lolla RR -> RE: Средства за чистење (20.8.2014 14:44:31)
|
Порано користев Пулирапид и Доместос за шоља, но од пред 4-5 години чистам со оцет алкохолен и сода бикарбона. Оцетот е незаменлив за бигор, плочки, керамика, стакло инокс итн... а содата за секакви прљавштини на шпорет, плотни, остатоци од сапун и за подобрување на јачината на прашокот за перење. Оцетот, пола шољичка заменува омекнувач и целосно ги плакни алиштата. За мувла и поголема дезинфекција - хидроген. За прашина - ракија а за дезинфекција на работни површини, шоља од надвор итн микс од хидроген па се прска оцет, или алкохол 90% од аптека. Еднаш годишно, чистам се со Дизентам за дезинфекција од аптека. Кој не верува за оцетот нек проба на лавабото, нека истури на сунгер нека пребрише па нека пише. Мислам никогаш не би дишела повторни доместоси и пулирапиди. А најблиску до оцетот од купечки средства е Фрош.
|
|
|
|