vezilka RR -> RE: Пролет (20.3.2012 15:02:27)
|
Пролетта е прекрасен период. Таа доаѓа по зимата, кога сме измрзнати и незадоволни затоа што многу седиме внатре, а ако излегуваме треба да се облекуваме топло. Иако се убави снегот или лизгањето по мразот, поради студенилото редовно сме незадоволни. Но, неминовно по студениот период доаѓа промената. Така е сега - се зголемува траењето на денот, небото е посино, а сонцето свети сé почесто и посилно. Станува сé потопло. Кокиченцата ја најавуваат пролетта веќе и под снегот. Потоа излегуваат и други полски цвеќиња, дрвјата добиваат пупки, а некои веќе се расцутуваат. Првите цутови ги радуваат сите, бидејќи човекот ја сака убавината, а пролетните прелести се најубавата природна слика. Сé повеќе има зеленило, тревата, џбуновите и дрвјата изгледаат сé поубаво по зимската стиснатост и сивило, сенките не ни пречат, бидејќи покрај нив има силно осветлени големи површини, надвор сé повеќе деца одат со откриени глави и не се завиткани со шалови, домашните животни се раздвижени и ги има сé повеќе по дворовите и улиците, птиците црцорат повесело и насекаде се јавуваат пчели и други инсекти, кои можат да почнат да го бараат нектарот. Волшебната Природа си ги покажува своите сили и ние уживаме во новиот здив на вистинската нова година (затоа старите народи - Римјаните, Кинезите, Словените - Новата година ја славеле во март, кога почнува пролетта). Да и посакаме добредојде на пролетта!!!!
|
|
|
|