|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  66 67 [68] 69 70   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Слабеење
12.2.2014 23:28:37   
elenak
Епа женички преминав јас денес на млака вода со лимон, не можам со тој оцет.user posted image Арно ама почнав и да си вежбам по дома и сега СЕ ме боли. Се разочарав вчера пробав да правам стомачни и стигнав дури до 3.user posted image Мм ми се изнасмеа. Ма не ми се веруваше дека толку сум закржлавена.user posted image

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 1676
   RE: Слабеење
12.2.2014 23:37:43   
Defne90 RR
Eee elenek taka i ni treba koga na vezbanje ni teknuva samo koga veke kilogramite ni se nafrlale i drugo care nemame.Namesto da si vezbame redovno nie si se tesime pa sto ni fali super sme se dodeka ne uvidime deka vsusnost trebalo do sega da go praktikuvame toa.Ako ama jas vikam nikogas ne e kasno za vezbanje,e sega prvite nekolku dena ke vidis maka dodeka da se porazgibas ama posle nema problem.I jas mislam deka samo so vezbanje iskombinirano so zdrava hrana ke dobieme dobri rezultati sto podrazbiram gubenje na kilogramite i posle da ne ni se vratat po nekoe vreme.Vsusnost zabrzuvanje na metabolizmot.Samo toa ne spasuva.A sto velis so ocetot nisto a?I jas ke probam pa ke vidime kolku ke bidam istrajna.Sega za sega i jas mozam da kazam deka ako ne drugo barem go ograniciv vnesot na jaglehidrati a posebno na cokoladite.Ama da se zainaetam mislam deka ke uspeam od ishranata da gi isfrlam site nezdravi raboti sto sekojdnevno gi konzumiram.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 1677
   RE: Слабеење
13.2.2014 9:36:59   
LoveableMe RR

"ДИЕТА: Ослабете до 5 килограми за само 3 дена!

Оваа диета е многу едноставна и дава одлично резултати. За само 3 дена ќе ослабете до 5 килограми.

Ваков начин на исхрана се држи само 3 дена во кои можете да ослабете дури и до 5 килограми. За време на диетата се јадат варени компири и се пие јогурт со ниска масленост. Скробот од компирите заедно со млечната киселина обезбедуваат минимална дневна доза на калории. Кога ќе дојде во контакт со вода, скробот набобрува во желудникот, а со тоа дава чувство на ситост.

Режим на исхрана:

Ден 1
Појадок: 1 варен компир без сол, 1 чаша јогурт
Ручек: 2 варени компири без сол, 1 чаша јогурт
Вечера: 2 чаши јогурт

Ден 2
Појадок: 1 чаша јогурт
Ручек: 2 варени компири без сол, 1 чаша јогурт
Вечера: 1 варен компир без сол, 1 чаша јогурт

Ден 3
Појадок: 1 варен компир без сол
Ручек: 1 варен компир без сол, 1 чаша јогурт
Вечера: 1 чаша јогурт

Правете разлика помеѓу помфрит и варен компир, кој е многу здрав. Тврдењата на некои истражувања дека компирот не дебелее се погрешни, доказ за тоа е и овој начин на исхрана со кој ќе ослабете и до 5 килограми. Компирот содржи многу витамини и минерали, а поради содржината на влакната ја забрзува работата на цревата и варењето на храната. 100 гр. компир содржи само 75 калории, што е помалку од чаша цеден сок од портал кој содржи 90 калории. Од друга страна јогуртот ја регулира работата на системот за варење, со што се отстранува вишокот течности и отрови од организмот."

Извор: Вистина мк


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 1678
   RE: Слабеење
14.2.2014 17:31:56   
SkCura77
Понеделник - 65 кг
Петок - 62 кг

Кој го пиша тука оној ѓумбирон со вода и лимон, алал да му е! user posted image
Се трудам да издржам, не е лесно, зашто по цели денови готвам башка јадења по дома за тројца и се тоа убаво мириса и изгледа. Еднаш ме фати криза да седнам и да се најадам како човек и баш тогаш маж ми си ја побара пролетната јакна да ја извадам од шифоњер. Вадејќи ја се сетив зошто не јадам - моите убави, нови, неносени летни фустанчиња ми се насмевнаа и ми рекоа стрпи се уште малку, па ќе не облечеш user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1679
   RE: Слабеење
15.2.2014 14:51:35   
ana mari
Понеделник - 65 кг
Петок - 62 кг

Кој го пиша тука оној ѓумбирон со вода и лимон, алал да му е!
Се трудам да издржам, не е лесно, зашто по цели денови готвам башка јадења по дома за тројца и се тоа убаво мириса и изгледа. Еднаш ме фати криза да седнам и да се најадам како човек и баш тогаш маж ми си ја побара пролетната јакна да ја извадам од шифоњер. Вадејќи ја се сетив зошто не јадам - моите убави, нови, неносени летни фустанчиња ми се насмевнаа и ми рекоа стрпи се уште малку, па ќе не облечеш
aj ako sakas kazi mi so pisese da probame i nieuser posted image i jas imam 65kg user posted image user posted image user posted image nikako da gi simnam


< Поракaта ја уредил ana mari -- 15.2.2014 14:52:45 >

(Одговор на членот SkCura77)
Непосредна врска до пораките: 1680
   RE: Слабеење
15.2.2014 17:49:18   
SkCura77
Aна Мари, прочитај ги претходните постови на оваа тема, има јаки финти и убави совети за слабеење. Јас не сум за екстремни промени, имам време до пролеќе да намалам и да ме зберат алиштата.
Јас лично два-три пати на ден пред јадење пијам 200 мл вода со малку ѓумбир и сок од лимон или портокал. Кафе и чај пијам без шеќер, месо јадам варено или печено, зеленчук како тазе салата или сварен за вечера, овошје за ужинка и овде-онде по некоја вежба. Одбегнувам леб, благи работи, конзервирана храна и сл што не се препорачува при диета.
Деновиве на сонцево удрив на пешачење со саати и дома лесни вежби за раце и нозе стегнување кожа па од идната недела здравје боже планирам и масажи со обичен пластичен масажер зашто како да почна кожава да ми подвиснува а и целулитот си го имам и си го носам.
Ќе го биде... Сонувам за богато наредена пица по мој вкус, пржени плескавици и пржени компирчиња и чоколадо ама сонувам и новата тесна гардероба да ме собере.... Ќе се почестам по диетава user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот ana mari)
Непосредна врска до пораките: 1681
   RE: Слабеење
17.2.2014 10:44:48   
Mihaela 2010
Minatiot ponedelnik 65.5
Denes 64.4
Malku sum bolna pa se namalii apetit, ama ideme ponatakauser posted image
Bethany javiiii se

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот SkCura77)
Непосредна врска до пораките: 1682
   RE: Слабеење
17.2.2014 19:19:52   
Bethany
Михаела, леле не се мерев, утре ќе се мерам, отсабајле, полесна ќе сум user posted image
Малку се опустив деновиве со јадење, ама вежбам се уште, па ќе видам што вага ќе покаже.

А СкЦура, алал да ти е, тако брзо 3 кг? user posted image
Јас ништо да не ставам во уста тие денови, пак нема да намалам толку . user posted image


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 1683
   RE: Слабеење
18.2.2014 0:57:07   
Defne90 RR
Женски а да ве прашам нешто околу оцетот.Значи овде кај нас една жена прави домашен јаболков оцет.Ме интересира дали може да се пие домашен,сепак мислам секако дека е на по на природна база тој.Или мора де е индустриски пакуван.И исто така дали може со било каков од индустриски пакуваниот само да биде јаболков.Цело скопје го превртеа но никако не можеа да ми го најдат тој Холестоп.И ако може препорака кој е најдобар односно кој го пиете вие.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 1684
   RE: Слабеење
18.2.2014 9:39:28   
elenak
Дефне нема подобар од домашно направен, земај и ич не се мисли. Јас барав да најдам домашен ама не можев, а тој сигурно е и многу повкусен од овој индустрискиот.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 1685
   RE: Слабеење
18.2.2014 15:35:22   
Mihaela 2010
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR

Михаела, леле не се мерев, утре ќе се мерам, отсабајле, полесна ќе сум user posted image
Малку се опустив деновиве со јадење, ама вежбам се уште, па ќе видам што вага ќе покаже.


EEe znaev s tom te nema deka si napravila belja nekoja,znaev



< Поракaта ја уредил elenak RR -- 19.2.2014 23:55:38 >


_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 1686
   RE: Слабеење
19.2.2014 1:43:02   
mimi 27
женски кажувајте најбрз и наефектифенначин за слабеење(исхрана и вежби после церски рез) ваше искуство??user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 1687
   RE: Слабеење
19.2.2014 7:02:21   
Goddess*
Jas bi ti ja preporachala UN dietata,bidejki imash bash raznovidna hrana,pogotovo ako si doilka,mozesh da se pridrzuvash na ovaa,plus bi ti go preporachala gumbirot(vo predhodnite postovi pogore mozhesh da ja prochitash podgotovkata).

(Одговор на членот mimi 27)
Непосредна врска до пораките: 1688
   RE: Слабеење
20.2.2014 0:57:20   
mimi 27
Goddess* ти благодарам мора да почнам за ѓумбирот видов .. ама ун диета ако можиш пусти ми во ПП .. се надевам ке има резултати.. поздрав

(Одговор на членот Goddess*)
Непосредна врска до пораките: 1689
   RE: Слабеење
22.2.2014 17:06:06   
SkCura77
Бетани, не се чуди, стварно се симнаа 3 кг зашто удрив наеднаш и диета по мое и вежби по дома и пешачење со стегнати нозе.
Предминатиот пон-пет - од 65 кг на 62 кг
Минатиот пон-пет - од 62 кг на 60 кг

Викендов ќе пазам да не се опуштам а минатиот викенд се погоди сонце па трчав на Водно како луда, а за пушач тоа е најлошо, ќе ми експлодираа градиве тоталка. Инаку за време на бременоста пред 3 години кренав едвај и со молење на вагата 10 кила што некако се изгубија при породувањето, ама качив после 7 кила при доење и се изобличив. Затоа сега вежбам, се стегам, се масирам со масажер зашто не ми е важна толку килажа намалена колку стомакот, задникот и бутовите да ги оформам како што треба. Ве поздрави целулитов мој на тие места, грозна сум во кратко и тесно, се се таласа! user posted image
Еден куп алишта чекаат на мене, нови, необлечени и ПОТЕСНИ! user posted image
Денес ми подарија некоја антицелулитна крема, се изначитав на интернет какви вежби специјално за целулит требало па да видиме. Си поставив некој рок НАЈДОЦНА до 1 април да влезам во најтесните панталони и најтесното фустанче што ги имам дома, па ќе видиме.... Здравје, ќе видиме....

(Одговор на членот mimi 27)
Непосредна врска до пораките: 1690
   RE: Слабеење
22.2.2014 19:51:00   
Yummy Mammy
Ja znaete feng shui dietata?

Friziderot da vi bide postaven so vratata prema dzidot

user posted image user posted image user posted image

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот SkCura77)
Непосредна врска до пораките: 1691
   RE: Слабеење
23.2.2014 10:37:27   
Felly RR
Не сум слушнала до сега за оваа диета, ама сигурна сум дека е ефикасна. user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 1692
   RE: Слабеење
24.2.2014 11:55:53   
Mihaela 2010
Isto i denes kako prosliot ponedelnik 64.4
\Se drzam ne popustam,malku mi se vrati apetit od sto bev bolna,ama ne veceram,i blago oddamna nemam probano,vcera edna kocka i mi se zgadi ako mi veruvate
I jas do april imam nekako zacrtano ete i maj neka bide za da dojdam do 60 kg pa ke vidime,inaku jabolkoviot ocet go isfrliv,loso mi vlijae na hemoglobinot,omalaksana sum i ke teram bez nego

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 1693
   RE: Слабеење
24.2.2014 16:58:41   
SkCura77
Хајмо, ајмо, још мало па нестало!!!
Денеска трета недела, мора да се издржи. Почнувам со 60,3 кг па ќе видиме до каде ќе стасам (удолу, нели)!
Михаела, јас оцетот твој го пиев разблажен со вода и мед првите неколку дена па да извиниш ми се згади од вкусот па се префрлив на вода со ѓумбир и лимон, почнав да се топам видливо а и полесно му се маскира вкусот на ѓумбирот со кој било цеден сок. Ама удрив ептен на вежбање, на ден двапати вежбам и се правам со вежбање и трчање, дури и обично одење по леб во дуќан. Сонцево ме растрча на кеј и на Водно, мислам дека освен диета по сопствени критериуми, вежбање мора да се стегнеме. Мора да се држиме и да издржиме!!!
Поздрав до сите оптимисти, јас кога губам воља среде недела само отварам шифоњер и добијам дупла мотивација.
user posted image user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 1694
   RE: Слабеење
24.2.2014 18:49:52   
Mihaela 2010
Ajde Skcura samo napred. Bethany se otkaza za zal
Si treba vezbanje i te kako jas od utre a moze i vecer da povrtam na orbitrekot i da pravam linija.. ne veceram pa ke vidime

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот SkCura77)
Непосредна врска до пораките: 1695
   RE: Слабеење
24.2.2014 22:38:39   
elenak
Браво женски јаки user posted image Јас сеуште си терам со лимон и млака вода секое утро, два дена не вежбав дека добив и баш ми е жал што морав да паузирам, а што убаво си тргнав, се осеќав лесно. Чудно за два дена мислам дека пак се поправив, од user posted image нервна бев и плус родендени,гости, ручеци, внимавав на количината на јадењето ама не и на благотоuser posted image . Од денес продолжив со вежбање ама од утре повторно и рестрикција на благото, МОРАМ!
Инаку не се мерам, немам намера да се оптеретувам со кг, старите алишта ќе ми го покажат резултатот.user posted image

< Поракaта ја уредил elenak RR -- 24.2.2014 22:40:10 >


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 1696
   RE: Слабеење
25.2.2014 10:50:57   
princessa
Најновото научно истражувања донесе неверојатни вести. Можете да ги намалите килограмите изграјќи го легендарниот Тетрис.

Вистинскиот класик меѓу игрите - тетрис, кој настана во далечната 1984 година, може да ви помогне не само при симнување на вишокот килограми, туку и во текот на процесот на одвикнувањето од пушење и конзумирање алкохолни пијалоци.

Научниците тврдат дека е доволно само три минути дневно да се помине во играње на Тетрис за да може мозокот некое време да „заборави“ на грицките, цигарите или алкохолот.

А во пракса тоа изгледа така што во текот на сложувањето на тетрис формата, мозокот ја губи врската со визуализацијата на храна и пороците од кои лицето сака да се ослободи.

Сето ова е потврдено при изведувањето експеримент врз испитаниците, во состав на истражувањето спроведено на Универзитетот Плимут.

Половина од испитаниците ја добиле играта и веднаш почнале да играат, додека другата половина чекале подолго време играта да се вчита. Овие првите, кои веднаш почнале да играат, почувствувале 24 отсто помала желба за пороците, за разлика од оние другите испитаници.

- Желбата за нешто, обично трае неколку минути. Доколку во тие неколку минути мозокот го занимаваме со Тетрис, желбата се намалува. Но, доколку мозокот мисли само за објектот на желбата, таа, секако се зголемува и се потешко може да се одолее на тоа што мозокот го визуализира, тврди професорот Андраде.

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 1697
   RE: Слабеење
25.2.2014 15:34:03   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Ajde Skcura samo napred. Bethany se otkaza za zal
Si treba vezbanje i te kako jas od utre a moze i vecer da povrtam na orbitrekot i da pravam linija.. ne veceram pa ke vidime

Sto zboruvas, kakvo otkazuvanje?
Pa mene mi slabeenje stana dozivotna misija od sega pa natamu user posted image
Nekogas ke padnam, no bitno prodolzuvam.
e vistina se otkazav od UN dieta, ama mi bese tesko nekoi denovi da se organiziram so jadenjata, ama pocnav pa i so gjumbirot i limonot ( lele tahikardija dobivam od napitokov user posted image ) Mm me zeza i vika deka i user posted image bi izedela za ubavina. ( neka ne ve buni znakceto-smajlito: ne e medot so osite sto letaat okolu nego user posted image )
E da, cekam da mi zavrsi period pa se vrakam na vezbanje.
stvarno ne mozam taka da vezbam.
e ne se merev, vagata me demotivira. user posted image
ke pocekam uste nekoj period.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 1698
   RE: Слабеење
25.2.2014 15:37:48   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: SkCura77

Бетани, не се чуди, стварно се симнаа 3 кг зашто удрив наеднаш и диета по мое и вежби по дома и пешачење со стегнати нозе.
Предминатиот пон-пет - од 65 кг на 62 кг
Минатиот пон-пет - од 62 кг на 60 кг



E pa se cudam za sebe bidejki kg tesko pagaat. Ubedena sum deka i cela nedela bukvalno nisto da ne stavam v usta, dali ke izgubam kilo.
A ne deka tebe ne ti veruvam. Prodolzi samo :)

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот SkCura77)
Непосредна врска до пораките: 1699
   RE: Слабеење
25.2.2014 16:24:53   
Bethany
Pak jas:)
So gjumbirot greska sum pravela, jas ja rastvorav edna lazica vo sokot od eden ceden limon.. bez voda :))
Sega ve procitav ponazad deka treba so mlaka voda rastvoreno seto toa, taka?
Pa ne e cudno sto srceto me stegase:))))

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 1700
Страница:   <<   < Претходна страница  66 67 [68] 69 70   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  66 67 [68] 69 70   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?