Сексуалноста кај децата или истражување на сопственото тело (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


niki -> Сексуалноста кај децата или истражување на сопственото тело (1.3.2010 15:01:24)

Читкав нешто и мислам дека не сме дискутирале на темава па да видам мислења.
Стручњаците велат дека е сосема нормално машките бебиња да имаат ерекција уште во деветиот месец од нивниот живот, а истото го тврдат и за девојчињата само што кај нив не е до толку забележливо.
Во ова тврдење лично се имам уверено кога се работи за машките, но за девојчиња не на толку мала возраст. Но, пред неколку месеци имавме еден период со ќерка ми кога таа беше прилично заинтересирана за своите гениталии. Најчесто при капење се пипкаше и се обидуваше да види што има таму меѓу нозе, а во останатото време често ако не беше ангажирана со нешто друго знаеше рачињата да си ги пикне под гакичките, лето беше па лесно и успеваше. Искрено незнам како тоа го надминавме, но веќе одамна не сум ја видела истото да го прави.
Иако имам читано и слушнато од други мајки дека е сосема нормална појава која не треба да се забранува, додека нам ни се случуваше се чувствував некако непријатно, се некој страв имав да не се повреди случајно и сл. Реагирав на тој начин што и велев дека е срамота да се фаќа таму пред други луѓе и постојано ја предупредував дека не треба да брцка таму, исто како што не треба да брцка во нос, за да не се повреди и да ја боли.
Она што уште повеќе ме изненади беа некои изјави од мајки кои се сеќаваат дека истото го правеле на три четири години. Јас на пример не се сеќавам дека на таа возраст сум имала такви доживувања. Колку што ме служи сеќавањето моите искуства со себеистражувањето датираат од некој период на почеток од пубертет или непосредно пред негово настапување кога почна да ми се менува телото. И секако тогаш ни на крај памет не ми паѓало да тоа го правам кога некој ме гледа, на тоа гледав како на некој само за мене познат грев, за кој никој несмее да дознае.
Какви се вашите искуства со вашите деца? Какви ви се реакциите, какви чувства ви предизвикал таквиот призор? Дали вие се сеќавате во детството да сте правеле нешто слично и какви биле реакциите на вашите родители? Вашиот став - треба да им се забрани на децата или да се остават да го изживеат тоа како нормална фаза во нивниот развој?
И да бидам прецизна зборувам за возраст од некои 2 до 5 години, не за тинејџери.





big_mama817 -> RE: Сексуалноста кај децата или истражување на сопственото тело (1.3.2010 15:13:14)

јас сметам дека тоа е нормална фаза кај децата и доколку им забранувам да се допират на своите интимни места ќе создадема само табу во нивната глава што понатака може да се одрази врз нивниот сексуален живот тоа е мое мислење син ми веќе од поодамна се интересира за својот полов орган занчи го допира и пашува што е тоа за што служи и сл. на мм му се случуваше да му подвикне кога ќе си го пипка кога ќе му менувам паммер но му објааснив дека со тоа може да направи полошо




mami -> RE: Сексуалноста кај децата или истражување на сопственото тело (1.3.2010 15:19:02)

Ние сме уште мали за тоа, но му се случува да го фаќа и тогаш и јас и мм му кажуваме дека е тоа за мочкање и не треба да го фаќа...Кога ке почне да разбира ке му објаснувам на долго и на широко зошто служи тоа...а здравје кога ке порасне и ќе му кажам и дека служи и за нешто друго освен за мочкање..Мислам дека ако на 5 годишно детенце му кажам дека од таму доаѓаат бебињата или со тоа се прават само ќе го збркам




niki -> RE: Сексуалноста кај децата или истражување на сопственото тело (1.3.2010 15:46:52)

Благодарам мамички на одговорите. Со нетрпение чекам одговори на мајки со ќерки.




profesorica -> RE: Сексуалноста кај децата или истражување на сопственото тело (1.3.2010 15:52:32)

имаше некаде ваква слична тема, таму имаше повеќе дискусии ај ќе пробам да ја најдам!!!




nadica -> RE: Сексуалноста кај децата или истражување на сопственото тело (1.3.2010 15:54:46)

еве сум јас како мајка на ќерка ама надица е мала па немам некакво искуство
таа сака понекогаш кога ја пресоблекувам да се допира но тоа само за да именува дека тоа е дупе а тоа дунде
од тоа што имам читано знам дека не треба да им се брани но сега како мајка мислам дека треба да има цензура каде и како може да се допира
сепак ме интересира искуството на нашите рр членови со поголеми деца




niki -> RE: Сексуалноста кај децата или истражување на сопственото тело (1.3.2010 15:59:09)

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

имаше некаде ваква слична тема, таму имаше повеќе дискусии ај ќе пробам да ја најдам!!!


Јас барав секаде по форумите кај што мислев дека може да  има ваква тема, но не најдов. Ако има нека се спојат, со задоволство би ги прочитала постовите и таму.




Saturn -> RE: Сексуалноста кај децата или истражување на сопственото тело (1.3.2010 17:00:20)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] значи многу нормална работа, не знам баш во проценти да ви кажам, но голем дел од децата тоа го прават меѓу првата и третата година. Не е ништо страшно, имам читано дека не треба да се забранува или уште полошо да се караат или казнуваат децата. Имам ќерка и колку што можев да приметам тоа кај неа се јави некаде накај 9ти месец, мислам дека беше поради џамперот. Хммм, знаете полна пелена, скокање на зампер и гениталната зона и се дразнеше. Не беше толку пипкање и спознавање на телото со прсти туку триење на гениталниот дел со одредени движења. Знам и на други , лично ги познавам и родителите и девојчињата кои исто на многу мала возраст 1-2 години почнале да ги дразнат гениталиите, прилично се познава кога го прават тоа [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] Баш  во Бебе магазин пред неколку броја имаше за тоа пишувано, дека е нормално и дека нејчесто го применуваат кога се вознемирени или кога имаат некеква фрустрација. Еве кај ќерка ми тоа некако стивна и откако и се роди братче пак некако почна. Не и го забрануваме но не и го ни дозволуваме баш секогаш и во секое време, не за друго се поти многу и не сакам таква испотена после да ја пуштам, а не можам да ја бањам секој пат, знае дека може да го прави тоа пред бањање колку сака, но не и после бањање или од сабајле и не прави проблем.  такви се советите и од стручни лица, да не се забранува, може евентуално да ја заиграте со нешто да и го одвлечете вниманието кога ќе почне доколку ви пречи.




niki -> RE: Сексуалноста кај децата или истражување на сопственото тело (2.3.2010 10:40:08)

Ова Сатурн со џамперот ме потсети на една игра што ние ја практикувавме со ќерка ми. Јас вообичаено седам со прекрстени нозе и таа во некој период откри дека може да се качи на мојата нога и да јава коњче. И тоа и беше многу интересно, постојано бараше и секогаш беше пропратено со кикотење. На мене и мм никогаш не ни беше јасно што ја тера толку да се кикоти и тоа го прифаќавме како игра и нејзино лудирање. За да се спасам од тоа бидејки боли нога, напорно е, и купивме коњче, но таа во него не најде задоволство, веројатно топлината на мојата нога многу повеќе и прија и до ден денешен ја преферира, а јас секогаш се обидувам да ја избегнам таа игра бидејќи е едноставно тешка и напорна за мене.
Инаку малку ја истражував темава па прочитав и интересен податок дека кај дечињата кои и на поголема возраст цицаат цуцла лажачка, се јавува благопријатно чувство во пределот на гениталиите предизвикано баш од цицањето на цуцлата. Една мајка отишла до таму што кога никако не успевала своето дете да го одвикне од цуцла, ја ставила во своја уста што довело до возбудуа кај неа и ја потсетило на времето кога и самата била дете и исто така наоѓала задоволство во својата цуцла. Нормално нејзините родители поим немале дека тоа неа и се случува.




Mila na mama -> RE: Сексуалноста кај децата или истражување на сопственото тело (2.3.2010 10:50:02)

ИЗВОРНА ПОРАКА: big_mama817

дали вашето дете веќе е во фаза на спознавање на своето тело ние полека почнувама каво е вашето искуство


ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

па ако го сметаме тука чудното гледање на стапалата и чистење од кончиња од чорапките[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] и во последно време тегнење на курето, тука сме...
Многу е смешен, кога ке му ги соблечеме чорапите и ако има нафатено кончиња, од самата ткаенина нели испаѓаат, веднаш зема да ги чисти па после да ги гледа какви се, па ги врти па ги покажува... А курето почна во последно време да го фаќа, да го тегне, ама ние на шала на смеа ми ја тргаме раката



ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

хаха одамна почнавме со фаќање на тулот-[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] тука некаде после првиот роденден-знае кај му е што е и дека прави динг донг (мм е горд, сине како прави тулот? и Дамјан: дин дан [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] )- смешки.

инаку го фаќаме и пупакот, го вика пу...или по... па кога го цртаме чика глиша обавезно бара да му го ставиме и пупето[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

понекогаш кога е гол го дуе стомакот и го фаќа[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

мама го научила дека лицето треба да се мазни, па кога ќе му речам ај да миеме лице он вика ма...(скратено од мазаме-универзален збор за миење, мачкање и галење на лицето)

а тетка му стално вика дај да ти бубнам едно копанче ја дига ногата да му ја баци[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]







mother 29 -> RE: Сексуалноста кај децата или истражување на сопственото тело (2.3.2010 10:55:02)

jaс кај мојот приметив ерекција уште многу малечок,што нормално резултираше со воодушевување кај неговиот татко.инаку е свесен за курето,го фака и по инстинкт го влече(ех што не прави мајкат природа) и се кикоти!има желба кога е гол при пресоблекување да трча кај тато да го покаже курето...што знам, може поради фактот што мм ми знае нон стоп да го прашува што му прави курето,а јас не го доживувам толку возбудливо ккао тој!се уште е мал за чачкање и факање!мегутоа се секавам добро на сестра ми..таа лежеше на рамна подлога и мрдаше со нозете.го првеше нон-стоп тоа..најпрво пред сите, а потоа кога потпорасна се криеше...
така да мислам дека додека не разбират многу ке го прават на начин на кој тие си нашле задоволство пред сите,а после ке се кријат!што е и нормално нели?




niki -> RE: Сексуалноста кај децата или истражување на сопственото тело (2.3.2010 11:19:39)

Воодушевувањето на мажите со докажаната машкост на нивните синови од најмала возраст, мене некако ми е разбирлива, штознам... и се ми се чини дека кај нив е некако неможно да дојде до самоповредување...
А со девојчињава ме фаќа паника. Нели таму е невиноста што треба да се чува... не до брак, но на толку мала возраст.... Всушност и не верувам дека и кај девојчињата е возможно самоповредување, не би оделе толку мали толку далеку, но при самата помисла секогаш некој црв ме јаде.
Уф,уф патријаханото ми воспитување колку ми испливува на површина во некои ситуации. Просто самата себе не си се препознавам.




mami -> RE: Сексуалноста кај децата или истражување на сопственото тело (2.3.2010 11:23:55)

Ники еве нешто да ти кажам од лично искуство во врска со невиноста- имено мене не ми течеше крв по првиот однос и кога си го прашав гинекологот зошто е тоа така ми рече само дека е можно да сум го „пукнала„ сама некаде во рана возраст, особено ако сум била немирно дете(незгодно паѓање, удирање од шипката на велосипедот, ред ситуации ми наброја). не ми е баш сфатливо како е тоа можно но ете, тоа објаснување ми го даде




Mila na mama -> RE: Сексуалноста кај децата или истражување на сопственото тело (2.3.2010 11:27:36)

Јас имав еластичен химен. Воопшто не крварев при првиот ниту при билокој следен однос и до породувањето ми беше здрав ширењето при породувањето беше причина за кинење. Тоа ти се вика девица родила[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




mami -> RE: Сексуалноста кај децата или истражување на сопственото тело (2.3.2010 11:30:08)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]е не си ти тачна жими се...сигурно маж ти се фалел дека жена му е девица а?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Mila na mama -> RE: Сексуалноста кај децата или истражување на сопственото тело (2.3.2010 11:32:23)

Абе секој однос ни беше прв пат[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




mother 29 -> RE: Сексуалноста кај децата или истражување на сопственото тело (2.3.2010 11:33:49)

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Всушност и не верувам дека и кај девојчињата е возможно самоповредување, не би оделе толку мали толку далеку


по логика каде е хименот...мислам дека ова твоето држи место.а мислам дека чачкање и наогањето задоволство не е во одење толку длабоко,туку во пронаогање на клиторисот(конкретно кај девојчињата)....значи тоа би му дошло ккао површинско дразнење.
мислам немаш место за паника..има девојки што биле на вагинален преглед невини,па немале проблем со пукање на хименот при прегле.дот




profesorica -> RE: Сексуалноста кај децата или истражување на сопственото тело (2.3.2010 12:10:41)

леле муабетиве женииииии, до кај сте стигнале.инаку ете ја мила на мама ја пронашла темата знаев дека ја има отворено биг мама а јас сум го дала својот пост таму

еве пак ќе кажам, деновиве дамјан доживува ерекција, неможеш пелената да му ја ставиш а мм само го охрабрува и после се фали:кажи им тато вчера колкав ти беше к....?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




niki -> RE: Сексуалноста кај децата или истражување на сопственото тело (2.3.2010 14:26:48)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

Ники еве нешто да ти кажам од лично искуство во врска со невиноста- имено мене не ми течеше крв по првиот однос и кога си го прашав гинекологот зошто е тоа така ми рече само дека е можно да сум го „пукнала„ сама некаде во рана возраст, особено ако сум била немирно дете(незгодно паѓање, удирање од шипката на велосипедот, ред ситуации ми наброја). не ми е баш сфатливо како е тоа можно но ете, тоа објаснување ми го даде


Ама ме утешииииии

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

леле муабетиве женииииии, до кај сте стигнале.инаку ете ја мила на мама ја пронашла темата знаев дека ја има отворено биг мама а јас сум го дала својот пост таму

еве пак ќе кажам, деновиве дамјан доживува ерекција, неможеш пелената да му ја ставиш а мм само го охрабрува и после се фали:кажи им тато вчера колкав ти беше к....?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]



Јас мислам дека ништо не им фали на муабетите. Си зборуваме отворено.
А лесно ви е вам ерекцијата видлива, јасна ко бел ден и нормално ќе си се фалите.  Ние со женски што не сме ни на чисто дал се случува дал не, колку е безбедно и наивно или можеби сериозно.
Знам јас дека ништо тука неможам да променам или спречам, но мислите си се мисли и си постојат и никако не ми е сеедно.
А темата ја најде мис, ја  видов, прочитав, ок е, едноставно вчера или сум ја превидела или сум ја барала на погрешно место.




matushka -> RE: Сексуалноста кај децата или истражување на сопственото тело (2.3.2010 14:29:44)

Lele Mateja kolu se odushevuva na k.reto[sm=jezicek.gif]
Na sekoe menuvanje pelena si go negne nasite strani i si go gleda, se smee, mu se raduva[sm=jezicek.gif]
da ti e zal da go obleces[sm=smiley36.gif]




Aleksandra -> RE: Сексуалноста кај децата или истражување на сопственото тело (2.3.2010 21:59:40)

Niki vo vrska so muabetot za pipkanjeto na vozrast od 2-5 godini jas imav takvo iskustvo so Ana koga imase 3 godini. Mnogu se pipkase duri ja naogav kako lezi na stomak so racete staveni na dundeto i mrda i cela ziva voda ispotena. NOrmalno se ispaniciv i posle mnogu razgovori i so doktori, razni luge duri i psiholog mi rekoa deka toa e normalno na nejzina vozrast deka pocuvaat nekoj vid na hormoni da se stvaraat i deka ke pomina. I Ana mi kaza deka i drugi deca i maski i zenski vo gradinka koga si legnuvale taka pravele kako nea.
Posle mnogu zborenje deka ne e ubavo i deka moze da se povredi, prestana sama od sebe. Eve go Luka na nejzina vozrast(4 godini) go naogam kako se soblekol i raboti na veliko a kureto tvrdo kako kamen. E ako za Ana mi bilo nezgodno sega koga ke go vidam Luka se umiram od smeenje i go vikam mm da vidi sinot sto mu pravi a toj mm celiot raste kako kvasec i se gordee sto sin mu ke ima mnogu zenski i ke raboti na veliko[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] a pak mojot odgovor e samo ti sonuvaj nego majka mu ke go nauci kako da se odnesuva so devojkite...




AnnaMolly RR -> RE: Сексуалноста кај децата или истражување на сопственото тело (29.5.2011 19:29:26)

Филип еднаш додека седеше на нокшир си го виде курето и го фати го истегна како мастика! Јас од памет се извадив, а тој се смее и си игра. И сега кога седи на нокшир одма кај курето се фаќа! А кога е со пелена и ќе му текне ќе се погледне доле и фаќа, се чуди каде му е.




Страница: [1]