penelopa -> RE: Бикини или целосен купаќ (16.6.2010 13:34:05)
|
Најдобро бикини за вашата фигура Од сите различни костими за капење, најдобро е да изберете некое што ќе прилега на вашата форма на тело. Многу жени се плашат од летната сезона токму поради фактот што не можат да најдат бикини што ќе им одговараат. Отстранете го стресот и фрустрацијата околу костимот за капење со запознавање на вашето тело и со стилот што најмногу ви одговара. АКО СТЕ ГОЛЕМИ ВО СРЕДНИОТ ДЕЛ? Најголем проблем околу изборот на бикини имаат жените кои сакаат да го минимализираат стомакот. Најдобар избор е едноделниот костим, со него ќе можете да го одвлечете вниманието од половината. Пробајте да најдете бикини со вертикални линии. Тоа ќе направи да изгледате послаби. Тие што сметаат дека едноделниот костим е конзервативен, може да ги заменат со танкини што малку повеќе открива. Танкини костимот е всушност дводелен костим на кој му се отсечени страните, а горниот и долниот дел е поврзан со материјал. За помалку да ви се оцртува стомакот, изберете танкини со повисок струк. АКО ИМАТЕ АТЛЕТСКО ГРАДЕНО ТЕЛО? Слабото и атлетско тело има големи раменици, а половината и колковите се слични по големина. Едноделниот и дводелниот костим што имаат детали околу половината ќе направат вашето тело да има облини и да изгледа поатрактивно. АКО ИМАТЕ МАЛИ ГРАДИ За да додадете волумен на градите изберете горен дел што ќе има срцевидно деколте. Внимавајте деколтето да не биде предлабоко. Горниот дел може да биде набран, или, пак да купите со кошнички што видно ќе ги зголемат вашите гради. АКО СТЕ ПОГОЛЕМИ ВО ДОЛНИОТ ДЕЛ НА ТЕЛОТО? Најдобар избор за жените кои имаат поголем задник и колкови се оние што вклучуваат и здолништа за капење. Ако не ви се допаѓа овој стил, купете долен дол што целосно ќе го покрие задникот. Алтернативно, можете да користите и марама што може да ја заврзете на колковите. АКО ИМАТЕ ГОЛЕМИ ГРАДИ? Правилната потпора за градите треба да е приоритет за секоја жена со големи гради. Вие можете слободно да одлучите помеѓу едноделен и дводелен костим за капење, но гледајте да одберете бикини со дебели прерамки и вметната жица во горниот дел. Имајте на ум дека оние бикини што се без, или, со тенки прерамки не се доволно добри да ги издржат големите гради и да им дадат убав облик.
|
|
|
|