Еца -> Да посакаме некому нешто... (30.6.2009 8:50:36)
|
Еве ја отворам оваа тема каде моментално ќе ги искажеме нашите чувства и ќе напишеме како се чувствуваме, да порачаме и кажеме некому нешто, без разлика доколку тој, некој никогаш ќе прочита што сме напишале за него. Еве јас ќе почнам прва. Бескрајно сум среќна, бидејќи утрово моето мало сонце Мартина во сон ме гушна и бакна.Знае таа без ниту една причина и друг да бакне, онака спонтано и да каже "многу те сакам мамо или татичко, бабо или дедо" А јас ќе се растопам од среќа во тие моменти...Те сака мамичка најмногу на светот жабче мое најмило...и да порака за моите родители "Мамо и тато, ве сакам многу и фала ви за се што сте направиле и правите за мене!" [image]http://www.33smiley.com/smiley/other/11.gif[/image]
|
|
|
|