Накитот за свадба (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Свадби, крштевки, годишници ...



Порака


mami -> Накитот за свадба (22.3.2010 11:46:34)

Каков накит носевте на денот на свадбата? Сами си го купивте, ви го подарија, го позајмивте?




profesorica -> RE: Накитот за свадба (22.3.2010 12:07:40)

подарок од свекрва ми и свекор ми.ме однесоа во златара, си го одбрав комплет, огрлица, алка, прстен и обетки.комбинација бело/жолто злато и + дискретно штрас.

[image]http://photos-g.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs215.snc1/8234_102299426453404_100000200417176_67527_443649_n.jpg[/image]




jovanka -> RE: Накитот за свадба (22.3.2010 12:12:42)

zlaten nakit sekako podarok od svekor mi i svekrva mi vo zlatara sama si go biram vo konsultacija na mm i svekrva mi mislam tradicionalno se podaruva na nevestata zlaten nakit za svadba.No dokolku sega bi pravela svadba ima mnogu prekrasen nakit od belo zlato i nakit od tipot na svarovski,tomassabbo koi vo svoite kolekcii imaat isklucitelni parcinja na nakit.




penelopa -> RE: Накитот за свадба (22.3.2010 12:43:47)

Накитот за свадба ми го купи сопругот. Бидејќи не сум голем љубител на злато, единствено што сакам се обетки па затоа си купив од Swarovski плус нараквица комплет. Од свекрва ми добив плус накит и од бабата на сопругот што се пренесува на помладите, традиционално. Но пак велам, не сакам ланчиња и сл. и многу ретко носам.




Cacko -> RE: Накитот за свадба (22.3.2010 13:03:57)

ne sakav da mi kupuvaat zlato ni negovite ni moite,posto i ne nosam mnogu(da ne recam ic[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]) i posto mnogu ubavo mi odgovaraa edni obetki i ogrlica podarok od mm od prethodno,nesakav da kupuvame drugi za dzabe.btw site se cudea kako toa ne mi kupile zlato negovite[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]e taka ,NE SAKAV
[img]http://www4.slikomat.com/10/0322/gmv-IMG-89.jpg[/img]




melody -> RE: Накитот за свадба (22.3.2010 16:37:28)

Od nakit nosev obetki bizuterija sto mi odgovaraa so fustanot zatoa sto zlato ic nesakam ama sepak dobiv na svadbata prekrasna ogrlica i obetki belo zlato od najmaliot brat na maz mi pa sakala nesakala mi ja stavija na vrat[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]Inaku tuka e adet na svadba na nevestata i davaat site pokaneti gosti poklon zlatna alka i ja redat cela sto mene mi e bljaaak ama koga ke podrazmislam podobro sto ubavo taka da si soberes od svadba pari za cel eden stan i kola se razbira vo zavisnost od toa kolku gosti ti dosle[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image](da ne me razberete pogresno nie go nemavme dovolniot broj na gosti za toa[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image])




Natuska85 -> RE: Накитот за свадба (2.1.2011 23:56:45)

Јас носев само обетки и алка на Сваровски,ептен беа дискретни.Такви и сакав да не се примеќаат многу,за фустанот да си дојде до израз




AnnaMolly RR -> RE: Накитот за свадба (25.6.2011 18:43:36)

Јас се утепав од убедување со свеки да не ми купува накит, а бе кога запна да купела, ме пукна! Ми вика: „Што да кажам кога ќе ме прашаат на работа што сум и купила на снаата?“ Е, добро, аман купи ми. Сама си ги одбрав, обетки, прстен и огрлица. Огрлицата ја носев само на свадбата и никад више, не сакам накит. Обетките ми се скршија, а прстенот не го носам зашто и овие два што ги носам (веренички прстен и бурма) ми се и повеќе од доволно.




Maca25 -> RE: Накитот за свадба (25.6.2011 20:33:15)

Мене моите ми го купија накитот - прстен, ланче и обетки од бело злато. Само прстенот го носам и се каам сега што дозволив да ми купат, затоа што ама ич не носам накит. 




Mihaela 2010 -> RE: Накитот за свадба (8.12.2013 21:20:22)

Mene nakitot bas me izmori. bidejki bev malku trudnicka i uste toa mi ostana ajde niz carsija so majkami i snaami abe puknav. Nosev bizuterija taka raskosno lance obetki i edna alka. ama dusa mi izleze




nataly86 -> RE: Накитот за свадба (10.12.2013 0:26:16)

Najlesen del mi bese izborot na nakit...znaev tocno koj obetki gi sakam od swarovski otidov i si gi kupiv[sm=smiley36.gif]




Kvisko -> RE: Накитот за свадба (31.1.2014 15:24:14)

И мене не ми беше тежок изборот. Си одбрав огрлица, обетки и алка од бело злато уште за веридбата и знаев дека ќе ги носам на свадба. И ден денес ги носам на свечени и специјални прилики и секогаш добивам комплименти за нив.




andrijance90 -> RE: Накитот за свадба (31.1.2014 15:34:12)

Jas za svadbava sega planiram samo obetcinja da nosam od swarovski visecki so kristalcinja, seuste ne sum gi kupila samo razgleduvav, i eventualno alka isto nekoja nezna. Lancinja ne sakam voopsto, dovolno e sto korsetot na vencanicata ke e ukrasen plus i kosata ke mi e pustena taka da nema potreba od lancinja [sm=smiley36.gif]




Mila mamicka -> RE: Накитот за свадба (20.5.2014 15:58:59)

Од страна на накит, на свадбата носев само обетки (поклон од мм за претходниот роденден, од Сваровски) и вереничкиот прстен. Ама, за веридбата добив од свекор ми, свекрва ми и девер ми прекрасен комплет (огрлица, алка и обетки) од бело злато, и многу си го сакам. Ги носам секогаш кога ми одговараат на гардеробата, а и онака сум љубител на злато, па си носам секогаш.




deluxe -> RE: Накитот за свадба (20.5.2014 23:45:11)

Накитот на мојата свадба ми беше од бело и жолто злато огрлица и обетки со кристали .Тие си ги добив подарок за веридбата од мм,а си ги избрав јас.Многу се нежни и свечени,затоа ги носам само на посебна гардероба и во специјални прилики[sm=smiley1.gif]




scared RR -> RE: Накитот за свадба (30.11.2014 0:22:12)

Имав само обетчиња и алка кои си ги направив во Олимпија во Беверли ( мислам нема кој не ја знае, врв е за свадбен накит) и ми беа во склоп со венчаницата, а да заборавив имав и венче исто таму направено , се беше во склоп со целата венчаница, нежно, не нападно, токму какво што сакав [sm=smiley1.gif]




Страница: [1]