AnnaMolly RR -> RE: Одвикнување од пелени (5.10.2012 13:48:18)
|
Имам еден проблем и едно прашање. Прво проблемот. Учителката денес во градинка ми рече дека последниве неколку дена Филип не сакал да мочка ни на шоља, ни на нокшир, плачел секојпат кога ќе му се приоди во веце. Со плачење го седнувале да мочка. Инаку, скоро 3 месеци сме без пелена ни преку ден, ни навечер не носи. А дома никогаш така не ми изреагирал, нормално ми кажува, си одиме во веце и си завршува работа. Затоа си викам сигурно не го боли нешто, инаку и дома ќе реагираше. Има ли некој слично искуство? Сега прашањето. Откако ги одвикнавте децата скрос од пелени, како реагирате кога сте излезени некаде, а им се примочка? На пример, што правите ако му се примочка додека сте во парк или додека одите некаде пешки, а нема во близина веце или место каде што културно може да си заврши работа? Искрено, јас наоѓам некое забутано место, го соблекувам и мочка. На пример до некое дрво или во некој ќош. И ептен ми е срам кога ќе помине некој, ама што да правам? Како да му кажам да се стрпи уште 15-20 минути додека најдам соодветно место? Како реагирате вие?
|
|
|
|