Bitolcanka
|
Биле сите сме се почувствувале така во даден момент, но лошо е кога тоа се повторува, кога за многу нешта во животот бараме помош и совет од друг и остануваме друг да одлучи наместо нас. Јас на почетокот од врската со мојот сакан - дечкото само слушав, се прифаќав и од него и од неговите т.н. другари (брачен пар без деца) кои беа секогаш со нас. Излегувавме, дечкото и "другарите" кажуваа каде ќе одиме, колку ќе седиме, што ќе правиме ..., се ! Јас само молчев и "морав" да се сложам со се. Како резултат на тоа ја изгубив мојата личност, го изгубив своето "јас", станав послушна, без мислење и став, како сенка меѓу тројцата. Поминав низ многу тешки работи, станав нервозна, ги зголемив килограмите (од пречестото одење по ресторани по наредба на друг/и)... едноставно не бев таа јас, не се познавав ... За среќа, издржав. Кога не можев веќе да трпам, сфатив дека ја загубив сопственат личност и не можам да живеам без своето "јас", почна полека се да се средува, со дечкото повече се разбиравме... "Другарите" на дечкото го видоа тоа, не беше по нивно се, не им годеше тоа... Помина време, се случија многу работи, дојде момент - т.н. негови другари се покажаа во вистинско светло и пред дечкото, конечно го виде тоа - му се отворија очите (иако и претходно почнуваше да гледа што и како е), се тргнавме од нив. Јас бев повторно таа од порано, а дечкото - со разбирање, друга - нова личност. После дождот изгреа сонце. Се е лекција во животот. Никогаш пред никој не треба да потклекнуваме и да дозволуваме да бидеме манипулирани од други лица, да не вртат како сакаат. Секако, има ситуации кога "мораме" (се мора само да се умре, се друго е релативно, но сепак ...) да слушаме, без разлика дали мислиме дека сме во право, дека ни се скратени правата, не е почитувано нашето мислење: на работа, на факултет, во брак и сл. Но, не секогаш, не по секоја цена. Помина времето на патријархатот, сега сме еднакви со мажите и многу поспособни од нив, жално е да им се потчинуваме.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
|