Лични ветувања и очекувања (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Bitolcanka -> Лични ветувања и очекувања (16.3.2010 0:14:18)

Секој од нас одвреме навреме сам себеси си ветува нешто (придружување до некоја диета, начин на исхрана, почнување со вежби, зачленување во некоја организација, промена на некои лоши навики, темпо на живот, ...), но често, без разлика дали лично од него или од некој друг x фактор, нешто го попречува во тоа. Некои лица вината ја префрлаат на се друго освен на самите себе, а некои тргнуваат од себеси, обвинувајќи се за сопственото непочитување на дадениот збор.

Дали и колку се придржувате до она што самите ќе си го ветите?
Дали си префрлувате за тоа, се обидувате да не бидете такви и успевате во тоа?
Колку сте одговорни спрема самите себе?




Bitolcanka -> RE: Лични ветувања и очекувања (16.3.2010 0:22:04)

Јас лично често се случува да си ветам многу работи и се трудам да си стојам на зборот, но не секогаш (многу ретко) успевам во тоа. Кога станува збор за други лица сум сосема поинаква- знам да бидам многу одговорна, сериозна, внимателна. Кога сум се договорила со некого, се држам до договорот, дури и по цена да одложам некои мои обврски. Макар и со задоцнување, со брзање, неодморена и сл., наоѓам начин да бидам во одреденото време со личноста на која и' сум дала збор-некое ветување. Во краен случај, ако ми излезе нешто итно, неодложно, му кажувам на другиот навремено, извинувајќи се и објаснувајќи ја причината. Многу ме нервираат неодговорни личности кои со своето однесување одат предалеку, не знаат за бон-тон и основна човечка култура.




vektor -> RE: Лични ветувања и очекувања (17.3.2010 9:44:49)

Ветувањето кон себе е секогаш потешко за одржување од ветувањето кон друг...
Постојат некои луѓе кои си поставуваат некои определени принципи и навистина се држат до нив...
На нас останатите (90%) [sm=smiley1.gif] ни останува да се трудиме да бидеме колку што е можно доследни на себеси, но и на другите...




Страница: [1]