LoveableMe RR -> RE: Апчиња за смирување (18.11.2015 15:35:36)
|
Kvisko, не си погрешно сфатена, напротив си имаш свој став, но мислам дека премногу тргнуваш од себе и своето видување на работите и не ги земаш во предвид околностите, средината, поднебјето, различните стресови и ситуации во животот, како и личните искуства на луѓето што се оочуваат со тоа. Секако дека апчиња на своја рака не, па таман работа денес се оди на рецепта, па дури и билниве апчиња често се даваат по препорака на лекар. Немој да мислиш дека луѓево кои пијат апчиња за смирување без разлика какви и да се, дека не побарале стручна помош. Помошта помага до одредена мера, другото човек сам треба да се избори, но сите карактери не се исти, некој полесно, некој подоцна го надминува проблемот. Така што, јас сум за терапија со апчиња без разлика во која форма (билна или лекови) и препорачани од лекар, а никако оставање стресот да зема замав и да направи поголема беља на организмот без терапија.
|
|
|
|