Mila mamicka -> RE: На гости кај баба (22.8.2014 10:49:28)
|
Како што напишале неколку РР-ки погоре, и јас имам многу убави спомени од детството, кога одевме кај баба и дедо на гости. Живееме во ист град, и кога ќе дојдеше летото, секој втор викенд бевме кај нив на гости. Многу сакавме да одиме кај нив, имавме многу другари таму, и си игравме на улица. Син ми има 2 год и 4 месеци, и е многу прилагодливо дете. Бидејќи живееме во заедница со свекор ми и свекрва ми, тие го чуваат секој работен ден додека сме на работа. Откако е роден, секоја сабота сме кај моите на гости. Прв пат го оставив на спиење кај моите кога имаше 14 месеци, и супер помина. Оттогаш го имам оставено уште 5-6 пати, претежно кога правам генералка по дома, па ми треба цел викенд за да средам. Исто така, два пати сум го пратиле со свекор ми и свекрва ми на викенд на викендицата што ја имаме. Од негова страна нема никаков проблем, макар што јас постојано чувствувам некој немир, и се јавувам по 100 пати за да го проверам. Значи, апсолутно сум за оставање кај баба и дедо на викенд, а за подолго не. Сепак сакам најголемиот дел од времето да го поминува со мене и мм.
|
|
|
|