Томица и пријатељи, Дора и Покојо. Изгледавме и цел еден филм, Кунг Фу Панда, како и Мадагаскар 1. Мислам дека изборот зборува за нашата определба сам по себе.

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Цртан филм за деца
25.5.2009 23:14:49   
biljanaM
моето синче многу ретко гледа цртани, ептен со сила, најмногу гледаме гледаме Ноди  и Мики Маус, инаку нешто друго не...може некоја песничка да слушне и толку...

_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Цртан филм за деца
26.5.2009 8:33:01   
mami
леле па вие сте сите супер..Лука нема шанси да го задржиш пред тв подолго од една рекламаuser posted image најдолго гледа во тв-то когатреба да заспие бидејќи тогаш ги гледа супер ѕвезда и така си заспива инаку нема шанси..а му пуштам на компјутер цртани додека си игра па одвреме на време фрла некој поглед натаму..а му ги симнав од нет мечето ушко, том и џери, мразулко и пријателите, руски бајки на рускиuser posted image така да со тие ке го бомбардирам кога ке се заинтересира да гледа, оние од картун нетвурк и јас неможам да ги гледам, поголема глупост неможеа да измислат

(Одговор на членот biljanaM)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Цртан филм за деца
26.5.2009 10:08:14   
mis.
Мами мечето ушко на руски ви е јас неможам да го најдам на македонски,ај за помош од каде да го симнам на мак ако го има.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Цртан филм за деца
26.5.2009 10:13:02   
mami
http://www.youtube.com/watch?v=_kVSnuk99Gs еве ти една епизода а другите сами ке ти се појават таму во опции..знаеш и јас прво неможев да ги најдам и после им ја открив финтата- ако го напишеш на латиница не го дава, ке се префрлиш на кирилица и ке го најдеш, исто и за мразулко ако ти сакаш ке ти ги изрежам на двд и ке ти ги дадам јас симнав еден тон..сега ги симнувам том и џери имам едно 100 и кусур епизоди а пред некое време мм ги симна Duck tales знаеш со пајо паторот и внуците, ама на англиски  и тоа сите епизоди едвај чекам да почнеме да ги гледаме и јас да си се потсетам на нивuser posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Цртан филм за деца
16.6.2009 20:56:00   
katence
Fala vi sto me vrativte malku nazad vo godinite i podsetivte na meceto usko,strumfovi.Imase uste eden sto go pamtam bese so sneg i mrazulci pa nesto crtaa so mrazulcite,lele ama objasnivuser posted image
Znam koj e vo glavava go imama samo neznam da objasnamuser posted image
Kaj mene se podeleni ednoto za pomali crtani drugoto za pogolemi i dodeka da resime sto ke se gleda sekoj den samo karanici.
A inace na toj картун нетворк stvarno nekoi gluposti sto davaat kako im se gleda toa na decava neznamuser posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Цртан филм за деца
4.7.2009 15:10:25   
Еца
Според мислењето на психолозите, задачата на секој цртан филм е да воспостави емотивен контакт со детето и да послужи како канал за празнење на неговата креативна енергија. Гледајќи го цртанот, детето се поистоветува со ликовите, што влијае на формирањето на неговата личност. Затоа психолозите советуваат дека дете од две години дневно треба да помине најмногу 15 минути пред екранот, додека во неговата петта година тоа се зголемува на еден час.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот katence)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Цртан филм за деца
15.7.2009 1:30:54   
mis.
Син ми го обожава CARS а посебно зелената кола чак.Татко му кога беше за белгија му ги донесе црвената-меквин,сината-сали и багерот но тој беше запнал за зелената и за среќа во бисер ја најдовме.Од тинекс го купивме и херикоптерот и сега сме вака:јас сум црвената,таткјо му е таа старата,тој е зелената,брат му е сината а хеликоптерот е папагалчето живко што го имаме.Уште додека бев бремена сината ми ја даваше на мене дибејќи брат му е во мене.Смешки.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Цртан филм за деца
7.8.2009 1:54:55   
nadica
nadica obozava najavni spici od crtanite: noddy, micky mouse, winnie the poo, aii dog go to heaven, tom&jery,... mnogu saka i reklami so zanimliva muzika momentlno hit i se za cocacola brrrrrrrrrr reklamite i za mia sokovite user posted image ludnica

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Цртан филм за деца
12.9.2009 23:00:26   
biljanaM
напредуваме со гледањето цртани....Воислав цело време гледа Ноди само....дури и куклата ја купивме.....user posted image

_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Цртан филм за деца
12.9.2009 23:20:14   
niki
Nie premnogu gledame crtani, go imitirame Jahari kako go java Mali grom, si igrame so Sestricka od Artur, Mala princeza ja potseti deka saka pak da bide bebe i sega ima napadi koga saka da cica ili da i kupime cucla lazacka. Nekogas se prasuvam da ne mi se pretvori deteto vo onie psiho slucavi so multi licnosti neznam kako se vikase tocno sostojbata.
I mislam deka pod vlijanie na crtanite ima razvieno i  zamislen prijatel, se vika Bucko i stalno go guska go vodi za raka go kreva i tn, ne sum sigurna uste dali e izmislen ili od nekoj crtan, ama ova fantazijava na moevo devojce nekogas me plasi.

Imal nekoj od vas vakva ili slicna situacija?

< Поракaта ја уредил niki -- 12.9.2009 23:21:00 >

(Одговор на членот biljanaM)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Цртан филм за деца
5.10.2009 12:41:38   
mother 29
ноди(цртан) , петко со мина(детска серија),миа сокови(реклама)

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Цртан филм за деца
6.10.2009 9:04:14   
profesorica
Дамјан не гледа цртаниuser posted image user posted image , само најавната на НОДИ и толку после почнува да кенка.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Цртан филм за деца
6.10.2009 9:07:58   
big_mama817
син ми не гледа цртани user posted image

< Поракaта ја уредил big_mama817 -- 6.10.2009 9:08:12 >


_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот profesorica)
Revisions: 1 | Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Цртан филм за деца
6.10.2009 10:15:35   
mami
во последно време почнува да ги загледува..обично кога е поспан и ке седне демек ке гледа и ке си заспиеuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Цртан филм за деца
4.11.2009 13:32:10   
BEBICA
Monika go obozava crtaniot film NODY.Koga ke go vidi ne trepnuva i momentalno stanuva ko kip ne mrda.user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
Normalno ne i dozvoluvam mnogu da gleda crtani.


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Цртан филм за деца
4.11.2009 13:37:38   
profesorica
И дамјан го гледа ноди ептен, сега моите и свекрва ми му зеле цеде ноди.Ќе гледаат заедно со девојка му Моника user posted image user posted image user posted image а БЕБИЦЕ?

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот BEBICA)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Цртан филм за деца
4.11.2009 15:25:51   
Mamicka3
Моите гледаат многу цртани,нај интересен им е Томица и влахове,но кога ќе ги пуштат оние на карут нетворк е тогаш може и да се скараме

_____________________________

Децата се најголемо богатство
Марио 31.10.2002
Ана Марија 01.11.2005
Трајче 20.09.2009

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?