mis. -> RE: што ако некој едноставно потфрли? (8.11.2009 16:47:35)
|
Што може да го намали неговиот сексуален нагон? Во последно време забележувате дека вашиот партнер е сé помалку заинтересиран за сексот( што обично им се случува на долгогодишните врски). Доколку сте во ваква ситуација, не мора да значи дека веќе не му се допаѓате на партнерот или не го возбудувате. Мора да знаете дека врз намалувањето на неговиот сексуалниот нагон може да влијаат повеќе фактори: Честото консумирање алкохол.... Не мора да пие многу алкохол за да се намали неговиот нагон за секс. Понекогаш и две три чашки се доволни за да се случи истото. Алкохолот често може да го расположи, но и да го отпушти, а со тоа да се изгуби и сексуалниот нагон. Исто така, консумирањето некои рекреативни дроги може да направат вашиот партнер да не биде расположен за водење љубов. Не му се допаѓа сопственото тело... Тој е незадоволен од сопственото тело, се чувствува дебело и со целулит. Тоа се случува доколку нема самодоверба и не може да ја извади таа мисла од главата. При вакви ситуации, тешко му е да поверува дека е секси и посакуван. Оваа ситуација е вообичаена и кај мажите и кај жените. Но може да се реши! Советувајте го да практикува квалитетна исхрана, вежбање и физичка активност со чија помош ќе изгледа подобро. Верувајте дека по извесно време така и ќе се чувствува. Со тоа ќе порасне и желбата за секс. Недоволен сон... Најчеста причина е заморот. Мажите доживуваат големи стресови поради одговорноста на работа и дома, па по тешкиот ден, најмногу им одговара топла бања и добар сон. Доколку неговиот сон е нарушен, односно не е доволен за тој да може да функционира во текот на работниот напорен ден, сигурно е дека и сексуалниот нагон ќе му биде намален. Недостигот од сон создава замор, а заморот го поткопува сексуалниот нагон. Или можеби страда од несоница. Што и да му пречи на неговото спиење, му пречи и на вашиот сексуален живот. Проблемите во врската... Проблемите што настануваат во врската често може да успеат да го убијат сексуалниот нагон. Неговата недоволна желба за секс станува и ваш проблем . Лошата комуникација, секојдневните расправии, недоволната доверба и сличните бариери може да го нарушат неговиот сексуалниот нагон. Така се губи дел од блискоста и забавата. Ова може, помеѓу вас двајцата, да доведе до развивање чувство за одбивност што доведува и до комплетно апстинирање од сексот. Така ќе почнете да се сомневаат за заемната привлечност. Многу често овој проблем може да се појави поради тешкото постигнување оргазам, импотенција или болки при односот.
|
|
|
|