Calypso -> RE: RE:Здивот на бебето (30.12.2010 8:40:36)
|
Maca, а колку годинки има Нина? Прашувам, затоа што велиш дека со паста и' ги миете забите. Кај дете што не знае да плука не се препорачува миење на забите со паста, поради флуорот што го содржи. Но не ми беше тоа зборот. Непријатниот мирис не е секогаш од забите. Кога се мијат забите, треба убаво да се измие и јазикот, оти и тој знае да биде собиралиште на бактерии, кои делуваат на остатоците од храна, па предизвикуваат непријатен мирис. Освен тоа, секој од нас има своја специфична бактериска флора во устата, а со тоа може да има и специфичен здив. Друга причина за непријатниот здив може да бидат крајниците - имаат ниши во кои се задржуваат остатоци од храната и се распаѓаат, па затоа има непријатен мирис. А крајниците не можеш да ги чистиш некако посебно освен со гаргара, а не верувам дека девојчето може да го прави тоа. Исто така, кај некои луѓе причина за непријатниот здив може да биде и некое нарушување во варењето на храната, па има и враќање на храната од желудникот во устата, притоа не мислам на повраќање. Ама тоа обично е кај постари луѓе, кај кои попуштил мускулот на хранопроводот што го спречува враќањето на храната во устата. Кај децата може да е јазикот или крајниците, ако нема расипани запчиња.
|
|
|
|