Колку сте одлучни? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Bitolcanka -> Колку сте одлучни? (16.3.2010 0:39:19)

Постојано се соочуваме со ситуации и се наоѓаме пред лавиринтите кои ни' ги покажува животот, не знаеме кој е вистинскиот правец во конкретниот момент. Убаво е кога се има избор во животот, лошо е кога немаме. Некогаш бираме меѓу 3 и повеќе нешта. Колку повеќе алтернативи ни' стојат на располагање толку повеќе се двоумиме, размислуваме, не можеме да се одлучиме. Некогаш и меѓу 2 варијатни долго сме пред дилемата - 1 или 2, ДА или НЕ [sm=zmeden.gif] Често 1-ДА (НЕ) знае да не' однесе во сосема погрешен правец и долго време да се преиспитуваме, прекоруваме ... зошто така сме решиле, зошто веднаш сме одлучиле, сме избрзале, не сме послушале друг ... Јас сум од оние кои многу размислуваат, анализираат, се премислуваат, слушаат секого, но одлучуваат сами.

Колку брзо донесувате одлука?
Дали потпаѓате под нечие влијание?
Дали сте биле манипулирани од некого и дали тоа ви се случува често?
Дали секогаш за се' имате свој став и цврсто стоите до него, без оглед на се'?




Bitolcanka -> RE: Колку сте одлучни? (16.3.2010 0:41:31)

Дали ја применувате стратегијата на добри и лоши страни (предности и негативности) кога одлучувате за нешто/некој (предмет/услуга/личност) ?




lukas -> RE: Колку сте одлучни? (20.3.2010 22:36:51)

voopsto ne sum odlucna ama i sepak zavisi za so...




Bile -> RE: Колку сте одлучни? (20.3.2010 22:47:16)

Voopsto ne sum odlucna od pricina sto se cuvstvuvam kako da ja imam  izgubeno samodoverbata i se plasam da odlucam sama sekogas cekam drug da odluci mesto mene. Ovaa karakteristika ne mi se dopaga, cesto mi se slucuva da bidam vo situacija da treba vednas i sama da odlucam.




Bitolcanka -> RE: Колку сте одлучни? (21.3.2010 14:32:38)

Биле сите сме се почувствувале така во даден момент, но лошо е кога тоа се повторува, кога за многу нешта во животот бараме помош и совет од друг и остануваме друг да одлучи наместо нас. Јас на почетокот од врската со мојот сакан - дечкото само слушав, се прифаќав и од него и од неговите т.н. другари (брачен пар без деца) кои беа секогаш со нас. Излегувавме, дечкото и "другарите" кажуваа каде ќе одиме, колку ќе седиме, што ќе правиме ..., се ! Јас само молчев и "морав" да се сложам со се. Како резултат на тоа ја изгубив мојата личност, го изгубив своето "јас", станав послушна, без мислење и став, како сенка меѓу тројцата. Поминав низ многу тешки работи, станав нервозна, ги зголемив килограмите (од пречестото одење по ресторани по наредба на друг/и)... едноставно не бев таа јас, не се познавав ... За среќа, издржав. Кога не можев веќе да трпам, сфатив дека ја загубив сопственат личност и не можам да живеам без своето "јас", почна полека се да се средува, со дечкото повече се разбиравме... "Другарите" на дечкото го видоа тоа, не беше по нивно се, не им годеше тоа... Помина време, се случија многу работи, дојде момент - т.н. негови другари се покажаа во вистинско светло и пред дечкото, конечно го виде тоа - му се отворија очите (иако и претходно почнуваше да гледа што и како е), се тргнавме од нив. Јас бев повторно таа од порано, а дечкото - со разбирање, друга - нова личност. После дождот изгреа сонце.

Се е лекција во животот. Никогаш пред никој не треба да потклекнуваме и да дозволуваме да бидеме манипулирани од други лица, да не вртат како сакаат. Секако, има ситуации кога "мораме" (се мора само да се умре, се друго е релативно, но сепак ...) да слушаме, без разлика дали мислиме дека сме во право, дека ни се скратени правата, не е почитувано нашето мислење: на работа, на факултет, во брак и сл. Но, не секогаш, не по секоја цена. Помина времето на патријархатот, сега сме еднакви со мажите и многу поспособни од нив, жално е да им се потчинуваме.




Bogdancanka -> RE: Колку сте одлучни? (21.3.2010 23:21:49)

зависи за што се работи али во моментот ако одлучам нешто веднаш извршувам зашто ако оставам за друг ден се предомислувам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Bitolcanka -> RE: Колку сте одлучни? (4.5.2010 0:44:20)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka

Дали ја применувате стратегијата на добри и лоши страни (предности и негативности) кога одлучувате за нешто/некој (предмет/услуга/личност) ?


Јас сум ја применила кога сум сакала да видам што би ми било од корист ако се решам да направам некаков чекор - напред или да прескокнам нешто. А вие?
Во последно време сум се' поодлучна. Помислувам да направам нешто добро за мене, било да е тоа: вежбање, посета на козметичар, прошетка ... дејствувам веднаш. Можеби и пролетта ме поттикнува, помина периодот на студ, мрзоволност, депресија, несигурснот ...




profesorica -> RE: Колку сте одлучни? (4.5.2010 8:26:25)

ич не сум одлучна, лелееее...ич[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




scared RR -> RE: Колку сте одлучни? (28.11.2014 20:57:59)

Ич не сум одлучна, секогаш се предомислувам па дури и за најмала ситница [sm=zmeden.gif]




Ki4iko -> RE: Колку сте одлучни? (28.11.2014 22:57:22)

Јас сум доста одлучна, многу често ме бараат да одлучам за битни работи моите блиски,едноставно такава сум по карактер [sm=smiley1.gif]




caciana -> RE: Колку сте одлучни? (28.11.2014 23:42:36)

Jas sum Mnogu odlucna, sto ke resam toa pravam,nekogas znaam DA utnam ama toa e...[sm=smiley36.gif]




mamicki -> RE: Колку сте одлучни? (28.11.2014 23:50:24)

Многу, дури отсечна. Криво, право, брзо донесувам одлуки и веднаш се обидувам да ги реализирам.




Страница: [1]