Луна парк (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


jovanka -> Луна парк (25.3.2010 14:37:57)

Se priset_iv denes na nasiot Luna park kolku e beden i mislam kako vremeto da zastanalo koga ke gi vidam fotografiite od mene kako dete i sega ama identicni plus-minus nekoj rekvizit i toa nikakov staven nisto ne se pezema so godini nitu vo parkot samo najavuvaat i nisto od toa.Mozeme nekoj den eve proletta ni dojde pa namesto vo igrotekite moze i vo Luna parkot ili Zooloskata ama mediumski pokrieno barem za mig da im ja nasocime mislata na gradskite tatkovci deka treba da se razmisluva malku pointezivno i za decata nasata idnina.




Tanja K. -> Луна парк (25.3.2010 14:43:19)

Јованце,мислиш дека тие незнаат што е како е со паркот.Па ке чекаат ние да им спомнеме.Нив сега им требаат пари за споменици.Децата наши со тоа ке си играат и со тие споменици ке растат.Ние да си се дружиме,но нема потреба од медиум или било што.




vezilka RR -> Луна парк (25.3.2010 14:43:27)

И јас сто пати си го имам истото помислено..Како бе 100 години поминаа а во Луна Паркот ништо да не се сменело. Мислам дека многу мизерно изгледаат тие реквизитите..




jovanka -> Луна парк (25.3.2010 14:48:09)

abe oci ke im izvadi parkot vo kakva sostojba e! Vo pravo si so spomenicite nesakav da gi spomnuvam nemam nisto protiv neka gradat ama neka napravat nesto i za nasite soncinja.Nema sekoj sredstva da si go odnese deteto vo Diznilend?Moze so mnogu malku sredstva da se podobrat uslovite.




penelopa -> Луна парк (25.3.2010 14:58:39)

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka

И јас сто пати си го имам истото помислено..Како бе 100 години поминаа а во Луна Паркот ништо да не се сменело. Мислам дека многу мизерно изгледаат тие реквизитите..


Се сложувам потполно...срамота е една метропола како што е Скопје да има таков Луна парк (ако може воопшто така да се нарече). Не знам под чија надлежност е ама крајно време е нешто да се смени...т.е се да се урне и да се направи еден современ Луна парк со нови реквизити. Мене искрено би ми било страв таму да пуштам дете....тоа е толку старо и дотраено...навистина катастрофално....уааааа за надлежните [image]http://www.tiptopglobe.com/skin/smile/s12511.gif[/image]




vezilka RR -> Луна парк (25.3.2010 14:59:54)

Под надлежност на Град Скопје мислам..




arh_diz -> Луна парк (25.3.2010 15:02:22)

Ke go sredam samo treba i inicijatorite da zemat dobri pari kako za spomenicite.




Annabel -> Луна парк (25.3.2010 16:03:37)

Мислам дека е под надлежност на Паркови и зеленило Скопје




vezilka RR -> RE: Луна парк (22.3.2012 11:17:47)

Скопскиот Луна Парк постои од 1973 година и оттогаш функционираат истите реквизити, кои веќе ги гази времето и бараат обнова.

Наредната година се планира нов и модерен Луна Парк.

Новиот парк ќе се гради на површина од 25.000 метри квадратни на местото на стариот Луна Парк, вклучувајќи ги и дискотеките. Ќе има разни реквизити и атракции за забава, угостителски објекти, затворен дел за играње, дел за продажба на сувенири, паркиралиште и техничка инфраструктура.

Начелно, планираниот парк би имал капацитет од 200.000 посетители и тематски содржини за сите возрасти од најмладите до возрасните.

Мислам редно беше. Ние бевме викендов и стварно е катастрофа, ама децата се радуваат. Никола го возевме само вовозот и беше целиот ќефен [sm=smiley36.gif]. Можам како ќе биде со сите тие нови работи. Баш сакам да го видам тоа.




AnnaMolly RR -> RE: Луна парк (22.3.2012 11:39:59)

Се надевам дека ова што си го пишала навистина ќе се реализира. Ни треба еден убав и модерен забавен парк. Овој е како од времето на Хитлер.

Едвај чекам!




vezilka RR -> RE: Луна парк (23.7.2012 14:26:00)

Вчера бевме во Луна Парк. Се возевме во вовчето и во тие што се како авиончиња што се вртат и се качуваат нагоре. Никола едвај го симнавме од таму, не сакаше да си оди. А со страв го качивме, заедно со татко му оти тие се за поголемки, мислевме да не му е страв оти тоа и не е баш така споро. Ама тој гајле нема. Баш ме интересира на тие вртелешките што се за помали, од која возраст ги пуштате сами, цело врееме ги гледав и се мислав дали да го пуштам сам. Ама пак ова моево не е баш прорачунливо, може да му текне да стане на сред возење, хи, хи. А немаат ништо за обезбедување, врзување..




Pepelaska * -> RE: Луна парк (23.7.2012 14:42:32)

Ние тука немаме луна парк, има еден чичко има импровизирано направено вртелешка со количиња (има за врзување ) .Прв пат кога го седнавме пукнав од страв да не му текне да излезе ама не , си уживаше и не сакаше да излезе.
А на друго страв ми е да пробам




AnnaMolly RR -> RE: Луна парк (23.7.2012 15:41:06)


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Вчера бевме во Луна Парк. Се возевме во вовчето и во тие што се како авиончиња што се вртат и се качуваат нагоре. Никола едвај го симнавме од таму, не сакаше да си оди. А со страв го качивме, заедно со татко му оти тие се за поголемки, мислевме да не му е страв оти тоа и не е баш така споро. Ама тој гајле нема. Баш ме интересира на тие вртелешките што се за помали, од која возраст ги пуштате сами, цело врееме ги гледав и се мислав дали да го пуштам сам. Ама пак ова моево не е баш прорачунливо, може да му текне да стане на сред возење, хи, хи. А немаат ништо за обезбедување, врзување..


Комшике, сме се утнале! И ние двчера за првпат бевме во Луна парк со Филип. Го возевме на оние малине вртелешки што беа со жирафи, со бротче, со камионче. Веднаш до Панорамата што се. Тие се мали и полека возат. Пресреќен беше! Ќе ставам и видео после, ќе го видите.
И на вовчето се возевме. Мене ми беше страв да го седнам на нешто друго зашто во секој момент може да му текне да стане и да посака да се симне, па ќе скрши глава како лубеница [sm=smiley36.gif]

Сега за сега, остануваме на „бебешките“ вртелешки и на вовчето. Едно време сакав кај тие поголемите вртелешки да го седнам, ама немаа ни појас ни бутур. И ми беше страв. Да има нешто да се врзе (како во количка на пример), гајле немам. Ама вака, не, фала. Што е сигурно, сигурно си е.

А за цените да не правиме муабет! Што е тоа бе 45 денари едно возење во никакви услови?!




vezilka RR -> RE: Луна парк (23.7.2012 16:13:23)

Го возевме на оние малине вртелешки што беа со жирафи, со бротче, со камионче. Веднаш до Панорамата што се.


Е де за тие зборев и јас, ама ми беше страв да го седнам, што ако му текне да стане. Стварно полека возат, ама јас треба да трчам околу вртелешка по него. [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] Дури правевме стратегија со мажле јас да стојам на една страна, тој на друга и да „чуваме стража“ ама на крај се откажавме и седнаа со татко му на тие големите, кај што може и возрасен да се пикне. А имаше и од оние што работат на паричка, што се нишаат и едно ептен мало вовче ама тие не работеа, касно беше, налиовај ние сме ноќни птици и таму бевме накај 21 часот, хе,хе сите бебиња тогаш нанаат [sm=jezicek.gif] Иначе ние и досега сме го носеле, ама сме го возеле само во возот.




AnnaMolly RR -> RE: Луна парк (23.7.2012 19:44:56)

Оф леле! [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]

Вие барем двајца сте биле! А јас со мм и свеки бев, па сите тројца ја опколивме вртелешката како да ни е најголем непријател!
Ама тетката што ја пушта стоеше веднаш до машината и рече дека во секој момент може да ја исклучи ако мрда или ако станува.




Ikana -> RE: Луна парк (22.1.2013 9:20:46)

Навистина штета што кај нас нема убав луна парк, мислам дека би дремеле таму секој ден. Јас обожавам луна паркови, посебно тие возбудливите вожњи. Се надевам дека во скоро време ќе го средат нашиов луна парк и ќе можеме да се возиме по цел ден.




Mihaela 2010 -> RE: Луна парк (22.1.2013 9:28:47)

Gradot veti deka ke se renovira....se nadevam deka ke go ispolnat vetuvanjeto[sm=smiley36.gif]




Bethany -> RE: Луна парк (14.6.2013 18:26:33)

ИЗВОРНА ПОРАКА: ole2004

Несретнав ваква тема,но ако има преместете ја.Колку сте задоволни од Луна паркот во Скопје?Јас мислам дека е катасрофа,се е старо,искршено,нечисато...Градот ветува со години реновирање,но ништо не превзема.Тој треба да е забава за возрасни и деца.Што би сакале да содржи?

ИЗВОРНА ПОРАКА: Octavia RR

Луна Парк е со се останат децении назад, освен со цените [sm=hudicek1.gif]. 45 ден билет за 3 мин возење со некој реквизит е премногу, посебно за овие што ги имаат. А за реквизитите за малите и нема блок карти, па се мора да се плаќа 45 по 45 по 45... Ама навистина барем да се вложува нешто, а не вовчето исто како јас кога сум била колку што се сега моите деца, автодромот исто, оние вртелешките јадни прастари... Ама нема некој избор, па пак од време на време одиме таму.


ИЗВОРНА ПОРАКА: mami2

додека се изгради новиот луна парк, што се ветува со години моиве деца ќе пораснат. Одиме сепак редовно, со блок карта за двајцата за руинираните и за`рѓани реквизити




Страница: [1]