RE: Како си ме родила? (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


vezilka RR -> RE: Како си ме родила? (9.12.2013 12:03:20)

Ние имаме една сликовничка, Запознај ај болницата, и од таму Никола научи дека бебињата се раѓаат во болницата за бебиња. Сега со мојата бременост, знае дека бебето е во мешето и кога ќе дојде лето, мама ќе оди во болницата за бебиња, таму ќе го роди бебето, и после сите ќе си дојдеме дома. Знае дека и тој пред да го родам во таа иста болница бил во мешето на мама. Е сега експлицитно не сум му објаснувала како иде тоа раѓање, хехе. Имаше една кукла, гледав на ТВ, која раѓа бебе, баш онака како вистински, експлицитно. Не сум сигурна дека би сакала за детево таква играчка.

[img]http://babyology.com.au/wp-content/uploads/2012/11/mamamor-11.jpg[/img]




AnnaMolly RR -> RE: Како си ме родила? (9.12.2013 14:08:08)

Филип летоска додека си лежев дојде до мене и ми го крена фустанот, ми го виде белегот од царскиот. Се подисплаши малку и ме праша што ми е. Му објаснив дека од таму го извадил докторот кога пораснал во големо бебе и беше задоволен од одговорот. Знае и денес да си побара да види од каде го извадил докторот.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]