Еца -> Да гласаме за нашите убавини! (26.6.2009 10:52:26)
|
До 7 јули е гласањето за Охридското Езеро и Пештерата Врело за финалисти за светски чуда Втората фаза во глобалната трка за избор на новите седум Светски чуда на природата, во која се натпреваруваат 261 природни атракции од цел свет, а меѓу нив и Охридското Езеро и Пештерата Врело кај Матка трае до 7 јули. Македонскиот комитет повикува во гласањето активно да се вклучат институциите и граѓаните од земјава заради висок пласман на нашите природни раритети. Интернет-порталот за директно гласање е www.new7wonders.com, а една електронска адреса носи еден глас. На 7 јули жирито, предводено од Федерико Мајор, поранешен претседател на УНЕСКО, ќе избере 21 финалист од првопласираните 77 кандидати. Процесот за избор во планетарни размери е долготраен, има неколку фази и ќе трае до 2011 година. Организатор на изборот е швајцарската невладина организација Нови светски чуда на светотт. Пред две години беа избрани и современите седум светски чуда направени од човекот - Кинескиот ѕид, Колосеумот, Таџ Махал, статуата Исус Христос, градот Петра, пирамидата Чичен Ица и загубениот град на Инките Мачу Пикчу.
|
|
|
|