AnnaMolly RR -> RE: Беби рецепти (5.4.2012 8:32:38)
|
Вака јас правам спанаќ за Филип, има скоро 2 години. Го мијам спанаќот и го сечкам грубо колку да не бидат цели листови. Во мало тавче (како за јајца пржење) пржам кромид на маслиново масло, го додавам оризот, го пропржувам малку и го додавам спанаќот и него го пржам. Потоа го полевам со вода, ставам вегета и малку црвен пипер и го оставам на рингла на двојка да си се вари. Кога оризот ќе биде сварен, матам едно јајце и го додавам на спанаќот, промешувам и оставам уште 5-10 минути максимум да се зготви. Веднаш го јадеме со кисело млеко исклучиво. А никогаш не ставам месо во спанаќот, само јајце. Кога беше помал, пред да наполни година, му пржев кромид на путер или маслиново масло, го додавав оризот и спанаќот малку да се пропржат и ги полевав со вода. Зачинував само со малку вегета, без црвен пипер. Така го оставав исто на рингла убаво да се свари оризот, а на страна варев јајце и после во чиничето му ставав спанаќ и жолчката, пасирав и ставав кисело млеко и се давеше во спанаќ.
|
|
|
|