Majкл Џексон почина (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Во прегратка на тагата



Порака


mami -> Majкл Џексон почина (26.6.2009 8:10:04)


Кралот на поп музиката, Мајкл Џексон почина вечерва на 50 годишна возраст. Associated Press пренесува дека Џексон вчера бил примен во болница во Лос Анџелес откако претрпел срцев удар, а телевизиската станица CNN доцна вечерва објави информација дека кралот на поп музиката е мртов. Според информациите на познатата телевизија Џексон во билницата бил примен во кома и докторите сториле се за да го вратат во живот.

Брајан Охман, адвокатот на фамилијата Џексон, изјави дека му соопштил на братот на Мајкл, Ренди Џексон, дека вчера Мајкл колабирал во својот дом во западен Лос Анџелес. - Лекарите го прогласија Мајкл за мртов веднаш по доаѓаето во болницата. Тој беше примен во длабока кома, без пулс. И покрај реанимацијата неговиот пулс не беше вратен, изјавија од U.S.L.A Медицинскиот Центар.  




Боцко -> RE: Majкл Џексон почина (26.6.2009 8:59:46)

нека му е вечна слава и нека почива во мир.

знам дека околу него се вртеа многу приказни, но искрено се сомневам во нивната вистинитост. некој толку наивен, може само да биде жртва на медиуми и интереси. токму тие работи и придонесоа за неговата прерана смрт. можеше уште толку многу да даде во музиката.




Еца -> RE: Majкл Џексон почина (26.6.2009 9:04:02)

[image]http://www.criticallayouts.com/images/rsgallery/original/goodbye-face-gb.gif[/image]   Штета! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]  
Не сум го сакала претерано, но доста го слушав одамна, како и да е нговите песни одбележаа еден преиод од мојот живот.

нека му е вечна слава и нека почива во мир.





mami -> RE: Majкл Џексон почина (26.6.2009 9:04:50)

искрено му бевмногу лута и протестирав со неслушање на еговата музика некое време[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]ама после пак си се вратив на него..знаеше да пее човекот..а за сите приказни мислам дека не е се вистина...нека му е лесна земја




Еца -> RE: Majкл Џексон почина (26.6.2009 9:13:04)

Неговата харизма, настапите, непобедливиот „Thriller“, засекогаш ќе останат вечни.На 13 јули, во Лондон, требаше да одржи концерт, со кој го најавуваше своето враќање на музичката сцена.


"Мајкл Џексон беше еден од најголемите музички феномени на 20-от век. Ова лето требаше да ја започне својата повратничка турнеја.
Својата пребогата музичка кариера популарниот Џеко ја започна на 11 години, како член на семејниот бенд „Џексон 5“. За време на 40 години (почина на 50) тој направи кариера со 750 милиони албуми, меѓу кои и најпродаваниот на сите времиња „Трилер“.




mami -> RE: Majкл Џексон почина (26.6.2009 9:20:56)

"Пејачот наводно веќе не дишел кога докторите одговориле на повикот. Како што пренесуваат американските медиуми, Џексон на патот до болницата бил реанимиран. Не знаеле колку долго неговото срце не работело.

Пред болницата UCLA набрзо се собрале група негови обожаватели кои дошле да му дадат целосна подршка.

Член на неговата фамилија изјавил дека сите се под голем стрес и дека веднаш по лошата вест неговите браќа и родител се упатиле кон болницата.

Џексон инаку ги правел последните подготовки за неговата повратничка турнеја која требала да започне од Лондон.

Сите карти за 50 идни концерти биле продадени. Во последно време драстично ослабнал, а се зборувало дека боледува од рак на кожата. Сепак неговата причина за смртта е неговото срце.

Michael Joseph Jackson е роден во американската сојузна држава Индијана на 29-ти август 1958 година. Својата музичка кариера ја започнал уште како седум годишен пејач во групата The Jackson 5. Својот прв соло албум "Got to Be There" го снимил во 1971 година, а од бендот занимал осум години подоцна."






Anushka -> RE: Majкл Џексон почина (26.6.2009 17:16:33)

R.I.P.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley28.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley28.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley28.gif[/image] 
tvoite pesni se zivi!!!!




daniel -> RE: Majкл Џексон почина (17.9.2009 2:49:20)

TOJ BESE SVETOT




milijana -> RE: Majкл Џексон почина (9.10.2009 23:10:13)

ми се допаѓаа некои негови песни..жал ми е ..музиката загуби...




Страница: [1]