Стомачен вирус (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје



Порака


Еца -> Стомачен вирус (28.6.2009 22:22:29)

Од вчера Мартина има проличве, денес пак, а сега се искака но изметот и е со лиги.Се жалеше на мешето, но други симптоми како повраќање и температура немаше.И давам само чај од нане и болката и се смирува.Дали сте имале вакво искуство и што им давате на децата?И нормално ја ставив на диета, банана, ориз варен, варен компир и морков, бистар сок.




mis. -> RE: Стомачен вирус (28.6.2009 22:26:10)

Elena jas ako zabeležam deka ima proliv vednaš mu davam lineks.Ne e steten i bez strav mozes da i dades bez preporaka na lekar.




Aleksandra -> RE: Стомачен вирус (2.7.2009 19:08:30)

Pred izvesno vreme imase edni mnogu dobri ampuli za proliv LIOBIF koi sto sega ne mozam nikako da gi najdam a mi gi preporacaa od Infektivnata klinika koga imav so Luka problem kako eden vid na stomacen virus. Steta za ampulite mnogu se efikasni od edna ampula prolivot prestanuvase.




biljanaM -> RE: Стомачен вирус (31.7.2009 22:51:47)

eve veke dva dena sum so povrakanje i dijarea....mnogu bilo macno, koga otidova na lekar d-rkata mi rece a zamisli kako im e na malite koga gi boli mesence i povrakaat ....




mami -> RE: Стомачен вирус (6.8.2009 11:51:15)

ете пак имало некој врус..внимавајте на дечињата. Лука вчера имал проливче па мајка ми го ставила одма на специјална исхрана. Другарка ми веке 3 дена лежи дома со температура, повраќање, пролив..ужас...




mami -> RE: Стомачен вирус (12.8.2009 22:19:13)

не е Лука ама мм го закачил стомачниот вирус. Му се гади, крева температура, не е способен за ништо. Му купив прееска активен јаглен, испи 3 апченца, малку кока кола и еве сега дреме, ладно му е, нема сила да мрдне[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] Ке ви пишувам уште малку па ке одам да го галам малце[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Natasha5 -> RE: Стомачен вирус (12.8.2009 22:21:14)

Da da ima virus pazetese mnogu e los




mami -> RE: Стомачен вирус (13.8.2009 8:09:37)

леле луѓе, цела нок ја помина со температура, мачнини во стомакот и утрово не отиде на работа. Му дадов активен јаглен да испие вечерта и утрово му реков пак да се напие. Ништо не му се јаде...душичка...го оставив Лука кај моите и мајка ми за никаде, и неа цела нок ја болело стомак и и било тешко...




Еца -> RE: Стомачен вирус (27.2.2010 12:13:26)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] мене нешто ме потера со ова моите деца, не знам...Мартина стана од спиење и се добра си беше кога одеднаш почна да вика, да плаче, ја боли стомак и вика, плаче...јас со неа...не сакаше ништо да јаде, едвај 3-4 лажици бисквити изеде и пиеше чај од нане...кашлајќи поврати шлајм и мандарината утрово што ја испила како цеден сок и рече ми се спие и еве ја заспа.Дали е стомачен вирус или кој знае што..веќе не сум свесна, а какаше за 15 минути 4 пати ама тврда столица...ми се плаче ми се вришти[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




Mamicka3 -> RE: Стомачен вирус (27.2.2010 12:39:07)

Минатата недела Ана Марија беше со инекции па оваа Панцеф е денес бевме во Козле има бронхопнеумонија сега пак со терапија и на сето тоа го закачи и стомачниот вирус.Леле жени ќе шизнам од нервоза глава неможам да кренам,ама ајде нека е со помин




BILJANA_G -> RE: Стомачен вирус (27.2.2010 14:09:31)

Neka e so pomin pobrzo da ozdravi.
A za stomacen virus,koga Angela imase bese so povrakanje,prolivce i togas nisto ne sakase da jade.I davav samo orivce,kompirce,banana.I zimav od apteka od onie prasocite vo kesicka sto se za da ne dehidrira,ne mozam da se setam kako se vikaa znam zimav na humana i od toa i se vrakase silata,mnogu ubavo deluva.Toa e nesto kako zamena na infuzija.




Еца -> RE: Стомачен вирус (27.2.2010 14:18:07)

Билјана сигурно мислиш на елетролити. 




mother 29 -> RE: Стомачен вирус (27.2.2010 18:49:48)

Eцке како е Мартина?има нешто ново?
туку си мислам јас,ти текнува ккао пред некое време кога пак беше болна Мила ,ти правеше дудулаци од љубомора!дека си сега повеке сконцентрирана на Мила?а?
а може пак и вистина ја боли!не знам јас ти давам претпоставка!

поз




Еца -> RE: Стомачен вирус (24.3.2010 19:12:39)

Од ноќеска Мартина се истури од повраќање, имало стомачен вирус. Денот ми е бурулески, со која попрво[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Mila na mama -> RE: Стомачен вирус (31.3.2010 10:51:17)

Мила почна во понеделникот вечерта да повраќа, а пред тоа цел ден одбиваше да јаде само бараше сок вода и млеко. Кога почнаа повраќаниците немаа крај до вторник сабајле на секој половина час млазеви и грчеви душичка. И 2 лажички вода да и дадев и тоа излегуваше и кога немаше веќе  што да излегува повраќаше пена и жолтило. Е вчера сабајле ја однесов и земаа крв со резултазтот веднаш кај д-р Славица. Малку дехидрирана па и уклучија инфузија морав 2 саати да пеам и 1 саат спиеше додека и истече. Попладнето беше поспана задремуваше, поврати уште 2-3 пати и мислам дека се покака 3 пати некој жолт пролив кој повеќе личеше на смрдлива вода. За 2 дена имам уклучeно 6 машини и една ме чека за денес нема што не ни е повратено и покакано.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]  
Битно се опорави и тоа од кока кола со електролити и 5 смоки. Синоќа заспа кај 22 30 и еве ја уште спие. Ќе видам денес како ќе биде.




big_mama817 -> RE: Стомачен вирус (31.3.2010 12:01:33)

ај нате само со помин да биде и за празникот да бидете здрави [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




mother 29 -> RE: Стомачен вирус (31.3.2010 12:47:04)

Натке,патешествија.............битно да и помине  на малата принцеза!денес да се опорави,оти ја чека костимот за преправање![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
инаку за кока-кола ј и јас имам слушнато дека и доктори ја препорачувале за мевоболки[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Mila na mama -> RE: Стомачен вирус (2.4.2010 14:01:45)

Мила е уште кисела и кенкава ама мислам дека се опоравува. Денес и второто мое дете ( читај мм- кога е болен бетер од дете е) има пролив и него го фати вирусот. Ќе биде ова Велигден од перспективата на вц шољата[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




niki -> RE: Стомачен вирус (12.6.2010 18:03:18)

Бевме на лекар и изгледа имаме стомачен вирус. Па сакав да прашам дали во Мк докторите препорачуваат после повраќање да не се внесува ништо во организмот, ни вода едно три четири часа, па дури потоа да се почне со специјална исхрана? Ние едвај ги издржавме тие 3 часа бидејки пак ми поврати пред ручек и тогаш ја однесовме на лекар и тогаш дознав дека така требало. А овде е топло пекол денес таа жедна бара водичка гревче, морав да ја заспијам. Еве сега пиеше малку водичка и изеде двопек и бара уште. Нема пролив, температурата и е 37.8, се надевам нема да оди нагоре. 




Тања РР -> RE: Стомачен вирус (12.6.2010 18:21:42)

Не разбирам зошто ви кажале ништо да не пие после повраќање[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image].
Напротив, заради опасноста од дехидрирање многу е важно да се внесува многу течности. препорачливо раствор на електролити. Ники побарај во аптека, ги има од повеќе произведувачи.




Палешка РР -> RE: Стомачен вирус (12.6.2010 19:47:58)

Кога Марио имаше стомачен вирус и беше блиску до дехидрација, докторот од инфективното одделение ни препорача да даваме електролити лајче по лајче на 5 минути, додека да испие една чаша, па потоа постепено да се зголемуваат течностите. Ако повраќала и ако веднаш испие многу течност, можи да се повтори истото, ако не повраќала тогаш може наеднаш повеќе течност. Јас така сум правела.




niki -> RE: Стомачен вирус (12.6.2010 20:35:07)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања

Не разбирам зошто ви кажале ништо да не пие после повраќање[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] .
Напротив, заради опасноста од дехидрирање многу е важно да се внесува многу течности. препорачливо раствор на електролити. Ники побарај во аптека, ги има од повеќе произведувачи.



Објаснувањето беше дека желудникот е изиритиран и му треба време да се стабилизира па после тек да се дава малку по малку храна и вода. Одма ако се дало и голтка вода пак ќе се предизвикало повраќање.


Туку овде за температура да прашам. Ни дадоа чепчиња ако има над 38.5 во газето да и ставам. Сега пред малку мерев 38.1. А детево цел ден ми спие. Знам дека е од температурата, ама не знам дали да ја оставам да спие или да ја будам.  Кога спие и се качува, кога не спие се мачи целата е никаква[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Стомачен вирус (12.6.2010 20:49:05)

Јас би ставила чепче на таа температура и би ја будела за нешто да се напие, а инаку нека спие, сонот лекува.




Тања РР -> RE: Стомачен вирус (12.6.2010 21:02:38)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Кога Марио имаше стомачен вирус и беше блиску до дехидрација, докторот од инфективното одделение ни препорача да даваме електролити лајче по лајче на 5 минути, додека да испие една чаша, па потоа постепено да се зголемуваат течностите. Ако повраќала и ако веднаш испие многу течност, можи да се повтори истото, ако не повраќала тогаш може наеднаш повеќе течност. Јас така сум правела.


Tокму така, електролитите се пијат голтка по голтка на секои пет минути за да не се предизвика повраќање. Никако немој да го оставаш детето жедно, му треба вода во моментот.
Во врка со температурата и јас би и ставила чепче и ја олекла лесно.






big_mama817 -> RE: Стомачен вирус (8.7.2010 8:39:14)

и син ми вчера се жалеше на стомачето и го однесовме на лекар рекоа дека е стомачен вирус ни даде сируп електролити  и малу поинаков режим на храна синоќа ми поврати малку немаше пролив а утрово беше добар машала ќе видиме како ќе поминеме




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>