mami -> мајка си го заборавила детето во автомобил (25.6.2009 11:52:37)
|
Долго време се мислев каде да ја пишам темава, па еве овде...Само што прочитав натпис, во кој се вели, дека пред две години, мајката која служела за пример на сите мајки во едно гратче во САД, првиот училишен ден за наставниците, во август, ја направила најголемата грешка во својот живот. Имено, таа требала да остави својата 2 годишна ќеркичка кај бебиситерка но гледајќи дека е уште рано за тоа, свратила до продавница. за тоа време малечката била во своето седиште во задниот дел од автомобилот. Мајката, брзајќи и мислејќи на тоа колку ке биде убаво повторно да се собере целиот наставнички колектив тотално заборавила дека малата е со неа и продолжила директно во училиштето. Таму си излегла, си отишла на состанок со наставниците, воопшто и не помислувајќи на ќерката. После 8 часа, нејзина колешка која си одела накај дома случајно поминала покрај нејзиниот автомобил и го видела девојчето. Веднаш ја викнала, мајката го земала малечкото но знаела дека е веќе доцна. ја однела во училишната кафетерија, кадешто останатите пробувале да го спасат девојчето а мајката само седнала во спротивниот агол и се молела. Таа вели- знаев дека нема шанси веќе за неа, предолго беше надвор, а температурите беа страшно високи. Директорот на училиштето веднаш го повикал нејзиниот сопруг кој неможел да поверува дека тоа се случува. Денес после две години тој вели дека не ја обвинува бидејќи тоа можело и нему да му се случи, но таа преживува секој ден со помислата дека најважната личност во нејзиниот живот ја нема поради нејзина немарност.. Затоа мамички, ве молам, ВНИМАВАЈТЕ каде го оставате вашето дете
|
|
|
|