Bea
|
Однапред да кажам дека не сакам да бидам сфатена погрешно, но искрено не сум за користење на вакви препарати, па макар биле и на билна основа. Зошто? Затоа што кога реално причинителот на стресот и напнатоста ќе го нема, ние си остануваме навикнати на магичното апче што ни "треба"за да функционираме. Зборувам од лично искуство од пред година дена, кога се соочував со ситуации и обврски кои млад човек на тогаш 31 година, не треба да ги има. Буквално деновите ги поминував на режим АУТО - на работа одговорна работа имам, обврски еден куп кои бараат максимална концентрација, обврски дома, обврски кај моите, не знаев кај легнувам, кај заспивам, со ноќи не спиена, кога јадев, кога не... значи хаос! Плус стерилитетот борба, испитувања, инсеминации... Понекогаш мислев дека ќе се распаднам и физички и емотивно. Сериозно размислував не за препарат, туку за лекови. Едно врме земав апаурин, но заклучив дека тоа ама баш ни малку не ми го решава коренот на проблемот. Ок, тие неколку саати "мислам" дека сум опуштена и после што? Пак на исто. Затоа си седнав сама со себе, многу саати во денот си поминував во преиспитување - во тие критични моменти што ми треба, што не ми треба, за што вреди, а за што не вреди да се нервираш, што мора веднаш, а што подоцна, што можам да променам, а што морам да прифатам и едноставно да се прилагодам некако. Најбанални ситуации предизвикуваат стрес, напнатост и реакции (нервози, караници, чуда), ама верувајте со таблетки НИШТО од тоа нема се реши. Само погледнување на стресот и проблемот во очи и справување со него помага. Можеби постов сепак не е за оваа тема, но сакам да го споделам моето мислење, дека во суштина сме многу јаки и можеме да се справиме со тешки ситуации и без присуство на апчиња и комерцијала кои потсвесно не клукаат со идејата дека не сме.
|