|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  12 13 [14] 15 16   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Одвикнување од пелени
10.10.2011 10:47:36   
Felly RR
Добар знак е штом почнала да кажува. Одвикнувањето од пелени е период, не може да се случи за 1 недела, ама штом почнала да кажува на добар пат сте за одвикнување.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 326
   RE: Одвикнување од пелени
10.10.2011 23:10:55   
MamaOhrid
Ние се одвикнавме од пелени на 23 месеци. Кога му тргнав пелените тоа беше наеднаш и за дење и за ноќе. Се одвикнавме за десетина дена. Бевме на одмор Грција па таму ми ги тргнав, и кога се вративме дома понекогаш забораваше и му се испушташе, ама се на се мислам дека добро поминавме. Одвикнувањето не е воопшто едноставен процес. На моменти мислев дека ќе полудам. Тамам што ќе речев се одучи и 3 дена ништо не ќе направеше, четвртиот ден ќе се помочаше во него. Сега сме месец и пол без пелени и понекогаш (еднаш на 10 дена) ќе се измочка во него. Можеби негативно во целава работа е тоа што му го намалив млекото, ако вечера кон 8.00 не му давам потоа млеко, а ако јаде кон 7.30 пие млеко најдоцна до 8.30. А за какање досега не згрешил. Кажува - мама кака- и одиме на шоља и се кака.
Драги мамички, само напред во одвикнувањето од пелени. Ако не се откажете во моментите кога мислите дека ќе полудите, тогаш сигурно ќе се одвикне. Само трпение.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 327
   RE: Одвикнување од пелени
10.10.2011 23:34:21   
Maca25
Мамички, само полека и со големо трпение и внимание кон детето кога ги адите пелените. Нема карање, викање зошто се помочкало. Може да трае и 2 и 3 месеци додека не се привикне дека не трба да си пушти кога ќе и/му се мочка.
Ние за среќа супер поминавме, дури не се ни сеќавам како беше кога имаше пелени.
Ме зачуди нина, болна е, има стомачен вирус со пролив и секој пат кажува и трча во купатило, набрзиниски се соблака и седнува. Не можам да поверувам дека ми порасна бебето мое. user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил Maca RR -- 10.10.2011 23:35:20 >


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот MamaOhrid)
Непосредна врска до пораките: 328
   RE: Одвикнување од пелени
11.10.2011 0:36:49   
gemi
Nie samo sto pocnavme da ideme na dobar pat kon odviknuvanje od peleni i pocnav i da go stavam po doma po gakicki, preku den no samo posle gradinka i nikogas ne mi se pokakal, mu se slucuvalo samo da mi se izmocka, odednas neznam sto se sluci so detevo, povtorno pocna da se kaka vo peleni, i uporno da ne laze. Koga ke go prasame Andrej ima li kake, ti se kaka li da te stavam vo noksirce. On ke mi negira uporno "neeeeee mama nema kake" a koga da go proveram on poln do gusa i zabelezav deka razgovorot so nego go ima svateno obratno od toa sto ni bila celta i kako da pocna da mi pruza otpor, pa zatoa si rekov ajde malku da oladam i da go pustam da se stabilizira. samo se plasam do koga toa ke tera taka. Neznam dali da go ostavam zimava pa da pocnam od mart mesec povtorno, No togas ke napravi 2 god i 8 meseci.

No sepak edno svativ deka sekoe dete e individualno i nama nikakvi pravila. Se zavisi od deteto, no ako mnogu gi silime znaat i da dadat obraten efekt kako sto e vo mojov slucaj. Se nadevam deka nekogas naskoro ke imame pozitiven efekt, no toa mi izgleda nekako kako cela vecnost.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 329
   RE: Одвикнување од пелени
1.11.2011 9:23:55   
Felly RR
Ние со градинкава имаме проблем.user posted image Првата недела кога одеше ич не згреши, без проблем си мочкаше/какаше на нокшир, а сега кога два кога три пати измочкана/искакана. Навистина не знам што е проблемот. Дома беше 2 недели (дека кашлаше), и за тие две недели 2 пати само и се случи да згреши, а во градинка за еден ден перам алишта колку дома за цела недела.user posted image  Вчера и кажав на воспитачката да и обрнат малку повеќе внимание, зошто дома тоа не се случува, а таа ми предложи да и ставаат памперс за спиење - што апсолутно не мислам да го правам. Кога веќе 4 месеци е без памперс за спиење, и дома не згрешава, мислам нема потреба назад да го враќаме детево.
Ај, денес, ќе видиме како ќе помине, а вие ако имате некои предлози како да го решиме ова- кажувајте!


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот gemi)
Непосредна врска до пораките: 330
   RE: Одвикнување од пелени
1.11.2011 21:20:23   
bubica78
Prv pat pisuvam pa se nadevam deka ke bide ok.Moeto detence ima 14meseci i koga ke go vidi nokksirceto bega od nego ama koga idam ja vo wc ona ide po mene i me tera da ja krenam vo race da mi sedi vo skut,se mislam da zemam poseben del za skolkata za nea pa da probam na toa da ja stavam za da se odviknuvame od peleni,a ja gledam edvaj ceka da i go simnam pampersot i bega ne dava da i stavam drug

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 331
   RE: Одвикнување од пелени
2.11.2011 9:36:36   
Felly RR
Bubica78, најпрво добредојде на Рингераја!user posted image Ти посакувам пријатна дружба! Еве тука можеш да ни се претставиш.
А за одвикнување од пелени, може да пробаш со таков додаток што се става на WC школката, штом сака така да си седи. Пробувајте, иако има време, за девојче отприлика може да се почне со одвикнување на 18 месеци. Но ако детето е спремно уште сега, тогаш супер! Ви посакувам многу успех во одвикнувањето, и секако потребно е многу трпение.


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот bubica78)
Непосредна врска до пораките: 332
   RE: Одвикнување од пелени
11.11.2011 21:29:50   
Felly RR
Еве една информација за оние кои се во процес на одвинкување и им треба заштита на креветчето за спиење. Јас до сега на креветчето ставав едни како чаршавчиња памучни што упиваат, од зегин 10 парчиња за 300 денари, ама сега најдов исти дека има и од Кан бебе 12 за 150 денари. Многу поефтини а истата работа ја бркаат. Ќе си ги користиме овие сега. Јас за навечер и ставам пелени, мислев ќе се одвикнуваме и за навечер, ама сега дека ладно времево и не ми се остава така, да не се измочка па да и достуди.


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 333
   RE: Одвикнување од пелени
13.11.2011 8:26:49   
kremco
Nikako ne napisav na ovaa temauser posted image
se odviknavme mnogu lesno iskreno za samo 3 dena blagodarenie na vasite sovetiuser posted image user posted image odma pocna da kazuva tretata vecer za mockanje i posle nekoe vreme za kakanje,bev mnogu uporna prvite 2 dena visev nad noksirce ama se isplati na 2 god i eden mesec mnogu ubavo se odvikna,retko koga kje se pomocase.Za 4 meseci isfrlivme peleni i na spienje i bese super se dodeka ne pocna odednas za edno 4 meseci od ubavo naviknato dete samo da gubi kontrola na mockata i preku den kje si propustese vo gakji i stalno se  moca toa go drzi uste ednostavno dali go mrzi da odi vo wc deka e sega ponaoblecen stalno se pomocuva onaka iz cista mira sedime i gledam izmocan e,a voopsto ne sum gruba nit go karam ni nisto pa pocnav da se zagrizuvam,na spienje vrativme pampers i se nerviram sekogas e poln,dali moze od nastinka ili sto??IMAL LI NEKOJ VAKOV PROBLEM?

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 334
   RE: Одвикнување од пелени
14.11.2011 9:11:21   
Felly RR
Кремчо, само да те утешам и кај нас се случува истото. Некогаш ќе испие премногу течности, 300 мл во пола саат, некогаш пак ќе се заигра и се заборава, ама јас тоа го третирам како нормално, сфатив дека иако некогаш поминуваат 2 недели без никаква грешка, грешки ќе се случуваат и понатаму. Некогаш мислам дека проблем е и градинката, зошто кога почна да оди, тогаш почна повеќе да се измочкува в гаќи, дури и кога е во градинка може тоа да и се случи 2 пати во денот, за разлика од кога е дома - се случува многу поретко.
Да не се случила и кај вас некоја таква промена - нова средина или нешто слично?


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот kremco)
Непосредна врска до пораките: 335
   RE: Одвикнување од пелени
14.11.2011 11:13:04   
kremco
Ne bi rekla ama da znaes deka ima sansi,preseluvanje vo nova kukja,ama toj pred 4 meseci bese tocen kako saat nebi mu se slucila nikakva greska ni slucajno a sega pocna i da se pokakuva vo gakji jas bi rekla ednostavno go mrzi da stane do wc da se soblece sega nosi bodi zivricki pa moze zatoa,a letovo bese 2 god i mesec il dva pa bese precizen ama togas samo sobleci gakjicki ili sorc i mokri kaj kje stigne,nadvor bese pretezno.
Nie ne odime vo gradinka,nemase mesto ne ne primija 10 deca se odbieni,zdravje boze dogodina..

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 336
   RE: Одвикнување од пелени
14.11.2011 20:58:21   
Snowhite RR
Е јас на оваа тема не знам веќе што да пишам, одамна кажува кога му се кака, а сега почна и за мочкање да кажува а ништо живо не сака да седи на нокшир или шоља. Стварно не знам што да правам, еве во овие недела дена неколку пати се случило да ми каже мота, кога му го менувам памперсот обично и ајде му велам на нокшир сакаш, и додека се свртам тој веќе се моча. Дајте ми некој совет, не знам дали има шанси сега да го одвикнам зимава со оглед на тоа што кажува или да чекам до пролет

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот kremco)
Непосредна врска до пораките: 337
   RE: Одвикнување од пелени
15.11.2011 9:24:39   
Felly RR
Да беше лето, да беше времето топло, јас ќе те советував да му го извадиш памперсот, и така најлесно ќе почнеше да седнува на нокшир. Ама сега е ладно и затоа ова не ти го препорачувам сегаuser posted image
Не знам, пробај со зборување, кажи му дека е голем сега и треба да седнува на нокширче, а не да мочка во пелени.  Седни го на нокшир, земи некоја сликовница, и гледајте ја, занимавај го за да седи, и ако има успех, многу пофалби.


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 338
   RE: Одвикнување од пелени
27.12.2011 19:39:06   
suze^
mojata kerkicka pocna da mocka vo noksirce no pak si bara pampers hahha pa sto ce bide ponatamu neznam ufff veke mi se smaci. user posted image
pa neznam sto da pravam probavme na sekakov nacin duri i jas samata sednav nad noksirceto no dzabe ne vredi pa ke istrazuvame uste

_____________________________

imam samo edna cerkicka hahaha

(Одговор на членот lide78)
Непосредна врска до пораките: 339
   RE: Одвикнување од пелени
27.12.2011 22:33:33   
mamamoni
Веќе неколку дена Софија сама кажува дека и се кака, инаку на нокшир седи од 9 месеци, носи памперс но за какање јас ја седнував штом ќе ја сетев а еве сега ми вика мама кака. Има 14 месеци и на пролет со ова темпо се надевам и за мочкање ќе кажува user posted image за срцката мамина

_____________________________

Daughters are another version of yourself, but only better !

(Одговор на членот suze^)
Непосредна врска до пораките: 340
   RE: Одвикнување од пелени
28.12.2011 8:37:23   
Felly RR
user posted image user posted image user posted image за Софија! Точно кога ќе се стопли ќе ги извадите пелените скроз.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот mamamoni)
Непосредна врска до пораките: 341
   RE: Одвикнување од пелени
11.1.2012 19:37:21   
Џесика
Патев за моментот кога конечно ќе се приклучам во темава и бидна... Пред 3 дена Борјан сам кажа „какан си“ па го седнав на нокшир и ко по обичај се бунеше, и одма го седнав на шоља... се искака конечно! После тоа цел ден на секои 15 мин го прашував дали му се мочка, ама вчера цел ден се мочкаше во гаќи. Устата ми се здрви од зборување, ама еве денес сум ептен изненадена, детето почна да реагира и за мочкање, денес цел ден не се измочка во гаќички, само за спиење ставивме пелена... немате појма колку сум пресреќна, со оглед на тоа што пред месец-два почна да зборува колку-толку... му требаше време мајку му user posted image Битен момент беше интересот да пушта вода откога ќе „заврши работа“... отидоа неколку тони вода ама... нужно зло user posted image
Сега можам да кажам само ова - не е битно да е лето, битно е детето само да е спремно user posted image

< Поракaта ја уредил Џесика РР -- 11.1.2012 19:40:30 >


_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 342
   RE: Одвикнување од пелени
11.1.2012 21:05:34   
Snowhite RR
user posted image за Борјан

М вчера ми рече мамо сакам какам нокширо и јас го донесов, арно ама, пред некој ден другарка ми беше дојдена и малата нејзина го користеше и така го оставиле неизмиен (а пошто е со капак, јас не го видов) и се вратив да го измијам и во меѓувреме тој си заврши работа в памперс.

Многу се нервирам зошто се разбира, знае, а за ова не сака да кажува


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 343
   RE: Одвикнување од пелени
12.1.2012 14:13:42   
dostickage
ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР

Патев за моментот кога конечно ќе се приклучам во темава и бидна... Пред 3 дена Борјан сам кажа „какан си“ па го седнав на нокшир и ко по обичај се бунеше, и одма го седнав на шоља... се искака конечно! После тоа цел ден на секои 15 мин го прашував дали му се мочка, ама вчера цел ден се мочкаше во гаќи. Устата ми се здрви од зборување, ама еве денес сум ептен изненадена, детето почна да реагира и за мочкање, денес цел ден не се измочка во гаќички, само за спиење ставивме пелена... немате појма колку сум пресреќна, со оглед на тоа што пред месец-два почна да зборува колку-толку... му требаше време мајку му user posted image Битен момент беше интересот да пушта вода откога ќе „заврши работа“... отидоа неколку тони вода ама... нужно зло user posted image
Сега можам да кажам само ова - не е битно да е лето, битно е детето само да е спремно user posted image


Yes of course.Bravo za Borjanuser posted image

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 344
   RE: Одвикнување од пелени
12.1.2012 23:05:08   
Џесика
Ај сеа еден совет ми треба. Што не кажува- не кажува, јас го носам, го седнувам да мочка... арно ама, попладнево го седнувам на шоља на секои 15 минути и сите седнувања мочкаше, неколку пати му се испушти и во гаќички, ама ме чуди како на секое седнување он има што да мочка??? И кога го оставам да се измочка, нешто не се буни дека е мокар, сам никако не ми кажува. Се плашам дека ќе се навикне да го нудам јас, а не сам да побара...

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 345
   RE: Одвикнување од пелени
13.1.2012 0:17:52   
Felly RR
Истото се случуваше и кај нас Џесика. И јас истото го помислив, да не се навикне друг да и води сметка за мочкање, а не сама да мисли, и затоа почнав да не ја носам на нокширче (барем не толку често) и чекав и сама да каже, а понекогаш и се измочкуваше дури да каже. Не носи го толку често, ако пие многу течности, тогаш да, ама пак барем на пола саат. А ако не пиел многу, тогаш и 2 саати може да издржи. И види да не има некој знак  да го сетиш кога ќе му се мочка, за да не носиш нон стоп. Матеа на пример, и да не ми кажеше, ќе ја видев дека се стега со ножињата, и почнуваше да се фаќа со рачето, и тогаш ја носев на нокшир.


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 346
   RE: Одвикнување од пелени
13.1.2012 10:36:11   
Lokica1
Letoto imavme neuspesen obid za odviknuvanje od peleni..nebese spremna. Sega e definitivno spremna zosot sama bara da mocka vo tute i duri gi tegne trenerkite nadolu i mi vika soblecime da kakam vo tute. Ja soblakam sedi 2-3 minuti i veli gotovo e ..a nema nisto.. Strav mi e da ja ostavam samo na gakicki bidejki e ladno..pa se velam da se stopli malku pa ke se ucime... neznam dali gresam... eve na primer vcera mi vika mamo sakam da kakam vo tute..a jas ne i poveruvav..zastanala i si gi simnuva pantalonite i holohopkite.....jas varev kafe i ja ostaviv..koga gledam posle 2-3 minuti navistina se iskakala vo pampersot. Mnogu se mislam dali da pocneme so odviknuvanje, doma e toplo se greeme na drva...ve molam za sovet sto da pravam dali da pocekam ili da pocneme so odviknuvanjeto..ima 2god i 3meseci.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 347
   RE: Одвикнување од пелени
13.1.2012 10:47:55   
mama toci
Uf,i jas go imam istiot problem.Mojata e 2 godini 1 mesec,znam deka e spremna. Da sum doma za 5-6 dena mislam ke ja naucam....Vaka,strav mi e zenava sto mi ja cuva da ne mi ja nastine,pred 2 meseca lezevme vo Kozle i odtogas uplav imam,a od druga strana golema e,ednas da mocka ja polni pelenata,nautro se budi utop....Ne znam sto da pravam

(Одговор на членот Lokica1)
Непосредна врска до пораките: 348
   RE: Одвикнување од пелени
13.1.2012 11:07:29   
Kori
Jas pisuvav porano na forumov, koga se odviknuvavme sega veke 8 meseci sme bez peleni i eve vi edna korisna informacija: Nekolku dena pominaa vo gakicki, ama nisto slabo ni odese, ako ja stavam ili nisto ili 2-3 kapki, a sama da kaze nikako.  Edna vecer ni dojdoa gosti so 2 decinja i ona odese celo vreme so niv vo WC, da ne propusti nesto, i taka vide svati i sakase da se dokaze deka i ona e golema mocka vo solja i odednas pocna da kazuva(dobro malce i preteruvase), cela vecer ja presedovme site vo kupatilo sose gosti za ona da moze na site da se pofali, i tolku bese zgresi uste nekolku pati slednata nedela i zavrsivme so pelenite. I isto taka go poslusav pedijatarot i koga i gi izvadiv pelenite nikogas vise ne i staviv, ni za noke ni za gosti ni za setanje, nikogas, zatoa sto se zbunuvale decata- vo peleni da mockaat ili vo noksirce. E sega vremevo neznam dali toa go dozvoluva mene mi se pogodi vo leto. Pozz i uporno bez popustanje.user posted image



(Одговор на членот mama toci)
Непосредна врска до пораките: 349
   RE: Одвикнување од пелени
13.1.2012 11:23:24   
mama toci
Vremeto i me plasi,sobleci-obleci,ufffffff.....Znam deka ke nastine,a edvaj se opraivme. Non stop i propusta pelenata,ke se mrdnam

(Одговор на членот Kori)
Непосредна врска до пораките: 350
Страница:   <<   < Претходна страница  12 13 [14] 15 16   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  12 13 [14] 15 16   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?