|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Детали од УЗВ преглед
20.10.2009 13:03:52   
mami
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил Julie -- 3.11.2009 10:54:24 >

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 101
   RE: Детали од УЗВ преглед
20.10.2009 13:14:04   
Весна
На мм му викам: „би сакал на кратко, ама ептен на кратко да може да ти ја дадам малава да ја поносиш во стомакот за да видиш какво е прекрасно чувството и веднаш после да ми ја вратиш?“
Леле, ко шамар да му мавнав, се исплаши од самата помисла, почна да скока како веќе во него да е user posted image . А многу ја сака, раце не трга од мешето ми, постојано ја мази и и’ зборува, само ете не може, не е свесен што е всушност она вистинското, убавото од бременоста, созревањето на нашето бебушче. user posted image

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 102
   RE: Детали од УЗВ преглед
20.10.2009 13:43:58   
niki
Отприлика една година по породувањето мм беше многу загреан за второ, ама јас тогаш какво второ, ова првото уште бебе ми беше, не бев спремна. И му викам, а нееее ако сакаш второ ти да бидеш труден. А тој храбар ми вика: Па кога би можел би бил ич не би размислувал. Ама ич не сум сигурна дал ќе беше толку храбар да беше тоа возможно  вистинскиuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 103
   RE: Детали од УЗВ преглед
20.10.2009 13:47:57   
srekna mama
user posted image ,абре мажи,не паѓаат на грб...

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 104
   RE: Детали од УЗВ преглед
21.10.2009 22:51:09   
ananikol
Nie denes bevme na prviot ultrazvuk (2D).Bevme okolu pola saat i celo vreme bebusot spiese ni rekoa deka user posted image  spie 40 min a 40 min e budno i nemozea da cekaat da se razbudi oti neznaele koga zaspalo, a predhodno jadev i cokolado i piev koka-kola ama spanko-a na tato(se razbira).
Dolgi me 3.48sm vo 10nedli+1den.Racickite ne mozevme dobro da gi vidime ama ke imame moznost da go vidime podobro sledniot mesec.

(Одговор на членот srekna mama)
Непосредна врска до пораките: 105
   RE: Детали од УЗВ преглед
21.10.2009 22:54:00   
Mila na mama
Нели не знаеше дали да плачеш или да се смееш од среќа а гледаш само една точка и цел свет ти е собран во неа. Се сеќавам на моите први УЗВ прегледи вилицата ме болеше од ширината на насмевката,а очите ми беа полни со солзи.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 106
   RE: Детали од УЗВ преглед
22.10.2009 0:14:56   
ananikol
Da,da,tocno taka Mila na mama.No,moram da priznaam deka mi se mesaa custvata na sreka i griza vo toj moment dodeka ne go vidov rezultatot na antitelata deka e negativen.Nokna mora mi bea.A od koga mi kazaa deka se  vored ne ja ispustam slikata od ehoto od race.Mazot mi baska prikazna,toj cel vleze vo plazmata sto bese pred nasuser posted image

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 107
   RE: Детали од УЗВ преглед
22.10.2009 12:23:19   
Leonida
Јас би сакала да чујам ваше мислење и искуства во врска со мојот резултат од прегледот. Искрено многу се уплашив пред некој ден кога бев во државна за да ми прават скрининг во 30та недела. Таа што ме гледаше (нема потреба да ја именувам која докторка) ми направи таква параноја затоа што според нејзините мерења бебето изгледало една недела до 10 дена по мало и дури ми постави прашања како: па до сега нормално се развивало?, твојот матичен лекар не ти спомнал ништо?......се осетив како кој знае што да носам во стомаков. Толку ме изнервира што најверојатно она примети и на крај ми рече да не сум се секирала дека тоа не било ништо страшно и дека сака повторно да дојдам за 2 недели да види како напредувам.
Инаку до сега сите прегледи ми биле нормални, и крвна слика и се. Претходно на 21ва недела исто кога бев во државна, ми се случи нешто слично, па отидов другиот ден кај Димчев во Систина и излезе дека се си е во ред и дури  дека е една недела по напред бебето. Па си викам дали овие во државна болница имаат некаков проблем со гледањето, можеби апаратот или не знам што друго. Сега ке одам повторно на друго место да ме видат затоа што искрено сум малку извадена од памет, а и мешето не ми е големо како на повекето иако за некој ден ке влезам во 8ми месец (знам дека тоа не е баш некое мерило). Многу малку сум поправена, односно скоро иста сум си само што имам стомаче, бебето си мрда внатре нормално и јас се чувствувам ок.
Па ме интересираше дали и некој друг имал вакво слично искуство со лекариве и дали има простор да се тревожам до толку...user posted image
Многу би ми помогнале со вашите совети и искуства, затоа и го споделувам ова со вас user posted image



(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 108
   RE: Детали од УЗВ преглед
22.10.2009 12:31:00   
mami
леонида, јас имав ужасно икуство во Државна кога прокрварев, никаква услуга, никаков однос, а плус мислам која глупост ми кажа тогаш тој што ме прегледуваше- бев некаде 9-10 недела и ми вика- супер е бебето види го ти мавта, ене со рачето...така што според мене ако другите ти викаат дека се е во ред и нормално си расте не се секирај...а бебињата не напредуваат секогаш со исто темпо, некогаш ке биде понапред некогаш поназад..

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 109
   RE: Детали од УЗВ преглед
22.10.2009 12:39:04   
Iva
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

јас имав ужасно икуство во Државна кога прокрварев, никаква услуга, никаков однос, а плус мислам која глупост ми кажа тогаш тој што ме прегледуваше- бев некаде 9-10 недела и ми вика- супер е бебето види го ти мавта, ене со рачето....


user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image леле колку се изнасмеав, не се нормални, леле мами ме развесели како ми тргна денов ми го разубави

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 110
   RE: Детали од УЗВ преглед
22.10.2009 12:40:54   
mami
да да..баш така ми рече...и тоа беше пресудно во мојата одлука да се пораѓам во Чаир...во Државна одам ако веќе немам опција и морам, инаку ја избегнувам секогаш кога е возможно

леонида не се нервирај...оди на друг лекар и види што ке ти каже, па пиши ни обавезно

(Одговор на членот Iva)
Непосредна врска до пораките: 111
   RE: Детали од УЗВ преглед
22.10.2009 12:42:26   
mother 29
толку им е културата!лечат комплекси на невини луге!
ич да не се секираш,затоа и има бебиња што се рагаат по 2,800, а има и бебеиња што се рагаат пo 4,000..затоа немa потреба од паника..
ако ти кажал Димчев дека е добро,и така е( мене ме породи и ми ја водеше бременоста).супер е тој!немај гајле!
ако си имаш услови, на тие битните скрининзи оди кај него,гони ги овие од државна!
уживај!

< Поракaта ја уредил mother 29 -- 22.10.2009 12:43:37 >

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 112
   RE: Детали од УЗВ преглед
22.10.2009 12:53:46   
Leonida
Ви благодарам девојки, сепак ми олесна. Ке одам деновиве кај друг доктор па ке ви пишам обавезно.
user posted image user posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 113
   RE: Детали од УЗВ преглед
22.10.2009 13:43:34   
srnicka

ИЗВОРНА ПОРАКА: Leonida

Јас би сакала да чујам ваше мислење и искуства во врска со мојот резултат од прегледот. Искрено многу се уплашив пред некој ден кога бев во државна за да ми прават скрининг во 30та недела. Таа што ме гледаше (нема потреба да ја именувам која докторка) ми направи таква параноја затоа што според нејзините мерења бебето изгледало една недела до 10 дена по мало и дури ми постави прашања како: па до сега нормално се развивало?, твојот матичен лекар не ти спомнал ништо?......се осетив како кој знае што да носам во стомаков. Толку ме изнервира што најверојатно она примети и на крај ми рече да не сум се секирала дека тоа не било ништо страшно и дека сака повторно да дојдам за 2 недели да види како напредувам.
Инаку до сега сите прегледи ми биле нормални, и крвна слика и се. Претходно на 21ва недела исто кога бев во државна, ми се случи нешто слично, па отидов другиот ден кај Димчев во Систина и излезе дека се си е во ред и дури  дека е една недела по напред бебето. Па си викам дали овие во државна болница имаат некаков проблем со гледањето, можеби апаратот или не знам што друго. Сега ке одам повторно на друго место да ме видат затоа што искрено сум малку извадена од памет, а и мешето не ми е големо како на повекето иако за некој ден ке влезам во 8ми месец (знам дека тоа не е баш некое мерило). Многу малку сум поправена, односно скоро иста сум си само што имам стомаче, бебето си мрда внатре нормално и јас се чувствувам ок.
Па ме интересираше дали и некој друг имал вакво слично искуство со лекариве и дали има простор да се тревожам до толку...user posted image
Многу би ми помогнале со вашите совети и искуства, затоа и го споделувам ова со вас user posted image




Nemoj ic da se sekiras. Bebeto (po knigi) od 28 do 32 nedela moze da otstapuva od propisanite merki. I mene isto mi se sluci i jas iako go znaev toa sepak bez isplasena i zamislena, ama vo 33 koga otidov na eho se si bese ok. Pozdrav do tebe i uzivaj

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 114
   RE: Детали од УЗВ преглед
22.10.2009 13:44:06   
profesorica
и јас немав ич стомак на крај почна да ми расте нагло 8-9 месец така што нема врска тоа, а тие од државна јас незнам кај им е паметот.не се секирај!!!

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 115
   RE: Детали од УЗВ преглед
28.10.2009 18:15:48   
ananikol
Denes bevme na ''vanredno" eho bidejki malku prokrvarev i mi kazaja deka mozno e da e od placentata i dokolku nee obilno krvarenje nee nisto strasno...pa jas bas zatoa otidov so vreme da se vidi sto e i kako za da ne dojdi do toa strasnoto ama ete..mozno  da e od placentata sto e nisko.
I da vi kazam si go vidov user posted image sega ne spiese ( mm mi vika e nie treba da odime na eho posle 12 oti i user posted image se budi ko majka mu popladneuser posted image user posted image user posted image )mrdase so racinjata,lele kolku se vozbudiv bidejki za prv pat go gledam kako se dvizi srcuskoto i sega sme dolemi da,duri 5 smuser posted image

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 116
   RE: Детали од УЗВ преглед
3.11.2009 15:25:54   
Medo
Здраво на сите!

Јас сум нова на форумот. Ептен се релаксирам кога ги читам постовите user posted image .
За прегледите на моево малечко user posted image имам да ви раскажувам до 101 и назад. Се нешто не се совпаѓа, па не одговара на неделата во која треба да бидам. Инаку, одев на приватен гинеколог кој преку летото само ми додаваше недели (демек бебушот растел) и јас од рок во декември стигнав до средина на ноември. И си отворив јас породилно и отидов во државна на преглед (бидејќи таму ќе се пораѓам, па си реков нека ме следат таму последниот месец). Докторката од државна ми се изначуди и ми рече дека не сум била деветти месец туку дека допрва сега ја терам 34. недела. Кој шок user posted image - а јас психички се спремам веќе. Многу бев изнервирана, ама сега се опуштив веќе. Испаѓа дека породилно си земав од 8. месец. Катастрофа!!!
Инаку последните мерки на бебето се: BPD 90, AC 292, FL 68,1. Баш гледав на тој сајтот што беше пишан од некоја од вас на која недела одговараат меркиве и испадна дека сите се за различни недели. Тотална збунка сум. user posted image
Ај, само нека биде се ок, па само броењето да биде проблем.
Поздрав и се читаме !!!

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 117
   RE: Детали од УЗВ преглед
3.11.2009 15:46:52   
mis.
медо добредојде на форумот.Ако ни значат нешто моите мерки кога Стефан беше во моето меше во 33 недела i 1 ден се BPD 85,AC 30,FL 63,HC 289 а Стефан се роди во 42 недела од бременоста 3740г 55 см
Така да тука некаде се и мислам дека имаш уште време.Биди смирена нема место за паника бебто е супер.Уживај во остатокот од бременоста.

(Одговор на членот Medo)
Непосредна врска до пораките: 118
   RE: Детали од УЗВ преглед
3.11.2009 15:57:28   
Leonida
Поминаа две недели од последниот пат што ви пишав во врска со мојот преглед во Државна. Тек денес  конечно знам на што сум. Можам само да кажам дека сум премногу разочарана од нашево здравство, особено од Државна болница. Замислете ме задржаа викендов да лежам на патологија за да ми дадат зреење (Флостерон-две инекции), а сакаа и уште еден ден да ме задржат. Стварно се луди, ми направија 300 различни филма за бебето, а што е најтрагично џабе седев таму. За една инекција дневно можев да дојдам и да ми ја стават. Па какви работи се изнагледав и изнаслушав, да не ви кажувам. Еднаш викаа дека мешето му е помало за 2 недели и ми ги даваа инециите. Вчера ми викаа дека бебето е цело помалечко за 2 недели (не само мешето), а денес викаат дека било 3 недели помало. user posted image Девојки како ке им текнеше така си правеа. На крај си отидов во Систина, ми се изнасмејаа што ме задржале во болница, и ми кажаа дека бебето е малку помалечко но во рамките на нормала и дека немало потреба од такви патешествија. Бидејки си е нормално, со доволно плодова вода (во Државна ми рекоа дека немам доволно плодова вода) треба само да си уживам и да не се замарам. Ако ви раскажувам детали ке зајдамuser posted image , затоа вака само ви пишувам на кратко и да го завршам еднаш ова лошо искуство.
Ви посакувам пријатна user posted image и што помалку вакви очајни ситуации за сите.

(Одговор на членот Medo)
Непосредна врска до пораките: 119
   RE: Детали од УЗВ преглед
3.11.2009 16:24:33   
Medo
Фала за добредојдето :))))

Очигледно дека на различни места ќе слушнеш различни работи. Треба човек да не се нервира, ама ете некогаш не можеш да се исконтролираш и ќе се скапеш од секирација. Ќе биде добро Леонида. Ете и кај мене има многу прашалници.
Ќе си се поддржуваме тука :)

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 120
   RE: Детали од УЗВ преглед
3.11.2009 20:41:40   
mami
значи вече од нашиве не ме изненадува ама баш ништо...Медо добредојде и од мене, се надевам ке не дружиш сега почесто кога еднаш не откри :)
Леонида, важно завршило тоа, ти уживај и гали се со мешетоuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Medo)
Непосредна врска до пораките: 121
   RE: Детали од УЗВ преглед
3.11.2009 22:54:03   
Весна
Утре сме на УЗВ преглеееед! user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 122
   RE: Детали од УЗВ преглед
3.11.2009 22:58:29   
mis.
Па чекаме резултатиuser posted image

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 123
   RE: Детали од УЗВ преглед
3.11.2009 22:59:37   
Сани
леле Весна и ние и баш ми е страв како се приближува крајот се повеќе се паничам, 35та недела сме, ако ми речат утре остануваш тука ќе биде интересно user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 124
   RE: Детали од УЗВ преглед
3.11.2009 23:11:54   
Весна
Уф, Сани, мене таа 35 недела ми изгледа далеку, јас сум 32+3, си го гледам стомакот и некако баш ми е спуштен надолу, па почнува да ме јаде мислата да не случајно малово сака побрзо надвор.
Затоа ајде со насмевка утре, и вие и ние, user posted image па ќе си раскажуваме user posted image

(Одговор на членот Сани)
Непосредна врска до пораките: 125
Страница:   <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?