RE: Заштитни креми за сончање (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Излети и годишни одмори



Порака


princessa -> RE: Заштитни креми за сончање (28.5.2014 9:23:38)

jas go koristam za dvete deca zastitniot na bübchen 50, a go imam i toj so 30+ i sum super zadovolna. Koga nema mnogu sonce i ne e epten zesko toj so pomal zastiten faktor go stavam.




Ilina87 -> RE: Заштитни креми за сончање (3.7.2014 13:12:13)

Се мислам да земам заштитен крем Еуцерин со 50 фактор за[sm=duda.gif], кажете ми дали може да се става и на лице или само за тело се користи? Некоја препорака за кремче со заштитен фактор за лице за бебе?




ostoun -> RE: Заштитни креми за сончање (3.7.2014 22:34:16)

Za decata do sega sum koristela samo nivea 50 + i baby i kids. I nikogas ne izgorele stvano e super. A za mene i doctors i becutan.




Bethany -> RE: Заштитни креми за сончање (3.7.2014 23:17:19)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ilina87

Се мислам да земам заштитен крем Еуцерин со 50 фактор за[sm=duda.gif], кажете ми дали може да се става и на лице или само за тело се користи? Некоја препорака за кремче со заштитен фактор за лице за бебе?

Јас секогаш го користам и за лице и за тело. Искрено, никогаш и не видов заштитен крем специјално за лице за бебе, ниту некогаш слушнав да некој користи или препорачува истото [sm=zmeden.gif]




elenak -> RE: Заштитни креми за сончање (4.7.2014 0:36:23)

Годинава сакам да пробаме со Бекутан 50-ка фактор. Читав многу пофални зборови ама некако како да имам некои предрасуди, дека се што е наше не чини, па стално го отфрлам како опција. [sm=zmeden.gif] Ама штом мајките одобруваат ќе го пробаме.[sm=smiley1.gif]




Defne90 RR -> RE: Заштитни креми за сончање (4.7.2014 0:45:49)

И ние ќе земаме годинава бекутан.И мене ми го пофалија многу мајки па да пробаме.[sm=smiley1.gif]




AneLav RR -> RE: Заштитни креми за сончање (4.7.2014 8:25:29)

И јас го користам Бекутан уште од лани само за шетање бидејќи на плажа уште не сме се изложиле супер е. Еве вака изгледа...
[img]http://www.becutan.com/UserFiles/imgProducts/thumb/8588814601713672614.jpg[/img]




AnnaMolly RR -> RE: Заштитни креми за сончање (4.7.2014 9:53:40)

Бекутан ми е испробана и многуу ефикасна работа, па не гледам зошто би го менувала. И преклани и лани го користев, годинава дефинитивно пак.




princessa -> RE: Заштитни креми за сончање (4.7.2014 10:24:32)

И јас едвај чекам да одам за мкд и да си ја купам целата колекција од Бекутан. Луѓе верувајте, незаменлива е. Сум пробала разно разни скапи и на хип и на бубхен,нивеа, веледа итн ама бекутан е еден и единствен. Едвај чекам и јас да го пробам ова средство за сончање(покрај останатите што ги користам, овами остана[sm=smiley36.gif]).




elenak -> RE: Заштитни креми за сончање (4.7.2014 10:42:07)

АнеЛав колку мл е ова? Мало ми изгледа, тешко дека ќе покриеме 15-тина дена одмор со едно.




AnnaMolly RR -> RE: Заштитни креми за сончање (4.7.2014 12:54:49)

Елена, сто посто ќе ти стигне за 10 дена одмор и дури ќе остане.




Felly RR -> RE: Заштитни креми за сончање (4.7.2014 13:48:50)

Ние го користиме Бекутан со 30 фактор, и е 150 мл, ова со 50 фактор мислам дека беше помало. За 15 дена може и да не ти стигне, зависи и колку ќе се мачкате. [sm=smiley1.gif]Јас обавезно ја мачкам по 5-6 пати во денот и речиси потрошено ни е за 10 дена. Сега оваа година намалив со мачкањето, барем малку боја да фати, инаку се бела ко сиренце останува, исто ко да не била на одмор.[sm=smiley36.gif]




Snowhite RR -> RE: Заштитни креми за сончање (6.7.2014 23:08:57)


ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak RR

АнеЛав колку мл е ова? Мало ми изгледа, тешко дека ќе покриеме 15-тина дена одмор со едно.

елена не е мало зашто е густо и потешκо се ρазмачκува таκа да ќе ти стигне, јас сеκое лето κупувам по едно и доволно е, а го κоρистам и κога излегуваме ги мачκам или аκо одиме на базен, значи освен одмоρот




Felly RR -> RE: Заштитни креми за сончање (26.4.2016 14:48:41)

На К му се јави егзема на обравчињата, не е во некој голем степен, го мачкам со пантексол, ама матичната ми кажа дека тој не е за на сонце, кога излегуваме да го мачкаме со еуцерин. Има ли од него посебно за лице, или лосионот да си го купам што е за цело тело? 25ка фактор планирам.




marchi -> RE: Заштитни креми за сончање (30.4.2016 9:25:11)

sega brzo citav informcija deka proizvodite za soncanje na bekutan sodrzat paraben nie sme nemale maka,samo lani gi imame koristeni (na 2ipol god) a za deca do 1 god najcesto koristele i preporacuvaat eucerin. e sega najdobro i najzdravo bilo koristenjeto na maslo na prirodna baza ama za dete mislam deka slaba zastita imaat tie




Kvisko -> RE: Заштитни креми за сончање (30.4.2016 17:00:35)

Felly нас педијатарот ни препорача да го купиме Еуцерин 25 зашто имал физички не хемиски филтер за сонце што е подобро за бебешка кожа. Ние имаме скоро 4 месеци ама мачкаме зашто Ј е многу бел. Секако не го изложуваме намерно на сонце ама при шетање го гаќа од време на време сакал нејќел. Еуцеринот е тој нема за лице цело телце вклучително и лицето се мачка со тој.




Ilina87 -> RE: Заштитни креми за сончање (16.6.2016 15:25:07)

Мајки, која заштитна крема би ми ја препорачале за дете од скоро 3 години? Минатите лета ја користевме кремата од chicco, но некако мала ми е и лани не ни стигна. Се мислам за нивеа со 50 фактор [sm=zmeden.gif]




mommy_angels RR -> RE: Заштитни креми за сончање (16.6.2016 23:01:09)

Јас ја купувам Бекутан за ќерка ми и презадоволна сум,така да и летово ќе и ја земам истата.




marchi -> RE: Заштитни креми за сончање (17.6.2016 11:07:22)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ilina87

Мајки, која заштитна крема би ми ја препорачале за дете од скоро 3 години? Минатите лета ја користевме кремата од chicco, но некако мала ми е и лани не ни стигна. Се мислам за нивеа со 50 фактор [sm=zmeden.gif]

malku pogore se kiskutirase na kremi za deca.bekutanot sodrzel parabeni i mnogu deca imale reakcii,nie licno isto kako mommy_angels sme zadovolni od bekutan,jas bi kupila edna krema za celo semejstvo. i nie ja koristime




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]