|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Целијакија
13.8.2010 22:27:01   
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: angelko

Сега е малку полесно, имено ако е дијагностицирана целијакијата Фондот дел од прозводите ги признава како лек (друг познат лек не постои) т.е. рефундира 80% од цената на безглутенскиот производ. А како што ве известив пред некое време во Автокоманда веднаш до Комерцијална банка има специјализирана продавница за безглутенска диета во која може да најдете цела палета на производи (брашно, леб, тестенини, колачи, пецива, десерти и др)


Сани.с се надевам дека ова ќе ти помогне. Ако знае некој повеќе сигурно ќе пише наскоро.


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот angelko)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Целијакија
20.8.2010 23:13:07   
angelko
Prodavnicata se naogja vo naselbata Avtokomada

* телефон за контакт во пп


< Поракaта ја уредил Natuska85 -- 21.3.2011 16:50:09 >

(Одговор на членот sani.s)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Целијакија
21.3.2011 9:22:48   
Jaba
Zdravo Angelko

jas imam celijakija i sum skoro dijagnozirana. Ne ziveam vo Makedonija ama ke doagam naskoro na podolgo vreme. Dali imate celijacno drustvo kade sto moze da dojdam i da ve prasam za nekoj soveti vo vrska so bezglutenskata ishrana vo Makedonija?

Odnapred blagodaram
J

(Одговор на членот angelko)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Целијакија
29.3.2011 8:35:10   
angelko
Да има, ве молам да ме исконтактирате, здружението има список на лекови и намирници кој се испитани и се 100% сигурни без глутен, а може да се најдат во аптеките и продавниците во МК.

(Одговор на членот Jaba)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Целијакија
8.4.2011 11:42:25   
petra27
Moeto since ima 5 meseci i bidejki ne gi saka ovsnite kasicki zapocnav da mu davam od noknite koi se so mleko...zabelezav deka na edna od tie vo sostavot piduvase deka sodrzi gluten....e sea prasanjeto mi e,dali da mu davam od taa kasicka koja ja saka ili da ja odbegnuvam>?

(Одговор на членот angelko)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Целијакија
8.4.2011 11:48:11   
Палешка РР
Почекај до 6 месеци за производи кои содржат глутен петра, за секој случај.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот petra27)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Целијакија
8.4.2011 12:20:27   
zapce
Petra jas mislam deka dokolku si mu dala nekolku pati i ne pokazal alergica reakcija na glutenot deka mozes da prodolzis da mu davas. Mislam deka ako deteto e alergicno na gluten uste od prviot pat burno ke reagira. Sepak toa e moe mislenje nemora da znacu deka e taka.

_____________________________

Ако не сум за себе - кој ќе биде за мене?
Ако сум само за себе - што сум јас?
Ако не сега - кога?

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Целијакија
8.4.2011 12:28:35   
anedespo
ИЗВОРНА ПОРАКА: zapce

Petra jas mislam deka dokolku si mu dala nekolku pati i ne pokazal alergica reakcija na glutenot deka mozes da prodolzis da mu davas. Mislam deka ako deteto e alergicno na gluten uste od prviot pat burno ke reagira. Sepak toa e moe mislenje nemora da znacu deka e taka.

NE E TOCNO. Alergijata na glutenot ne znaci i burna reakcija. Mozno e da e prikrieno vo forma na cesti razboluvanja, povremeni prolivi, nenapreduvanje vo tezina.

(Одговор на членот zapce)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Целијакија
8.4.2011 14:43:00   
Bethany
Мојот брат уште како мало бебе имаше добиено целијаклија, лежеше во болница, лечеа га а не знаеа ни они од што. Излезе од болница во уште полоша состојба од колку што отиде. Страшно! Сите доктори, други луѓе, веќе беа дигнали раце од него. Тој само пролив, ништо не можеше да јаде, беше страшно, само очите што му одаваа знак на животот. И конечно, отиде во Белград во болница, таму го ставија на инфузии, цевчици разноразни, дијагностицира му болеста и можеше да јаде само од кукурузно брашно, проја и такви работи. Тој процес додека се откри болеста беше најмачен и долготрајен, али фала на Бога, помина. Мораше да биде на таква дијета некое време, не знам точно колку, ама сега ја нема таа болест повеќе. user posted image

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Целијакија
17.11.2011 16:56:09   
irenaaa
kako mozam da iskontaktiram so Здружение на граѓани со целијакија bidejki mojor sin e s celijakija i imame pogolemi poteskotii koga e vo prasanje upotrebata na lekarstva

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Целијакија
18.11.2011 8:25:17   
Felly RR
Добредојде на Рингераја, Иренааа.
Мислам дека тука најдобро ќе може да те упати нашиот член ангелко - кој е претседател на Здружението - како што има пишано во постовите погоре.
Сигурна сум дека штом прочита, веднаш ќе ти даде информации.


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот irenaaa)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Целијакија
20.11.2011 7:52:10   
Мамичка
Каде можам да купам поголемо количество на безглутенско брашно  за леб, не од 500 грама како што се наогаат од    Wertz     (4 видa на жита)кое е 500 гр 290 ден. ?????Во Автокоманда продавницата нема ништо а и често е затворена.user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Целијакија
22.11.2011 16:19:19   
angelko
Vo prodavnicata vo avtokomanda moze da se sluci da nema brasno najdolgo 2-3 dena, a rabotnoto vreme e dvokratno od 09-00h do 12-00h, a popladne od 15-00h do 20-00h.user posted image  

(Одговор на членот Мамичка)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Целијакија
22.11.2011 16:25:53   
angelko
A ima i siroka paleta na 30 razlicni bezglutenski proizvodi, blagi, soleni kolacinja, gricki i 3 tipa na bezglutensko brasno.user posted image user posted image user posted image  

(Одговор на членот Мамичка)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Целијакија
29.11.2011 23:34:10   
angelko

ИЗВОРНА ПОРАКА: Мамичка

Каде можам да купам поголемо количество на безглутенско брашно  за леб, не од 500 грама како што се наогаат од    Wertz     (4 видa на жита)кое е 500 гр 290 ден. ?????Во Автокоманда продавницата нема ништо а и често е затворена.user posted image


Jas dlaboko se izvinuvam za kritikite sto kje gi iskazam vo ponatamosniot text no imam potreba da go da spodelam so nekogo i se nadevam deka kje naidam na razbiranje !!!!!

Imeno sekogas kolku i da se trudis da napravis nesto dobro za lugjeto poznati i nepoznati,....barem ocekuvas edno Blagodaram nisto povekje. Gospogjata koja ja citiram prvo nema opsto razbiranje so sto sekojdnevno se srekjavaat pacientite i nivnite roditeli (nezavisno dali se raboti za celijakija, autizam, asperg, ili nekoj drug problem) Bara nesto za koe voopsto ne znae zosto se upotrebuva (hranata bez gluten) a sto e najloso od se kritikuva, omalovazuva,....veli deka "nema nisto" a imeno e edinstvena prodavnica vo MK. specijalizirana za posebni potrebi vo ishranata koja vo momentov ima nad 30 razlicni proizvodi koj vo svojot sostav ne sodrzat alergeni i vo sekoe vreme moze da ponudi produkti i informacii koj na pacientot (roditelot) vo momentot mu se neophodni i ako nisto povekje barem da mu go olesni zivotot !!!

(Одговор на членот Мамичка)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Целијакија
28.12.2011 13:54:30   
srnicka 2
Мојата ќерка која има 2 години боледува од целијакија и сега се уште не ми е јасно во врска со млекото и млечните производи што смеам да и давам а што не. Ве молам ако има некој искусто да ми помогне во врска со исхраната односно што е навистина сигурно и што смеам да и давам од овие производи?

(Одговор на членот angelko)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Целијакија
3.2.2012 17:54:52   
MERUSHKA
Каде може да се испита,дали некоје алергичен на глутен!?

_____________________________

B.B.B.

(Одговор на членот angelko)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Целијакија
22.2.2012 0:13:43   
angelko
I predhodno imav pisuvano na ovaa tema,... ispituvanjeto na TGA-antitela koj se javuvaat "blagodarenie" na glutenot nabrzo i najbezbolno se vrsi na Klinikata za detski bolesti vo Skopje, ima brz test koj e siguren pokazatel na reakcijata na gluten vo organizmot,testot e gotov za samo 5min.

(Одговор на членот MERUSHKA)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Целијакија
6.6.2012 10:10:45   
Мицеки
Beyglutensko brashno moyete da najdete vo aptekite na Makedonija Lek ili da se obratite vo firma "Dameks" Skopje s.Vizbegovo kade shto i go proizveduvat. Nie familiarno go koristime poradi problemi so godini, a tie sto go imaat problemot znaat sto znaci deka toa shto mozesh da go jades se broi na prsti, pa ova brashno ni e spas. Vo samoto pakuvanja ima i nekoi recepti za domashni lepcinja,kiflicki i kolaci. <3 pozz

(Одговор на членот angelko)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Целијакија
5.9.2012 21:20:45   
MirjanaS
Beyglutensko brashno moyete da najdete vo aptekite na Makedonija Lek ili da se obratite vo firma "Dameks" Skopje s.Vizbegovo kade shto i go proizveduvat. Nie familiarno go koristime poradi problemi so godini, a tie sto go imaat problemot znaat sto znaci deka toa shto mozesh da go jades se broi na prsti, pa ova brashno ni e spas. Vo samoto pakuvanja ima i nekoi recepti za domashni lepcinja,kiflicki i kolaci. <3 pozz


Go koristam brasnoto na Dameks vekje 4 meseci. Na pocetok bese mnogu uspesno no vo posledno vreme ne mi uspeva prigotvuvanjeto na lebot a posebno na pogacata so pcenkarno brasno, go pecam saat vreme a od rernata go vadam kako da ne e ispeceno. Ako nekoj ima slicno iskustvo neka mi odgovori zosto ne znam vo sto e problemot.

(Одговор на членот Мицеки)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Целијакија
29.10.2012 9:29:30   
sikicka
Nova sum na ovaj forum.Imam celijakija dijagnosticiana na godina i tri mesecna vozdrast bev pod stroga dieta nekade do 7 oddelenie mislejki deka mi e podobro pcnav so vnesuvanje na zitarica nemav nikakva reakcija se do pred dva meseci..Sega imam 22-skiro 23 godini. Mi se javija istite simtomi povrakanje prolivi za dva meseci simnav na kilaza 7kg.Pojdov vo Skipje na klinikata vo Gastro mi zakazaa biopsija i navistina celijakijata se pojavila povtorno kaj mene.Doktorot mi rece deka dokolku i e diagnosticirana celijakijati NE SMEES DA PREKINIS SO BEZGLTENSKATA DITETA,TAA E DOZIVOTNA DIETA GRESKA SI NAPRAVILA STO SI JA PREKINALA....Sega ko koristam bezglutenskoto berasno EKSONIJA i mi e podobro user posted image user posted image user posted image
Citav na forumov za prodavnicata vo Avto Komanda dali mozi da mi se prakaat proizvodi (testenini i kolaci) po posta,zosto kaj nas vo prilep gi nema, a brasnoto go zemam od apteka Vita..
Vi Blagodaram ako mozete da me izvestite vo vrska za prodavnicata
Potrebana mi e premnogu

< Поракaта ја уредил sikicka -- 29.10.2012 9:30:19 >

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Целијакија
7.12.2012 21:40:56   
angelko
Според најновите истражувања, една од 100 личности има целијакија, се смета дека на 10 до 12 оболени само еден е дијагностициран.
Целијакијата (глутенска ентеропатија) е една од најчестите болести на цревата. Тоа е автоимуна болест при која после подолго или пократко конзумирање на глутен на луѓето кој не го поднесуваат доаѓа до оштетување на слузокoжата на тенкото црево. Организмот тогаш произведува антитела кој го напаѓаат самиот организам и ако не се лечи може да дојде до тешки болести и состојби – малигни тумори, анемија, остеопороза, болести на крвните садови, висок крвен притисок, дијабет, неплодност, низок раст,.......
Сто лица на болеста
Пред повеќе години се сметало дека целијакијата е детска болест која со текот на времето исчезнува, па заболените деца при крајот на развитокот се симнувале од диетата, се мислело дека кај возрасните ја нема. Но денес се знае дека тоа е доживотна состојба, воглавно присутна од самото раѓање, со различни симптоми, но долго време и без видливи симптоми, дури кај некој личности со генетски предиспозиции целијакијата не мора да се развие.
Голем проблем е што целијакијата иа многу различни симптоми и не постојат две личности со исти показатели на болеста, која може да се развие на секој органски состав. Поради толку различни симптоми, кои во голем број не се поврзани со гастроентериналниот трахт, лекарите и после повеќе годишно лекување на некоја тегоба не се сомневаат на целијакија. Освен тоа ни дијагнозата не е лесно да се постави. Постојат крвни тестови но не се секогаш сигурни, позитивниот резултат дава оправдано сомневање целијакија, но и негативниот не ја исклучува. Само со биопсија на слузницата на тенкото црево се поставува точна дијагноза.

Храната без глутен е единствен лек
Не постои лек за целијакијата. Единствена терапија е безглутенската диета која мора да биде ригорозна (глутенот во исхраната не треба да го има ни во трагови) и доживотна. Диетата не смее да се прекинува, бидејќи секој прекин доведува до понатамошно оштетување на слузницата на цревата и до опасност од развој на бројни тешки заболувања.
-Безглутенската здравствена диетална терапија не ни малку едноставна. По поставување на дијагнозата од корен се менува исхраната и целот начин на живот. Секоја особа со дијагностицирана целијакија би требало да се јави во “ Здружението на граѓани со целијакија ”, каде може да добие прави и прецизни совети за набавка и чување на безглутенските продукти, за приготвување на храната, за тоа што смее а што не смее да конзумира,.... Тоа не може да му го каже ни доктор ниту нутриционист. Лекарот би требало секој нов дијагностициран пациент со целијакија да го упати во Здружението, но најчесто тоа не се случува.
Но ако кај некоја личност се јави сомневање дека има целијакија, никако несмее да ја менува исхраната на своја рака, ако почне со безглутенската диета пред поставување на дијагнозата, може да го попречи правилното дијагносицирање или да ја замаскира клиничката слика на болеста ( или некоја слична на неа).
Контаминација со глутен
Заболените со целијакија постојано треба да се едуцираат при што поддршката од семејството и Здружението се ислучително важни. Ако сакаме ригорозна диета мора да се пази на многу детали па и на тоа каде се купува храната без глутен. Имено ако продутите без гутен стојат или се транспортираат со храна која содржи глутен може да дојде до контаминација дури и преку амбалажата, така стануваат опасни исто како и храната со глутен.
-Со посебни тестови во Зружението направивме тест: со обично и брашно без глутен, ги оставивме едно покрај друго десет дена, мерењето покажа дека безглутенското брашно е контаминитано со глутен.
Луѓето со целијакија мора детално да ја проучат декларацијата на производите иако тие секогаш не се прецизни. Во Здружението можат да добијат прецизни информации за тоа кои производи и од кои производители се достапни на пазарот и сигурно не содржат глутен.
Брашното на рецепт
Животот на луѓето со целијакија им го олеснува тоа што Фондот за здравство одобрува одредена количина на брашно. Во зависност од возраста на пациентот по препорака на специјалист (гастроенеролог) може да се добие дволна количина на брашно за нормално фунционирање.
Многу заболени свесно или несвесно ја занемаруваат безглутенската исхрана, искушенијата за престанување со диетата се чести, посебно ако по конзумирање на глутен не се приметуваат здравствени влошувања. Недисциплината е многу честа кај тинејџерите кој патат поради тоа што се разликуваат од својте врсници. Но секогаш треба да се има на ум: многу симптоми на различни болести долготрајно можат да бидат скриени, а конзумирањето на глутен само може да го зголеми ризикот за развој на многу тешки болести.
Типични и нетипични симптоми
Типични симптоми на целијакијата се: долготраен пролив со обилни, масни и столици со тежок мирис, недостаток на апетит, мачнини и поткожно масно ткиво, метеоризам(надуеност на стомакот), слабост на мускулите, губење на расположението. Кај децата рацете и нозете се потенки а стомакот испакнат(надуен)- ваква типична слика се јавува неколку месеци по внесување на глутенот во исхраната на детето.
Чети нетипични симптоми се анемија, низок раст, одложен пубертет, болки во стомакот, запек, неплодност, закаснета менструација, невролошки и психички пореметувања, остеопороза, меурчиња на кожата,... можно е симптоми долго воопшто да нема или се многу благи па не се приметуваат, но сепак да дојде до оштетување на цревната слузница.
Присутност на глутенот
Глутенот е протеин на житарките: пченицата, јачменот, р‘жта. Пченката природно не содржи глутен, но при одгледувањето и преработката често доаѓа до контаминација, па се избегнува во исхраната кај луѓето со целијакија.
Глутенот е добар носител на додатоци во исхраната (боја, заилувачи на вкус итн.), па се става во бројна индустриска храна, лекови, козметички производи.
Освен очекувно во лебот, пекарските производи, тестенините, бисквитите,...глутенот е присутен во сувомеснатите производи, сенфот, кечапот, инстант супите, готовите јадења, слаткарски производи,....
Присутен е и во бројни козметички препарати, вистина во трагови но за преосетливите луѓе и тоа може да биде опасно. На пазарот постои козметика без глутен, што е посебно важно за производите кои може да се проголтаат како што се пастите за заби, кармини, шампони.
Знакот на прецртан клас на пченица
Диетските производи т.е. безглутенските намирници кој се замена за оние од обично брашно (безглутенското брашно, лебови, тестенини, бисквити, двопек, корнфлекс,.) произведени се од состојки кои природно не содржат глутен или истиот е екстрахиран. Мора да бидат означени со знакот прцртан клас на пченица, што е осигурување дека производот не содржи глутен во недозволени количини и поминал строги лабараториски конроли во сите сегменти од одгледување до готов производ. На нашиот пазар за жал може да се сретнат производи на кои во деклацијата стои дека се без глутен, но при процесот на производство можело да дојде до контаминација.

(Одговор на членот sikicka)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Целијакија
28.1.2013 20:38:07   
baby77
Dragi moi RR ..
I nie se soocivme so istiot problem pa zatoa se potrudiv da napravam strana na Facebook - Alergija na gluten.Vi ja pruzam seta moja pomos i znaenje a gi ocekuvam i vasite iskustva i sogleduvanja za da si pomogneme edni na drugi.Se nadevam i g-din Angelko naskoro ke uspeam da go dobijam za uste pogolema pomos i poddrska .Like-uvajte ja stranicata i ke mozete sekojdnevno da se druzime user posted image user posted image user posted image
https://www.facebook.com/AlergijaNaGluten

_____________________________

14 godini brak , jas 36 , mm 40 godini
IUI - 3
21 noemvri 2013
prvo IVF (ICSI) , (neuspesno)
5 nesupesni prirodni bremenosti
najdolga bremenost 5 meseci
terapija za ivf cexane, crinone gel 0,8 , aspirin , estrofem i vitamini
dostinex

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Целијакија
6.2.2013 14:07:08   
mami2
Да се пријавиме, некој ден пред 5тиот роденден на Н. ни дијагностицираа целијакија.
Во процесот на медицински анализи што траеше скоро три месеци потајно се надевав дека нема да се открие оваа болест, но и посакував да се пронајде причинителот зошто детето почна да отстапува во растењето. Среќа што педијатарот пулмолог од Детска што го следи се посомнева па не препрати на испитувања.
И така еве трет месец сме на безглутенска исхрана.
Морам да признаам дека во перидот додека траеа анализите и почетокот на исхраната јас бев срозана. Се помирив со фактот што нели детето има болест/состојба која за среќа се лекува со храна но се уште ме мачат другите аспекти.
Кога замислувам колку ќе се чувствува поразличен на сите родендени, гости, во друштво...уште не можам да го надминам. Социјалниот аспект особено во пубертет кога децата одат на хамбургер, пица... ми создава тескоба. Досега се обидувам да не го исклучувам од дружбите, па во игротеките си носиме чипс и торта од дома.
Безглутенската храна ја купуваме во специјализираната продавница, асортиманот е ОК.
Инаку мене како родител ми беше многу тешко што во МК нема активности со кои би се олеснил почетокот, Здружението не е активно на ова поле. Ми фалат едукации, официјални списоци со контролирани продукти, дружби на родители, но нема ништо.
Спас ми беа сајтовите на здруженијата во соседството, се приклучив на неколку групи каде се споделуваат информации, бидејќи дел од продуктите ги има на нашиот пазар. Се изначитав со цел да му олеснам на моето дете да не се чувствува изолирано и посебно поради храната.
Морам да го пофалам синот како ја поднесе промената, па јас кога сум на диета не успевам да одолеам,  тој не сум видела да прекрши. Го фаќаат понекогаш кризи ама толку е разбран, се гордеам со него. Ми го крши срцето само кога ќе праша дали смее нешто и ако одговорот е не ќе си рече „ај кога нема да бидам алергичен ќе јадам тогаш„
а целијакијата е доживотна....

(Одговор на членот baby77)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Целијакија
6.2.2013 14:15:04   
AnnaMolly RR
Леле мами2! Баш ми е жал што се соочувате со ова! Не знам како да ти помогнам или да те утешам, се замислувам јас на твое место и сигурна сум дека ти е многу тешко. А кога прочитав што ти рекол „ќе јадам кога нема да бидам алергичен“ е солзи ми дојдоа!
Малечок е да разбере што се случува, ама барем не е нешто посериозно... user posted image

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот mami2)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?