RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Наше секојдневие



Порака


masa -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (4.5.2013 14:41:51)

[sm=bravo.gif] za vrednite rr-ki.E sega uste nekoja domakinka da pise recept za parmak zosto do sega ne sum pravela,a nemam mnogu iskustvo so testo I mi trebaat tocni merki [sm=smiley1.gif] godinava so 1vi maj izleti I sedenki zaboraviv da poracam,pa sega sama ke pravam pa mi treba recept




niki -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (4.5.2013 15:07:51)

a sto e toa parmak?




miana -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (4.5.2013 17:39:10)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Annet

A pre preubavi se,alal da ti e,za trpenieto,bravo

Da ti kazam,uzivam vo rabotata..Mnogu smiruva a i mnogu mi e merak koga ke gi dadam i na site im se dopagaat.Najinteresno e sto site gi cuvaat moite jajca,zal im e da gi frlat...Do lani pravev i so cirkoni ama pa da ne bidam dosadna si vikam aj da smenam nesto...Ke vi pratam sliki...Pozdrav




AnnaMolly RR -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (4.5.2013 18:48:19)

[img]https://fbcdn-sphotos-e-a.akamaihd.net/hphotos-ak-ash3/940977_10151626143458217_201359603_n.jpg[/img]

Еве ги и моите јајца.




moni teo -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (5.5.2013 8:56:17)

[img]https://fbcdn-sphotos-c-a.akamaihd.net/hphotos-ak-prn1/253199_517607351609367_79253863_n.jpg[/img]




Felly RR -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (5.5.2013 11:18:31)

[img]https://fbcdn-sphotos-d-a.akamaihd.net/hphotos-ak-snc6/p480x480/217108_10201228270252687_1269752268_n.jpg[/img]




AneLav RR -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (26.3.2014 8:57:46)

Ајде женички ни се наближува Велигден, почнавте ли со подготовките, какви декорации правите , насадивте ли пченичка... ?




Felly RR -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (26.3.2014 9:12:29)

Уште не сум почнала со подготовките, а баш ми се јави желба, малце за промена, ама чекам прво да средиме некои работи, па тогаш да вадам велигденските украси, да не ми дојде дупла работа. Се мислам и за пченицата: 1-2 недели претходно си велам е доволно за да порасне?




mommy_angels RR -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (26.3.2014 9:38:04)

Се мислам и за пченицата: 1-2 недели претходно си велам е доволно за да порасне?

Е ова и мене ме интересира,4 недели и се многу ,од искуство си знам,преголема е,ама колку е таман ?




Felly RR -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (26.3.2014 10:00:31)

Mommy, ако е преголема можеш и со ножички да ја поткастриш малку, само да не почне да пожолтува. Јас мислам 2 недели е сосема доволно, ако е на топло и сончево место.




miana -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (26.3.2014 10:21:02)

Девојки, а што е финтава со тревава? Што и правите откако ке порасне? Така си ја чувате како украс или...?




Felly RR -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (26.3.2014 10:58:14)

Миана, еве тука пишав за тревата. АМа јас до сега не сум ја искористила за ништо. Ја чувам како украс, да има нешто зеленко за Велигден, и потоа ја фрлам.




deluxe -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (26.3.2014 23:24:15)

Јас веќе си насадив пченица[sm=bravo.gif]
Почна да излегува над земјата,ќе порасне до Велигден многу,но ќе ја пострижам 1-2 со ножици[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




bucko mal -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (27.3.2014 0:26:14)

Vcera mm nacekal boja za jajca i mi donese.Epten se izraduvavme.E kakva ke bide ne e ni vazno.vazno ke isfarbame jajca.
Za veligden pravam kozinjak,baklava a rucekot e jagnesko meso.




Mihaela 2010 -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (14.4.2014 9:28:51)

Jas odvaj cekam da dojde denot,go obozavam celiot ritual i odvaj cekam mislam deka i M ke ucestvuva ovoj pat[sm=smiley36.gif]




elenak -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (14.4.2014 9:41:32)

И јас од се најмногу го обожавам фарбањето јајца. Годинава се мислев да екпериментирам малку и да ги фарбам природо, без вештачки бои, со овошје и зеленчук ама некако се откажувам од идејата. Многу комплицирано ми изгеда, еден куп тенџериња, мириси, па којзнае какви бои... Ајде ако сте фарбале кажувајте, се исплати или не.




пале 86 -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (14.4.2014 13:54:19)

........
Здраво јас сум нов член на форумов. Многу ми се допаднаа вашите декорации од претходните години па решив и јас оваа година да декорирам за Велигден. Ставив некои слики како ми испаднаа декорациите, само не сум сигурна дали правилно ги поставив. Доколку не се гледаат ќе ве замолам за помош како се ставаат слики




Felly RR -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (14.4.2014 14:00:22)

Пале 86, еве ТУКА КЛИКНИ има тема со упатства како се поставува слика. ДОбредојде на форумот, и ајде чекаме да ги видиме твоите слики, па сигурна сум дека и ние ќе добиеме некоја нова идеја.




Defne90 RR -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (14.4.2014 14:01:43)

И јас го обожавам ептен ритуалот на вапцување јајца.Овие години ги вапцував строго црвено,ама сега ќе ги вапцувам во повеќе бои.Па и ќе пробам да ги украсам.Сакам да ми бидат разнобојни и светкави.Едвај чекам да дојде денот за вапцување на јајцата.[sm=smiley1.gif] А и синко уште сега се токми да ми помагал ха ха и тој е ептен обземен од еуфоријата околу вапцувањето.[sm=smiley1.gif]




caciana -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (14.4.2014 14:01:50)

http://album.ringeraja.mk/index.php?page=album&ID=2111
eve nekoja ideja i od mene [sm=smiley1.gif]




пале 86 -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (14.4.2014 16:07:32)

[img]http://www4.slikomat.com/13/0414/huk-IMG-40.jpg[/img]

[img]http://www4.slikomat.com/13/0414/sr-IMG-40.jpg[/img]

[img]http://www4.slikomat.com/13/0414/9wq-IMG-41.jpg[/img]

[img]http://www4.slikomat.com/13/0414/cgm-IMG-41.jpg[/img]

[img]http://www4.slikomat.com/13/0414/q96-IMG-41.jpg[/img]

[img]http://www4.slikomat.com/13/0414/d6s-IMG-41.jpg[/img]

[img]http://www4.slikomat.com/13/0414/58i-IMG-41.jpg[/img]

фала многу за помошта Felly RR. Еве сега се гледаат. Ги поставив денес а ги подготвувам веке цел месец. Уште јајцата да ги офарбаме во четврток...




AnnaMolly RR -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (14.4.2014 16:12:34)

Леле Пале прекрасно е! Особено тие јајца во плетени „облеки“ :))) Сама ги правеше? Преубаво е се!




пале 86 -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (14.4.2014 16:29:48)

Фала многу. Да сама ги исплетев. Најпрвин ги видов на интернет и ептен ми се допаднаа и почнав сама да плетам и полека ги усовршив. Исплетев околу дваесетина, но само овие ги „облеков“ испразнети се. Другите ќе ги „облечам“ кога ќе ги исфарбам.




AnnaMolly RR -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (14.4.2014 16:36:43)

Преубаво! Јас па немам ич талент и фантазија да направам нешто вакво. Алал да ти е. Јас си местам неколку кошнички велигденски и зајчиња и оние купечки јајца-украси на стапчиња што се. А види што убаво е кај тебе со своја рака украсено и уникатно :)




Felly RR -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (14.4.2014 16:39:49)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] Пале, навистина прекрасно изгледа се. За плетените сигурно треба многу трпение и труд. А и овие другите со конец на балони ги правеше? Ги имам гледано на интернет и сакав и јас да направам, ама не знам какво лепило се употребува. Како ги правеше, те молам сподели со нас, да не ги утнам барем.




Страница: <<   < Претходна страница  9 10 11 [12] 13   Следна страница >   >>