Еца -> RE: Фебрилна конвулзија (грчеви) (26.6.2009 12:42:29)
|
* Честа појава во детската возраст. Се јавуваат кај 2-5% од децата на возраст помеѓу 6 месеци и 5 години. Настануваат при нагол скок на температурата ( може да настанат и при нагло намалување на температурата), најчесто кај деца со банални инфекции. Најголема зачестеност е околу втората година. * Нападот настанува одеднаш, обично во тек на некоја манипулација со детето ( намалување на температура, преслекување, по оброк, по будење и сл.). * Детето ја губи свеста, помодрува, и најчесто започнуваат симетрични трзаи на рацете и нозете, а на устата се јавува пена. Во тек на нападот најчесто се измокрува. * Оваков напад обично трае кратко ( најчесто помалку од една минута, ретко до 15 минути) и престанува спонтано. Потоа детето заспива, а при тоа често се забележува, значаен скок на температурата. Ретко се случува повторен напад, во рамките на следните 24 часа. * Грчевите кои не се предизвикани со температура траат подолго, може да зафаќаат еден дел на телото и може да се јавуваат повторувачки. Што треба да направат родителите ако детето добие напад? * Додека нападот трае, единствена сврсисходна активност е детето да се сврти на мев со главата свртена на страна, за да може пената да се излива надвор. * Секоја агресивна манипулација, масажа со цел на намалување на температурата, насилно отварање на устата и тресење на детето за да се освести, може да предизвикаат само додатна стимулација на и онака пренадразнетиот нервен систем и го продолжуваат нападот. * Кога нападот настапил по прв пат, родителите најчесто не знаат да применат некој медикамент, со цел да се прекине или спречи нападот. * Кога нападот ќе се смири, детето треба да се разлади, темпeратурата да се намали, да се дадат лекови за снижување на темпeратурата ( Парацетамол). * Не е задолжително секое дете кое добило фебрилни напади, да добие антиконвулзивен лек, нити има потреба да се стави на превенција со антиконвулзивни лекови. * Ако детето добие ваков напад треба да се одведе на лекар , кој понатаму ќе направи диференцијација дали се работи за обични фебрилни напади ( можно е нападите да се знак на сериозна болест на централниот нервен систем пр. инфекција на мозочните обвивки- вирусна или бактериска). Во такви случаи нападите се подолготрајни и често отпорни кон терапијата која се дава за прекинување на нападот Дали може да се прекине нападот? Нападот може да се прекине со диазепам-раствор за ректална примена. Растворот на лекот се втиснува во чмарот со помош на специјален наставок, и потоа се истиснува растворот во количина 0.3 мг/кг.т.т., максимум 3-5 мгр во единечно давање. Ова може да се повтори по 10 минути, со иста постапка. Во колку нападот е упорен, постапката може да се примени и трет пат, а во меѓувреме треба да се повика лекарот. Дали фебрилните напади оставаат последици и каква е шансата да се повторат? * Овие напади не се опасни и вашето дете нема да има долгорочни здравствени проблеми. Фебрилните напади не предизвикуваат мозочно оштетување, проблеми на нервниот систем, парализа, ментална ретардација или смрт. * Фебрилните напади имаат тенденција да се јавуваат во одредени фамилии. Ризикот да се добие повторен напад, во тек на други фебрилни епизоди зависи од возраста на детето: деца кои се помали од 1 година во времето на првиот напад имаат 50% шанса за повторен напад. Деца постари од 1 година во време на првиот фебрилен напад имаат 30% шанса за повторен напад.
|
|
|
|