mamasane -> RE: Развојот на превреме родените бебиња (23.3.2010 17:59:30)
|
Палче, те мислев што се изгуби толку време ама само ти уживај си во дружењето со Миа. А за темава што ја постави, истите стравови ги имав и јас зашто Никола ми е роден во 26-та недела а тоа ме предупредија дека носи свои ризици и дека треба да бидам спремна дека ке касни во развојот во споредба со врсниците. Исто така не упатија на редовни контроли во Развојно советувалиште кај др.Двојаков, тоа е во зградата на Поликлиника Бит Пазар. Не знам дали одите и вие таму, ама со оглед дека Миа е исто така пред време родено бебе би требало да одите, зашто таму на секоја контрола има преглед од педијатар, психолог и дефектолог и тие си водат досие за детето и најдобро можат да ти кажат како напредува и кои реакции во кој период треба да ги очекуваш. Јас сум презадоволна од целиот тим таму, прекрасни се сите доктори, ќе ти ги разрешат сите недоумици околу развојот на детето, убаво ќе ти објаснат за се што те интересира. Ние бевме на контрола минатата недела и психологот и дефектологот ни рекоа дома да си одиме среќни и да си се гушкаме зашто Никола во психомоторниот развој си ги стигнал врсниците и беа презадоволни како се развива. Значи, пред време родените деца по извесен период почнуваат да ги стигнуваат во развојот своите врсници и затоа не се секирај и најважно немој да правиш споредби со други деца. Секое дете си е личност за себе и многу се неблагодарни споредбите, зашто и кај децата што се родени во термин има разлика кое во кој период прозборело, проодело и сл. Ама за да бидеш помирна, ако до сега не сте биле кај др.Двојаков, ти препорачувам да одите. Мис, фала многу за написот, има многу вистина во него и ќе биде од корист за мамичките што имаат пред време родени бебиња.
|
|
|
|