Ikana -> RE: Како деца игравме... (27.12.2012 10:24:09)
|
Јас моето детство го поминав во играње жмурка, народна, ластик, џамија, камај-камај, цигари (брканица), се менувавме со ливчиња, си игравме со барбики, а жмурката ја имавме усовршено до левел експерт...имено сите со облакавме во црно, носевме и црни капуљачи во сред лето...тоа беше спетакл[sm=smiley36.gif] Горда, џамија се игра на тој начин што учесниците се делат во 2 групи, на земја се црта еден квадрат, и во секое ќоше се става по една плочка (камен) како и во средината. Еден од секоја група ги брка другите со топка, и ако ги удри излегуваат од играта, додека поентата е да се наместат сите плочки една врз друга во средина на квадратот. Кој успее тоа да го направи е победник. Слободно нека ме исправи некој ако утнав некое правило за играње џамија, не се сеќавам веќе толку добро.[sm=smiley36.gif]
|
|
|
|