miana
|
До кај сме со слабеењето жени? Јас почнав веке втора недела терам со нутриционистичката диета, и добро ми оди.. Првите 6 дена симнав 1,5 кг сега не сум се мерела, решив да се мерам само кај неа кога одам ( за да не губам надеж) Леб немам ставено во уста веке 10 тина дена, благо ништо, грицки-мицки- ништо... Наутро пијам половина цитрон, еден лимон, два листа блитва и малку целер+ кокосово масло. Ова се блендирам и пијам.. Па си правам еден шејк во нутри булет од: цвекло, јаболка, банана,киви, ѓумбир, морков, јагода, вишна, аронија, семе од чиа, тиква, сончоглед, интегрален сусам, ленено семе, маџун и цимет... На ова додавам вода, го правам како сок и си го пијам..Ме држи сита, немам проблем.. Околу пладне пијам млеко од соја со две лажички какао. До пладне пијам 2 л вода.. Ручеците секој ден ми се различни... Денес имам боранија, утре риба, сабота печурки, недела пченка.. И мнооогу салати. За вечера само салати.Ете ја мојата диета и успешно ми оди...Да не го заборавам орбитрекот во деновите кога не одам на зумба.. Облакам Хот и шејперс маичката и хеланките, се мачкам со сатва и сега за сега супер ми е , немам проблеми....
_____________________________
Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.
(Одговор на членот miana)
|