RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Наше секојдневие



Порака


caci20 -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (25.3.2010 14:48:12)

Sto ke spremate? Mislam jadenje. Dajte nekoj recept za jagnesko ?




pacuvce -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (26.3.2010 9:22:07)


ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA

Црвеното јајце е симбол на Велигден.




Потпис!!!Почнуваат да ме нервираат помодарските испади на луѓето во врска со Велигден и се поврзано во врска со фарбање јајца и украсување...Почнуваме да ја ситниме неделата пред „големиот натпревар„ наречен која ќе биде поголема домаќинка и ќе направи некое чудо од јајце...Се сеќавам на детството и мајка ми која фарбаше само црвени јајца,затоа што велеше дека тие се симбол на Велигденот...
Вчера сретнав комшика која е толку окупирана со зајци,кокошки и врапци,па те купувала ампули,па те купувала кристали,па те купувала некакви сликарски бои...Мислам,ало!!!Каде е тука магијата на Велигденот како семејна прослава...Ден кога треба да уживаме во ретките заеднички моменти,а не да се загледуваме во тоа чие јајце,како е офарбано...
ВАПЦАМ САМО ЦРВЕНИ ЈАЈЦА И КРАЈ!!!




profesorica -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (26.3.2010 9:29:34)

знае ли некој каде има онакви мрсни бои за фарбање јајца???




baby mama -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (26.3.2010 10:31:06)

Јас бидејќи сум тазе во брак само еднаш фарбав јајца и не ми испаднаа ама ич. После и дадов на мајка ми да ми исфарба и тоа само црвени. Ај за боите може да бидат различни мерак им е и на дечињата, ама ова со зајциве неразбирам. Глупост. Мислам дека тие нешто симболизираа во католичкиот Велигден, ама не знам што.




zami -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (26.3.2010 14:10:12)

ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce


ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA

Црвеното јајце е симбол на Велигден.




Потпис!!!Почнуваат да ме нервираат помодарските испади на луѓето во врска со Велигден и се поврзано во врска со фарбање јајца и украсување...Почнуваме да ја ситниме неделата пред „големиот натпревар„ наречен која ќе биде поголема домаќинка и ќе направи некое чудо од јајце...Се сеќавам на детството и мајка ми која фарбаше само црвени јајца,затоа што велеше дека тие се симбол на Велигденот...
Вчера сретнав комшика која е толку окупирана со зајци,кокошки и врапци,па те купувала ампули,па те купувала кристали,па те купувала некакви сликарски бои...Мислам,ало!!!Каде е тука магијата на Велигденот како семејна прослава...Ден кога треба да уживаме во ретките заеднички моменти,а не да се загледуваме во тоа чие јајце,како е офарбано...
ВАПЦАМ САМО ЦРВЕНИ ЈАЈЦА И КРАЈ!!!


Bravo be pacuvce.

Jas lani farbav jajca vo boja, ama bez slikicki i sl.
A sto se odnesuva do farbaweto bitno mi e da si go zadrzam adetot pa si stanuvam pred zori da gi vapcam prvite jajca i od sto mi e merak recisi sekogas site ostanati gi vapcam na veliki cetvrtok, a vo sabota si spremam blago nesto ili sl, zosto za rucek sme obavezno ili kaj svekrvami ili kaj majkami.




jovanka -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (26.3.2010 14:16:03)

Gi farbam na Veliki cetvrtok i so boite na paleta ili tanimak i za dekoracija upotrebuvam listovi od rastenija kako aplikacija (vo najlon hulahopki gi vrzuvam i taka gi spustam vo bojata)toa me asocira na nesto prirodno a sum protiv tie kristali i sl.




Mila na mama -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (26.3.2010 14:22:42)

Сум ја пробала и оваа мајсторија ама не сум била нешто посебно заинтересирана или креативно расположена па ни успешна. Од декорација страна ништо не правам. Празникот и така ќе го поминеме кај моите па не се замарам нешто посебно со спремање, а и од тие адети и симболи глава ме боли. Сакам ќерка ми да види се и Велигден како се слави и Пасха и Кинеска нова година и Рамзан Бајрам ама никогаш нема да и речам ти мора тоа да славиш така да правиш итн. Не знам што се занесле по тоа фарбање, лепење, украсување трошење време не сум верник па можеби затоа не се потресувам посебно.




mother 29 -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (29.3.2010 11:52:12)


Велигден - празник над празниците
ВЕЛИГДЕН е најголемиот христијански празник. Велигден е празник на победата над смртта. Ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Во христијанската религија Велигден е празник над празниците.

На кој датум се паѓа Велигден?

Различните датуми на прославата на Велигден во православието и католицизмот се последица на различното пресметување на времето според грегоријанскиот и јулијанскиот календар. Велогден спаѓа во подвижните празници, а се слави секогаш во недела. Датумот на неговото празнување се поместува во рамките на временскиот интервал од пет недели. Најрано може да биде на 4 април, а најдоцна на 8 мај.
Бидејќи Велогден во разни цркви се празнувал на разни датуми, царот Константин во 325 година го свикал Првиот васеленски црковен собор во Никеја на кој се расправало по ова прашање и биле донесени некои решенија. Правилата по кои денес се одредува датумот на кој се прославува Велигден се дефинирани дури во 526 година. Според овие правила Велигден е секогаш по пролетната рамнодневица во првата недела по полната месечина. Секогаш е во недела, но не смее да се совпадне со денот кога Евреите ја празнуваат Пасха, ниту да биде пред него. Ако е пред Пасха, Велигден се одложува за првата недела по следната полна месечина, а ако се совпаднат во истиот ден, се одложува за следната недела.
Значи, Велигден може да се падне на 35 датуми, од 4 април до 8 мај.
Според Пасха Восресението Христово - Велигден наредните години ќе се прославува на следните датуми:
2003 година - 27 април
2004 година - 11 април
2005 година - 1 мај
2006 година - 22 април
2007 година - 8 април
2008 година - 27 април
2009 година - 19 април
2010 година - 4 април

ОБИЧАИ

Јајцето е симбол на Воскресението Христово. Велигденските јајца земаат важно место во многу народни обичаи. Во нивното изведување, најважно е првото вапсано црвено јајце што се чува пред иконата преку целата година, се додека не се замени со ново.
Според Марко Китески, постои верување дека јајцата вапсани пред изгрејсонце имаат магична моќ да ги чуваат куќата, здравјето на луѓето, не се расипуваат во текот на годината, дека со нив се разбиваат демоните, болестите, елементарните непогоди.
На Великии Четврток, домаќинката, рано пред изгрејсонце, откако ќе касне еден залак леб, вапсува едно или три црвени јајца. Таму каде што се вапсуваат три црвени јајца, домаќинката го наменува за Господ, второто е за домаќинот, а третото за добитокот и бериќетот.
Со првото вапсано црвено јајце, домаќинката уште рано, на Величетврток, го зема во раце и на децата уште во постела им поминува по лицето и вели: "Црвено бело дебело" или "Црвено бело здраво и живо". Потоа, тоа јајце домаќинката го става пред икона или на сончево место, за да го огрее сонцето. Може да се стави и во сито, кое симболизира ситост, се става и жито, а врз него се става вапсаното јајце на сонце.
Велики Петок се смета за тежок ден, тогаш не се работат потешки работи, дури и не се готви ништо за јадење, бидејќи се вели дека на овој ден не треба ништо да се јаде, а не, пак, да се работи. На Велики Петок од првите вапсани јајца се носи во црква, за да ги чува 12-те фрагменти од Светото писмо, кои се читаат тогаш во црквата. Се верува дека вапсаното јајце ги има тие волшебни особини за заштита. Во црква се носи и цвеќе и секој што остава, зема друго и го носи дома за здравје.
На Велика Сабота малите деца се капат со здравец, дебелика и со црвено јајце. Здравецот се става во водата, децата да бидат здрави, дебеликата за да бидат дебели, а првото црвено јајце за да бидат бели и црвени.
На ВЕЛИГДЕН, оние што постеле, рано наутро сите брзаат во црква да се причестат. Утрото во недела и младоженците одат на честитање кај роднините, а децата одат кај роднините да го честитаат празникот и добиваат велигденски јајца.
Во Тетово, обичај е во недела домаќинот со децата или со внуците да одат кај роднините и пријателите, да го честитаат Велигден. Децата, свечено облечени, со себе имаат кошничка во која ги ставаат јајцата што ги добиле, а добиваат и пари. Додека домаќинот со децата е кај роднините и пријателите, домаќинката останува дома и чека гости.
Во некои краишта народот во текот на велигденските празници облекува нова облека, бидејќи верува оти на Велигден треба да се отфрли тешката, темна зимска облека и да се облече нова, светла, како карактеристика на времето што доаѓа. Некаде дури се верува дека оној што на Велигден ќе облече едно или повеќе парчиња нова облека, за себе си осигурил среќа во тековната година.
ИЗВАДОК.Вест




Еца -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (31.3.2010 20:58:52)

Фарбањето на јајцата дома е на свекрва ми и тука неможам јас да се мешам, барем не додека сме во заедница, но затоа јас си го фарбам првото црвено јајце наутро на ВЕЛИКЧЕТВРТОК  и тоа јаце ми стои пред иконата, ај ќе го сликам па ќе ви ставам слика да видите мое дело, хахахха[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Mamicka3 -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (31.3.2010 21:02:10)

Блазе си ви кога имате кој да ви помага за фарбање јајца..Јас оваа година за прв пат ќе фарбам по неколку  во разни бои а поголемиот дел црвени




Еца -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (31.3.2010 21:24:15)

Искрено фарбањето на јајацата би ми претставувало задоволство и со ќеф би ги фарбала и украсувала, но ќе треба уште некое време да почекам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]па затоа ќе уживам во помошта[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




mother 29 -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (31.3.2010 21:54:35)

Велигденски симболи  Велигден е еден од најзначајните и најголемите христијански празници. Дознајте нешто повеќе за симболите кои го одбележуваат овој ден - зошто...   ...баш јајца, зајчиња, јагне, вино? 1. Црковни ѕвона
[image]http://www.crnobelo.com/images/stories/mini/veligdenski-simboli/crkovni-zvona.jpg[/image]
Во најголем број земји во Европа, црквените ѕвона престануваат да ѕвонат на Велики Четврток. Тие мируваат во знак на сеќавање на Исусовата мака и смрт. Повторно почнуваат да ѕвонат на Велика Сабота како весели гласници на Исусовото Воскреснување. 2. Христијански крст
[image]http://www.crnobelo.com/images/stories/mini/veligdenski-simboli/krst.jpg[/image]
Симбол на христијанската вера. Исус бил прикован и умрел на крст, но третиот ден воскреснал. 3. Љиљан
[image]http://www.crnobelo.com/images/stories/mini/veligdenski-simboli/liljan.jpg[/image]
Овој цвет потсетува на повторното Исусово оживување, воскреснување. Тој е воедно и симбол на чистота на Девицата Марија. 4. Цвеќе
[image]http://www.crnobelo.com/images/stories/mini/veligdenski-simboli/svekje.jpg[/image]
Сончогледот, нарцисот и лалето се исто така Велигденски симболи. Цветаат во пролет и симболизираат будење на Исус од мртвите. 5. Јагне
[image]http://www.crnobelo.com/images/stories/mini/veligdenski-simboli/jagne.jpg[/image]
Јагнето симболизира човек, затоа што Исус е претставен како Добар овчар кој пази на своите овци. Јагнето доаѓа на свет во пролет. Израелците ја користеле јагнешката крв за да ги спасат првороденчињата во Египет. 6. Зајак
[image]http://www.crnobelo.com/images/stories/mini/veligdenski-simboli/zajak.jpg[/image]
Зајаците потсетуваат на пролет и нов живот. Тие биле омилени животни на пролетната божица Eastre. 7. Јајца
[image]http://www.crnobelo.com/images/stories/mini/veligdenski-simboli/jajca.jpg[/image]
Тие се симбол на пролетта и на Велигден. Знак се за нов живот. 8. Пиленца
[image]http://www.crnobelo.com/images/stories/mini/veligdenski-simboli/pilenca.jpg[/image]
Тие излегуваат од јајцата и имаат иста симболика - нов живот. 9. Свеќи
[image]http://www.crnobelo.com/images/stories/mini/veligdenski-simboli/svekji.jpg[/image]
Свеќите ја расветлваат темнината. Затоа на Исус се гледа како на вечно светло кое на христијаните им го покажува патот од смртта до животот. 10. Гранчиња од палма и маслинка
[image]http://www.crnobelo.com/images/stories/mini/veligdenski-simboli/grancinja-od-palma-maslinka.jpg[/image]
Се користат како симбол на мирот. 11. Лепче
[image]http://www.crnobelo.com/images/stories/mini/veligdenski-simboli/lebce.jpg[/image]
Парче леб без квасец се јаде во знак на сеќавање на Исусовата жртва. 12. Црвено вино
[image]http://www.crnobelo.com/images/stories/mini/veligdenski-simboli/crveno-vino.jpg[/image] Се пие во знак на пролеаната Исусова крв за човештвото.




Mamicka3 -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (1.4.2010 7:22:21)

Ајде женички ги офарбавте ли јајцата,еве јас завршив со фарбање...хеххе  вредна домаќинка




mamasane -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (1.4.2010 7:57:28)

Утрово станав во 4 и офарбав неколку јајца пред изгрејсонце и првото ќе го ставам пред икона,а другите ќе ги фарбам во сабота.




caci20 -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (1.4.2010 7:57:31)

Zavrsiv i jas pred eden saat. Prakam fotki
[img]http://www4.slikomat.com/10/0401/dpt-DSC025.jpg[/img]
[img]http://www4.slikomat.com/10/0401/bed-DSC025.jpg[/img]
[img]http://www4.slikomat.com/10/0401/bd-DSC025.jpg[/img]
[img]http://www4.slikomat.com/10/0401/sk1-DSC025.jpg[/img]
Posebno e staveno prvoto jajce - cuvar na domot cela godina




mamasane -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (1.4.2010 7:59:43)

Caci mnogu ubavo gi imas ofarbano jajcata a i dekoraciite se super, bravo.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




BILE.F -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (1.4.2010 8:01:50)

И јас бев вредна, станав во 4 и вапцав црвени јајца, а другите планирам во сабота!




ivaelena -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (1.4.2010 8:06:40)

Jas docna sinoka vapsav crveni jajca, a sega pri kraj mi se jajcata so violetova boja. SREKEN PRAZNIK!




arh_diz -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (1.4.2010 8:11:58)

Jas seuste ne sum farbala. Bidejki sme dvaica ke farbam vo Sabota




mina_m -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (1.4.2010 8:16:42)


ИЗВОРНА ПОРАКА: caci20

Zavrsiv i jas pred eden saat. Prakam fotki
[img]http://www4.slikomat.com/10/0401/dpt-DSC025.jpg[/img]
[img]http://www4.slikomat.com/10/0401/bed-DSC025.jpg[/img]
[img]http://www4.slikomat.com/10/0401/bd-DSC025.jpg[/img]
[img]http://www4.slikomat.com/10/0401/sk1-DSC025.jpg[/img]
Posebno e staveno prvoto jajce - cuvar na domot cela godina



caci20 mnogu ubavo si gi izvapcala jajcata...




profesorica -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (1.4.2010 8:18:59)

јас ќе фарбам во сабота




caci20 -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (1.4.2010 8:22:01)

Fala mnogu




mother 29 -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (1.4.2010 8:44:38)

caci 20 прекрасни ти се јајцата!јас сега  ги правам останатите.




dostickage -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (1.4.2010 9:07:44)

Caci sekoja cest,bravo!!!!!

Sveki denes ofarbala edno,pa zaednmo vo sabota kje se posvetime i na ostatokot.

Vekje se e kupeno samo da dojde sabota.Deka prva godina epten so merak si kupuvav:-)





Annabel -> RE: ВЕЛИГДЕН- фарбање јајца, велигденска трпеза, декорација... (1.4.2010 9:24:50)

Цаци20, алал да ти е...се гледа дека со мерак си ги направила...

Ние изгледа утре ќе ги фарбаме, за да може љубовта на мама да учествува и да се радува.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>