RE: Австралија,дестинација за живеење??? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


suzeto -> RE: Австралија,дестинација за живеење??? (9.3.2010 13:41:22)

jas imam brat vo pert ...se uste ne moze da se navikne 3 god.kaj sto e tamu,zede plac od 500 kvadrati toa go kosta 300000dolari a plus da izgradi kujca toa e uste 200000 dolari.mnogu bilo poskapeno za razlika od porano ...porano bilo i mesto i kujca za 200000 za ista golemina kako negovata...




Adrijana -> RE: Австралија,дестинација за живеење??? (9.3.2010 13:56:00)

Ziveev 2 god vo stranstvo(potocno vo Chicago, usa), i znam kako izgleda da si daleku od doma, i nie razmisluvame za Avstralija, i koga ke ni se pruzi sansa bez da mislam odam i ne se vrakam, ednostavno ne se gledam sebe si vo ovaa zemja.Zgresivme st se vrativme od amerika, i sega gi trpime posledicite, i se kaam sekioj den za taa greska.kolku i da ni bese tesko poradi dalecinata, nekako site bevme srekni, a sega eve ne site na kupce i sto? totalno sme za nikade, taka da uste ednas nema da zgresam koga i da e ke si odime od ovde i ic nema na pamet da mi padne da se vratam.Ovaa zemja ne ne zasluzuva.




betpet -> RE: Австралија,дестинација за живеење??? (9.3.2010 14:09:15)

Cacko, samo napred, ubavo razmisluvas, mislam deka koga ima zelba ima i sreka i napredok, samo taka se uspeva.kako sto vo mk. si odlucila da zemes zkap stan i da bidete sami pa makar i so tolku visok kredit, sto znaci za tebe ne e problem da gi prifatis i tamosnite uslovi.Imam prijatelka vo Melbur, otidena e pred 2 godini i za tie dva godini, najde rabota super so ubava plata, kerkai najde rabota, a sega zema i stipendija. Dobija nekoja dozvola za prestoj, sto nikoj nisto ne im moze(se razvede od mazot i e samohrana majka -xxxx pricini) i pred 2 nedeli dobila dogovor za dobivanje na stan, a si polozoja i si kupija i kola. Sakam da kazam seka za kratko vreme ubavo se snajdoa, sto tuka nemase nisto od seto ova, nitu ke go postignese so godini, taka i ona kazuva.
Ona e prezadovolna
Megutoa ti si uporna i ke uspeete, so kvalifikaciite koi gi kazuvas, postoi golema sansa za dobivawe na rabotna dozvola. Rabota kako rabota i ovde da rabotis po 12 h, ke gi imas parite i ke si dozlolis se sto sakas, taka i tamu. Pa sega i za rabota sme rodeni bez nea nema drugi zadovolstva.
Od nas ja imate celata poddrska kako ti taka i Eca.






Bibi_S -> RE: Австралија,дестинација за живеење??? (9.3.2010 14:50:25)

Многу е жално што се повеќе млади се одлучуваат за странство, но таква ни е државата.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] Еве и ние, веќе аплициравме за Канада и чекаме одговор дали ќе не примат или не, па за да поченеме со процедурата за земање виза. Ги исполнуваме сите услови што ни ги бараат, па сега ќе видиме. Инаку сестра му на мм е таму и како и тука и таму треба да се работи. Но разликата е што со тамошна просечна плата нема бар да се туфкам дали ќе имам утре пари за јадење или за парче облека. Со просечна плата, таму можеш и да заштедиш нешто. Не бараме луксуз, само нормален живот за нас и за нашето[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image]. Дали некој има искуство со Канада, ве молам пишете. А Цацко зошто не размислите за Канада, стварно е поладно, но со климата е поблиску со Македонија. А Австралија е топла навистина, но под озонска дупка, што е многу штетно. Ова е само сугестија моја.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Cacko -> RE: Австралија,дестинација за живеење??? (9.3.2010 14:56:35)

baby,dupki ozonski ima segde,a ja i mm sme za potopli kraista,Kanada ne nikako samo radi vremeto,inace drzavniot sistem im e mnogu slicen so Avstralija.




delfinka -> RE: Австралија,дестинација за живеење??? (9.3.2010 14:58:37)

bratucetka moja cekaa dolgo za dokumenti za kanada i definitivno zaminaa,rece deka e prekrasno
a i drugarki koi zaminaa za avstralija se falat deka bilo mnoooooogu ubavo,deka vo sekoj pogled imalo prednosti,edinstveno im nedostasuvale bliskite od Mk




mami -> RE: Австралија,дестинација за живеење??? (9.3.2010 15:00:27)

Биби јас имам колешка од факултет таму. Веќе 4 години е таму...Таа е презадоволна. Супер се снајдоа, си работат и двајцата, си штедат, таа завршуваше сега некој дополнителен курс за менаџмент и се на се вели дека никогаш не се покајала што отишла и дека и е супер




Bibi_S -> RE: Австралија,дестинација за живеење??? (9.3.2010 15:14:38)

Да, ова само ми го потврдува тоа што го имав сама заклучено за Канада. Ама добро е да слушнат искуства. А Цацко по ова што го читам, гледам дека дефинитивно сте се заљубиле во Австралија што никаков коментар против оваа земја не прифаќаш. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]Си ја браниш како своја. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]Се шалам.
Дај боже да успеете и да одите. Ако ви одговара таму супер. Плус со вашите професии, не би требало да имате проблем со работа. А потоа се друго ке си дојде. Само не знам по колку време живеење можеш да добиеш државјанство. Во Канада, по три години непрекинат престој добиваш жителство. А потоа можеш да аплицираш за државјанство.




Cacko -> RE: Австралија,дестинација за живеење??? (9.3.2010 15:33:58)

abe ko moja si ja svativ[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]nikoj da ne ja 'rcka
inace i tamu mislam e taka,treba 3god prestoj neprekinat za zitelstvo pa mozes za drzavjanstvo da podneses




arh_diz -> RE: Австралија,дестинација за живеење??? (9.3.2010 15:35:47)

Moja koleska od fakultet dobi zelena karta za Nov Zeland veke 1 godina e tamu i kazuva deka i e super . Sepak treba da imas karakter i zivci nekolku godini da ne gi vidis tvoite. Jas na primer ne bi mozela




lilit -> RE: Австралија,дестинација за живеење??? (9.3.2010 16:04:25)

Пред неколку години и ние го поминувавме ова со мм меѓутоа не отидовме никаде  и сега  за сега ни е добро тука .Сакав да кажам зошто мм беше во Америка  скоро 6 месеци и ми раскажуваше преубави работи и јас се зачудив зошто он е невиден патриот да не речам закоравен да размислува з а живот  таму.Мој совет ви е слушајќи го мм да оди мм сам прво зашто Елена е мала и треба нели да се најде каква таква работа стан и некоја сигурност па потоа два-три месеца вие да му се придружите знам дека ке ти биде тешко без него го имам тоа почувствувано кога бевме разделени живеев само на кафе и чоколадо ама ако сте решени мора и малку жртви да се прават.Не знам како е во Австралија ама во Америка подобро е за почеток да се живее во помал град заради трошоците на живот и безбедност.Според мм таму сиромашни биле само мрзеливите и за тие што сакаат да работат работа имало!Како и да е ви посакувам многу среќа и со бескрајна љубов и подршка се се може.Инаку за споредба мм во Америка работеше ко готвач во ресторант а инаку е стоматолог по професија и тука често се шегува дека дека иако е др. се уште не ја земал платат за готвач!




haley -> RE: Австралија,дестинација за живеење??? (9.3.2010 16:21:36)

Taман мислев да напишам еден подолг одговор оти бебуш спие , земав се логирам и еве се разбуди :) што среќа имам значи...


Cacko од еве полу-бивша сиднејка да ти кажам дека изборот ти е супер   [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image]

Нема кој не се заљубил во Сиднеј така да ем што е убаво, Сиднеј како голем град пружа и многу можности за успех .. освен Мелбурн тоа не е случај со другите градови во австралија каде сепак знае да е потешко да се најде добра работа, земе поволен кредит итн..
Јас кога пристигнав во австралија со години се изнаслушав од нашиве иселеници како нема шанси да успееш да најдеш работа, порано било подобро сега е за никаде, како со кредити ќе те уништат бел ден нема да видиш,, и многу други глупости.    Сума суммарум , сите ние кои бевме дојдени така крај на 90тите, испозавршивме факултети и истовремено работевме на фини работни места и број нив сега завршија како високи менаџери по банки, големи фирми ,инжињери итн.  Да не зборувам пак како е феноменално за мало дете да одрасне низ тој школски систем и ги има можностите за понатамошно школување на одлични модерни универзитети и слично..  :)
пс. добро и ја сум заљубена во австралија па друг муабет и не знам да направам освен ваков
пс2 . сиднеј не е загаден ни 0,5% од она како е загадено скопје
не само што сиднеј не е во котлина како што е скопје,  градот е на обала на отворено море (тасманиско) и е ситуиран долж обалата. додека од лева страна на само 40км од центарот започнуваат  Плавите планини кои се со големина ко две три македонии   , преполни со еукалиптус дрва.. :)




mother 29 -> RE: Австралија,дестинација за живеење??? (9.3.2010 16:22:23)

ииииииии,кај ке одиш мор ти?????????[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
ја те чекам кај мене да доеш ти јабана ке факаш!хехех
како и да е Цац,ако сакате и двајцата(Еленка не ја прашате за мислење?!)  да одите ич да не му ја мислите..и јас да сака мм ми џадето би го фатила уште оддамна,ама тој ти  е некој квази закоравен патриот,да не речам залепен за градот[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]..

те подржувам 100 %[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]хех и да си ја браниш,може твоја ке си е...еј Цац Аустралијанката[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]





Cacko -> RE: Австралија,дестинација за живеење??? (9.3.2010 16:29:42)

Haley,si ziveela tamu?kolku vreme?bas mi e drago so go slusam muabetov,a ne ko nekoi,te zagadeno bilo,te trebalo da se raboti,te kuka napravi od 500000$ ama ne mu se namili[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]pa so ne se vrati u mk,i red drugi gluposti.citav sve naj naj za tamu.do toj stepen se organizirani so ne mi se verue.na sajtot za emigracija ima na milion jazici,ima i na mk vi se veruva,i ko na malo dete ti pisue so sve da naprais od kako ke se simnes od avion[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
A ti Katence,n se sekiraj,muabetov e za 1 godina,cekaj Ile da doktioria a do togas 500 pati ke se vidime,te ti u sk te ja u kocani




Adrijana -> RE: Австралија,дестинација за живеење??? (9.3.2010 16:31:13)

Cacko a da te prasam preku koja agencija planirate da odite? Nie gledavme za vo Melburn, i eptene sme zagreani i nie.




Cacko -> RE: Австралија,дестинација за живеење??? (9.3.2010 16:36:01)

Abe ne u melburn,nemoj tapa bilo tamu[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image],ele u sidnej
inace gleavme preku http://www.amo.com.mk/ australian migration office




Adrijana -> RE: Австралија,дестинација за живеење??? (9.3.2010 16:38:44)

U melburn imame prijateli, a i nie gledavme preku istata agencija, ama nesto bez veze uslovi ni dadoa[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Mila na mama -> RE: Австралија,дестинација за живеење??? (9.3.2010 17:02:00)

Ме изненадува колку многу луѓе се заинтересирани за заминување. Навистина економската ситуација во Македонија не е сјајна ама сепак мислам дека е убаво и релаксирано место за живеење. Можеби така мислам бидејќи не би можела да патувам 2 саати до работа и назад не сум тркач по природа [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]  сакам релаксирано да стигнам на работа кога ќе стигнам, да си отидам кога ќе завршам, да излезам сред работно време до центар на кафе, да бидам дома најдоцна во 3 да ручам со мм и Мила да шеткаме и да си играме цело попладне да бидам навечер одморена за шетање и за секс. Навистина не заработувам којзнае колку ама среќна сум и не се парите тие што ме усреќуваат. Живееме убаво имаме стан, коли плаќаме сметки редовно, одмори, викенди, не должиме никому ништо не сме блиски со поширокото семејство ама мило ми е да се собереме одвреме навреме за родендени, слави, Нова година, па Велигден кај моите по јајца.
Што знам јас не ја давам Македонија за 3 Австралии + Нов Зеланд.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




ripce -> RE: Австралија,дестинација за живеење??? (9.3.2010 18:16:50)

Братот на мајка ми, вујче, вујна и братучедите се во Австралија... отидени се 1993 година кога јас сум била 3 години... значи таму се 17 години, во прво време и помогнале мајка и и татко и на вујна ми кои веќе се таму 30 и кусур години, а сега ептен се зафатени, имаат 2 куќи кои ги издават, сега ја продадоа таа во која живееја и ќе градат по свој вкус. Досега ги имам видено братучедите 2 пати на по еден месец, 2001 години и 2008 ама пошто останав бремена многу малку време поминавме заедно, не можеа да останат за мојата свадба си отидоа предвреме, само вујна ми и вујко ми присуствуваа. Жалосно животот ни мине далеку едни од други[sm=smiley19.gif] Се слушаме на телефон 2-3 пати во месецот, се гледаме на skype почесто и така.

Јас не би отишла да живеам ни во Австралија, ни во било кој друга држава... не дека тука ми е ептен сјајно ама едноставно така сум тешко се прилагодувам на нова средина... чудно се чувствувам кога ќе отидам на одмор на 10 тина дена, а не пак да заминам засекогаш, нема шанси.




haley -> RE: Австралија,дестинација за живеење??? (9.3.2010 18:32:05)

Eeј да Цацко , таму живеев , некои 7год. додуше сеуште “таму“ живеам таму ми е дома иако сум во европа. Во ова европава депресивна други работи ме навлекоа па дојдов инаку НИКОГАШ не би дошла овде да живеам! :)
Ова што викаш за организираност, ухх тоа ептен , ем имаат многу почит кон сите communities да ги наречам малцинства,  имаш услуги на македонски во некои државни установи , ма уживање :)  Она што ми се допаѓа е тоа што се организирани така беспрекорно ама без некаков фашистички стил како што тоа знае да е во швајцарија и др.некои земји... туку се е направено за да на човек му е олеснето, насекаде добиваш фина насмевка, услуга, разбирање.. а не ваму од ова што видов низ европа, абе за се‘ нешто треба да се намачиш, изгњавиш, докажеш ... хорори :)  нормално , и во нивните тие насмевки имаш многу фолирање и хипокризија ама барем имаш насмевка и респект .
Мислам дека тешко им било на оние емигранти од кај нас кои отидени се во австралија , без јазик да знаат, без школо, квалификации и сл.   но баш тие генерации имаат направено огромни куќи со римски столбови, со мермери и чуда па така кога шеташ низ некои населби одма знаеш дека си во Македонска населба:))    Инаку , кога ќе најдеш работа некаде  особено ако е нешто онака пристојно,  условите,однесувањето меѓу луѓето ма све е топ! петок е кежуал ден ,  се оди во фармерка и маичка,  имаш 3-4недели платен годишен одмор ем чувството кога ќе одиш од работа , заминуваш во 5 да речеме и онака преминуваш низ тоа рајските заливи, плави таласи,егозтични птици ти крекаат  , стигнуваш дома   и еве 6 нека е..  па вечера нешто и после пак имаш саати време и да се прошеташ крај плажа а таму кафичи па сретнеш познат па муабет и ај дома..  оти накај 10 се стемнува..  зимите се релативно кратки , од кај јуни до септември ама и тогаш пола денови ти се сончеви и блескави а пола од тоа знае да биде кишовито и ветровито.   Ако си во куќа, во двор ти расте палмино дрво , стрелиции колку сакаш и лимуни на дрво на кои истовремено имаш цвет, пуполка и плод !!!! ;))) на едно дрвце имаш 4год времиња..хаоси ;)))

Она што е негативно е што владата таму има превише пари, австралија е земја која не знае за дефицит во буџет пошто се мачат со суфицит па имаат пари да низ цел град и сите населби ти испочукаат камери, де да те надбљудуваат, те за црвено светло де за speeding , значи таман да кивнеш одма тоа некој го бележи.. и според мене, станува доста полициска држава ама така е и во лондон така е и во швајцарија...тоа ги има своите предности и мани и ете, немаме избор мораме да се научиме да живееме со тоа

Во принцип животот е организиран така што кога наоѓаш стална работа и се работи за брачен пар можЕш да  добиеш кредит за купување стан/куќа по поволна рата , каматите се околу 4% , оваа цифра варира нели, што од општата ситуација што од тоа дали земаш фиксна или варијабилна камата.  Но затоа луѓето се задолжуваат затоа што сакаат парите да ги ставаат во отплаќање на рата а не на кирија каде што се фрлени и ако земеш и кредит за кола и ете ти, се осеќаш врзано меѓутоа боже мој , ако не сакаш не мораш, можеш да штедиш и штедиш и онда купиш кола во кеш и тие работи :)
Убавата страна на сиднеј е таа што како млад човек (овде размслувам за малечкиве) е што градот е преубав со многу убави активности , многу спорт, плажа и сл.  од мали ги учат да се солидарни и тоа е една од најважните работи во школо кои ги учат, како да се помогне на другиот што мене особено ми се допаѓа.
Има многу мал број наши (овде мислам на поновиве генерации не на постарите) кои се отидени таму и неуспеале и решиле да се вратат назад . Некои се премногу носталгични особено кон родителите ,брат,сестра, некои пак налетале на неубави искуства и некаков страв им влегол во коски и решаваат да се вратат назад. Поголемиот број остануваат и ги носат потоа и своите родители,брат,сестра или пак редовно одат во мкд .

Мила на мама, знаеш и ние не си ја даваме македонија за пет австралии или нови зеланди
Затоа таму,  австралија си ја викаме ЈУЖНА МАКЕДОНИЈА особено затоа што македонската заедница е една од поголемите плус во некои населби кога ќе отидеш, продавниците сите македонски се,  ечи македонска музика, македонско радио , по дискотеките секоја трета недела имаш македонски вечери ...абе лудница
значи Мила на мама, а и за другите да кажам, да ве известам дека ние не бегаме од македонија туку ние освојуваме други континенти и се прошируваме дури до таму! не знам за вас ама мене тесно ми е во македонија ,сакам оушн сакам џунгла  ;)))





ripce -> RE: Австралија,дестинација за живеење??? (9.3.2010 18:58:39)

Заборавив да кажам моите (вујко ми, вујна ми и братучедите) се во Бризбејн.




Mila na mama -> RE: Австралија,дестинација за живеење??? (9.3.2010 19:16:13)

Секој си знае за себе дали бега, дали бара подобро или е немирен дух јас за себе си кажав ќе си гледам океани и џунгли туристички а ќе си живеам во Македонија опуштено. Сум си се навикнала вака на релаксирање и многу државни празници среќна сум си па не ми се менува.




topce -> RE: Австралија,дестинација за живеење??? (9.3.2010 20:07:08)

јас имам братучед и снаа во Австралија, Мелбурн, 25 и 27 години.
Семејството на снаа ми отидоа таму пред 6 години и со нив замина и братучет ми.почнаа со студирање и на почетокот првите 3 години додека не добија државјанство си плаќаа сами после им плаќаше самата држава. снаа ми се вработи во фирма која е во Австралија број 2, преку факултет и таму остана и има супер напредување и супер плата. Братучет ми студираше вонредно, навечер, а работеше преку ден исто супер услови, факултетот се прилагодуваше на неговото работно време. Сега си земаа куќа со следниве услови. Бидејќи прв пат купуваат куќа имаа привилегии од самата влада, значи сите административни трошоци паѓаат на товар на владата плус имаа попуст или таканаречено субвенционирање значи ако квадрат кошта 100 еуро, на памет зборам, владата плаќа 30 семејството си плаќа 70. е сега услов им беше да мора 2 години да живеат во неа не смеат да ја издаваат. после тоа можат што сакаат да прават.Е сега има една финта. Жените во Австарија се помалку платени, за исто работно место, отколку мажите и многу им е битно работното искуство без разлика на тоа дали сте мр, др или слично бараат искуство.И да ви кажам ич не им е лош животот, таму си стекнаа други пријатели и доаѓаат 2 пати во годината додека студираа е сега со работата доаѓаат 1 годишно по 2 месеци.Таму сите возат и не патуваат 2 часа до работа туку 20 мин и имаат паркинг места.Со денешнава технологија се слушам секој ден со нив и на камера се гледаме и нема проблем. Епа сега ни фалат ама па нив таму им е поубаво. И за Канада имам информации ама ај друг пат.




mis. -> RE: Австралија,дестинација за живеење??? (9.3.2010 20:17:53)

Одењето во странство е нож со две острици.Или многу ќе добиеш или ќе изгубиш.Ќе имаш материјални средтва но во душата секогаш ќе имаш некоја празнина која ни со пари не може да се надокнади.На некои тоа не му смета и супер функционираат само во туѓа држава.Јас не би можела така.Подобро да немам пари а душата да си ја чуствувам исполнета.А ако одиш во странство не значи дека се ќе биде мед и млеко.
Не мора да одиш во Австралија за да живееш убаво,доведи ја австралија во македонија.




niki -> RE: Австралија,дестинација за живеење??? (9.3.2010 20:41:07)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

Одењето во странство е нож со две острици.Или многу ќе добиеш или ќе изгубиш.Ќе имаш материјални средтва но во душата секогаш ќе имаш некоја празнина која ни со пари не може да се надокнади.


Ова е многу точно, посебно кога во приказната постојат деца. Ни едни пари неможат да ја надополнат љубовта и искуствата кои ги добиваат децата од поширокото семејство. Децата кои растат во странство се веројатно повеќе материјално обезбедени, можеби и имаат можност за некое подобро образование или барем признато насекаде, но освен родителите немаат никого и за никого немаат чувство. Тие секако незнаат за подобро, но кај нас родителите секојпат постои мисла дека за сметка на материјални добра ги лишуваме од вредности кои се непроценливи за човековиот живот. Или бар јас така мислам, па затоа веројатно и размислувам за враќање.
Но, се е индивидуално. Јас ви посакувам среќа и се што си планирате да ви се оствари онака како што планирате, но претходно многу добро да се размислите и се да ставите на кантар. А најмногу да мислите на ќеркичката и што за неа ќе значи живеењето надвор од Македонија и толку многу далеку. На ова знам дека како одговор постојат организираната држава, образование, професионални можности и сл. но постои и една друга страна, а тоа е менталитетот, навиките, моралните вредности кои се различни некогаш дури и дијаметрално и тие баш воспитувањето и одгледувањето деца го прават многу потешко и поразлично од она дома.




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>