Calypso
|
AnaMari, првите три-четири дена е најтешко кога ќе се ставиш на режим - после организмот ти се навикнува. Јас после породување ослабев некое кило, ама најмногу кога малиов наполни 6 месеци, тогаш ме стопи (многу цицаше, а друго млеко не пиеше). Е после, зимата, јас си се поправив, оти си јадев што ми текне и кога ми текне. Ама еве, имам пишувано претходно - се ставив на режим при кој не си ускратив ништо, само не вечерав, пазев на тоа да не мешам јаглехидрати со месо, јадев салати, благо не си ускратив, ама секојдневно пешачев по два пати денвно со малиот во количка, вежбав и одев малку на третмани за целулитиштево... и има ефект. Имам намалено во обем на најширокото место (колковите) и тоа 6-7 цм, стомакот видно намален (само оној дел над раната од царскиот си стои виснат ), и што е најважно, разбиен ми е длабинскиот целулит, кожата на бутовите ми е видно затегната, измазнета и прочистена - масажите се навистина супер, ама болат многу, барем мене ме болеа. Сега дома ќе продолжам со масажерот и антицелулитни креми, ќе вежбам, се навикнав на режимот, и вака ми оди прилично добро. Имав 70 кг во јуни месец, сега сум некаде 62-63кг. 60кг ми е оптимално, иако сум само 157цм висока, не личам на ништо со 55кг. Затоа и килограмите не ми се репер, туку обемот.
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
|