Еца -> Детето во нас (26.6.2009 9:29:46)
|
Чувствата и настаните од детството управуваат со нашиот живот на поголема возраст, тврдат научниците и советуваат дека е неопходно повремено да го "разбудите детето во себе".Разните стравови, негативните емоции, полесните облици на депресија, разочарувања... полесно се совладуваат ако го активираме делот од зачуваното детство. Таа енергија од минатото време, ја поттикнува животната радост и среќа, и дава нова сила. "Разбуденото дете" во зрелиот човек поволно влијае на неговото ментално здравје, го зголемува чувството на храброст, духовитост и оптимизам. Детската непосредност, спонтаност, безгрижност, љубопитност, како и безусловната љубов кон блиските се посебно вредни во секојдневната сурова реалност, особено во зрелите години. Па дури и ако сте имале несреќно детство, детето во вас ќе ги активира само позитивните чувства, кои можеби биле ретки, но сигурно биле силни и за момент ќе ве вратат во безгрижниот свет. Јас мислам дека никогаш нема да пораснам, дека цел живот ќе си останам дете.Затоа сме најдобри другарки со ќерка ми, ама нешто ми забушава во последно време.Да ме гледа некој одстрана како си играме со Мартина и како си правиме муабет[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]ќе си рече човек кој е тука навистина детето[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image]
|
|
|
|