|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  61 62 [63] 64 65   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Вакцинирање на бебето
11.3.2015 9:32:56   
sandriana RR
2рата доза ДТПер требаше да ја примиме на 30 јануари. Бебево беше со секрет во нос и грло, и ја одложивме за 3 недели. После тоа ја доби само едната боцка - за Хиб, а Полио и Дитепер пак одложивме за 10 дена. Потоа, ги примивме и овие 2 вакцини.
Поминавме без видливи реакции, но на местото од боцнатото, во ноџето, деновиве забележав поткожно јазолче, како топче. Го масирам и полека се разбива.
После последниве случувања во врска со вакцините и смртта на 2те бебиња на почеток од месецов, пак ме фаќа паника и дилемата дали да продолжам со вакцините.
Читав по нетов дека дури и медицински лица своите деца ги вакцинираат во Грција и Србија, од страв од нашите вакцини.
Ова стана тоталка психолошка војна.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 1551
   RE: Вакцинирање на бебето
14.3.2015 13:06:07   
lukajana RR
Мислам дека треба да има некој ред и секаде да се почитува ,ако детето треба да се прегледа убаво и да му се провери крв пред вакцина тоа мора да се направи без исклучок.Јас првото дете го носев на вакцина во Јане Сандански и вакцина се прима со резултат од крвна слика,сега малава ја носам во Поликлиника Ченто и никогаш не ми побарале крвна слика па јас и проверувам крв па матичната ја прегледува па дури тогаш одиме на вакцина и малтретирање цел ден дека матичната не и е во таа амбуланта и само ја шетам без потреба а може се на едно место да се среди

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот tincule)
Непосредна врска до пораките: 1552
   RE: Вакцинирање на бебето
16.3.2015 16:34:23   
Gardenia
Уф значи од темава коса ми се креваuser posted image ,ако ми верувате ноќе не спијам од што незнам што да правам,која одлука да ја донесам за моети дете.Утре правиме три месеци а досега ја примивме само првата вакцина што се дава после породилиште за Хепатит б,требаше пред две недели да ставаме ДТП прва доза но носето и се растече и одложивме.Еве сега таман се среди и да ја носам на систематски утре,пак почна да кива и гледам пак носето проблемuser posted image ,јас сум настината па изгледа од мене ја фати,па ќе чекаме.
Искрено и јас незнам со што квалитет се нашите вакцини,не сум баш сигурна во нашето здрсвство,со оглед на тоа што на се се штеди,па којзнае на тендери кои добиваат,сигурно најефтините и со пошкарт квалитет.

(Одговор на членот sonc90)
Непосредна врска до пораките: 1553
   RE: Вакцинирање на бебето
16.3.2015 16:43:49   
lukajana RR
Gardenia викаат ако им тече носе можело вакцина ама јас ако ми се настинати малку или некој дома да е настинат не ги носам , има време ке прими вакцина

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Gardenia)
Непосредна врска до пораките: 1554
   RE: Вакцинирање на бебето
16.3.2015 16:50:28   
Gardenia
Па да де,така ми вика и матичната,нема ништо на плуќа чиста е,ама јас не сакам да ризикувам макари и после два месеци да прими

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 1555
   RE: Вакцинирање на бебето
16.3.2015 17:09:40   
sandriana RR
Gardenia, не брзај, нека дооздрави, па ќе се боцнете. Вам ви е прва доза ДиТеПер, полио и ХиБ на ред, така? Ако не, нека прими една по една, не мора трите одеднаш да бидат.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Gardenia)
Непосредна врска до пораките: 1556
   RE: Вакцинирање на бебето
18.3.2015 13:29:48   
Ilina87
Денес стигна втора покана за ММР вакцината user posted image , пишува да одиме веднаш.
Целонсо се согласувам со blue_blue никој во оваа држава доволно не те информира кои се последиците од вакцините, што содржат и точно на никој нема да му биде гајле ако нешто му се случи на детето.
Пред да имам дете мислев е премногу неодговорно да не се вакцинира како за детето, така и за целото општество. Но сега поинаку гледам на работите, имајќи во предвид во која држава живееме и се какви матни работи се прават со тенедери во здравството.

(Одговор на членот Gardenia)
Непосредна врска до пораките: 1557
   RE: Вакцинирање на бебето
18.3.2015 13:39:58   
Melanija RR
Ilina87 на иста возраст ни се децата јас немам добиено ниту една покана. Ми кажаа дека тукашната ММР е од производител од одличен ранг ,како и што се ставаат и во соседните земји.Така што тоа не ме загрижува туку самата реакција на детето индивидуално

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 1558
   RE: Вакцинирање на бебето
18.3.2015 14:04:01   
Ilina87
Melanija, исто и мене ми е повеќе за тоа како ќе реагира. Плус моето е родено со ризик, фала Богу супер е во цел развиоток дури и понапредно, зборува, интелегентен е, но стравот е присутен. Навистина не знам како да постапам, цело време сум загрижена за реакција од вакцините.

(Одговор на членот Gardenia)
Непосредна врска до пораките: 1559
   RE: Вакцинирање на бебето
18.3.2015 14:14:21   
lukajana RR
Илина ако ти е страв пробај да ја одложиш баш сега гледав синко ја примал на 26 месеци ,јас него му ги одложував колку што можев ама и болежливо дете е па затоа сите вакцини ги каснеше

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 1560
   RE: Вакцинирање на бебето
19.3.2015 22:00:09   
lukajana RR
Денес ја примивме последната доза од HiB вакцината,реакција никаква немавме убаво ја поднесе,наредна ни е Мали сипаници и заушки после роденденот.Малку ке здивнеме од вакцини.

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 1561
   RE: Вакцинирање на детето
20.3.2015 11:18:09   
AneLav RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav RR

Моиве ги примија сите вакцини на време и освен последната за другите немаа никакви реакции, добро последната им беше само црвено газе и мало така нерасположение. Следната вакцина ни е на 4 години. Јас сум за вакцинирање и стојам на ставот дека децата треба да се вакцинираат. Така ги заштитувате нив а и другите дечиња што растат во нивна околина. Нус појави може да има од се и од витамините што секојдневно им ги даваме, не дај Боже. Ние кога сме биле деца сме ги примиле сите вакцини, па нашите родители ниту можеле да прочитаат по форуми ниту да најдат нешто на интернет, ниту пак нас нешто ни се има случено. Се сложувам дека има различни вакцини во зависност од производителот и дека тогашните можеби биле поквалитетни но што се мора се мора тоа е мој став.

Постар ми е постов ама сепак го имам истиот став. Ако ви е шубе од овдешните вакцини купувајте ги од странство, но е ги оставајте децата невакцинирани.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 1562
   RE: Вакцинирање на детето
20.3.2015 11:39:41   
Felly RR
Темата за вакцини не беше толку актуелна пред 5 години, немаше толку ни дилеми, ни дискусии за вакцините. Ние ги имаме примено сите до сега, ама сме гледале да е сосема здрава М, дури и ако била настината, не само да помине настинката туку да помине и барем уште една недела, за да се опорави и зајакне организмот, па нека е и закаснето.Дури и кога имаше сипаници, во консулатиција со матичната ни рече вакцина доаѓа во предвид дури по 3 месеци одкако поминале сипаниците.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 1563
   RE: Вакцинирање на детето
20.3.2015 12:02:40   
Melanija RR
Кои ви се се сознанијата за вакцинирање по месец мај,во лето?Лани кога примивме ни рекоа после летото.М е прави 2год во август а сакам и мислев ММР да ја прими 1-2месеци пред роденден.

Треба некако што поскоро да ги искомбинирам ММР и дтп/полио/инфлуенса ревакцината.Колку време треба меѓу две вакцини? Сега е 19м па нема баш време и додатно што сега е период на сипаници и тоа ме тера да размислам прво ММР да ја примиuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 1564
   RE: Вакцинирање на детето
20.3.2015 13:59:11   
topce
ако е вакцинирањето само заради стравот од сипаници треба да имате на ум дека вакцината е против мали сипаници, а тие што најчесто ги има се големи сипаници и кај нас не се вакцинира против тие сипаници.така да не мора да се брза.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 1565
   RE: Вакцинирање на детето
20.3.2015 22:02:06   
lukajana RR
И јас се мислев за вакцинација во лето и не знам што да правам ,вчера ми вика докторката после роденденот ама сакам да ја одложам барем малку пр.да ја прими на есен би имала 18 месеци па после два месеци ревакцините ,не верувам и дека некој ке ме опомени сигурно со одморите нема да имаат времеuser posted image

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 1566
   RE: Вакцинирање на детето
20.3.2015 23:45:23   
Melanija RR
Да само за едните сипаници, но сепак треба заштита зошто многу потешко се прележуват.

lukajana RR на 15 м ми се јавија да ме потсетат и толку, еве 19м немам ни јавување ни опоменаuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 1567
   RE: Вакцинирање на бебе
21.3.2015 9:16:07   
Felly RR
Меланија јас колку што знам, вакцинирање во лето не препорачуваат заради евентуална реакција од вакцината, значи да не дојде во најжешките денови да крене Т. Нас така не има советувано матичната ако ептен се високи температурите, а сме требале да примиме вакцина, да почекаме некој ден, да се симнат малку температурите, а инаку мислам дека нема некоја причина зошто во лето не би вакцинирале. Ако ги комбинираш двете, мислам некој погоре пиша дека треба барем месец да помине меѓу две вакцини.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 1568
   RE: Вакцинирање на бебе
21.3.2015 19:44:43   
sandriana RR
Девојки, дел од муабетиве за вакцините - ЗА или Против се префрлени во посоодветната тема ТУКА, па таму може и да продолжиме да дискутираме и искажеме ставови.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 1569
   RE: Вакцинирање на бебе
25.3.2015 13:15:42   
Gardenia
Вчера примивме прва доза на Хиб само,дтп и полио нареден месец.Добро поминавме,не ми качи температура,вака весела си е ,не е нешто посебно раздразлива одколку вообичаено

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 1570
   RE: Вакцинирање на бебе
30.3.2015 23:27:25   
hopeless
Ние треба да ја примиме таа на13 месеци што е, ММР мислам беше. А мене коса ми се крева од се што прочитав. Се мислам да ја одложувам колку што можам
За оваа требаше да се има пробано белка, нели?
Ние уште немаме пробано.

(Одговор на членот Gardenia)
Непосредна врска до пораките: 1571
   RE: Вакцинирање на бебе
31.3.2015 9:42:08   
AneLav RR
Да, за ММР треба да има пробано цело јајце, односно и белка.
Ако веќе сте со полни 12 месеци, полека пробајте - може прво во некое пециво што содржи цело јајце, или пак директно само парче варена белка.
А вакцината не е страшно и да ја одложите некој месец. Може да се прими до 2 години мислам, сепак прашајте.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот hopeless)
Непосредна врска до пораките: 1572
   RE: Вакцинирање на бебе
31.3.2015 11:27:02   
mommy_angels RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: hopeless

Ние треба да ја примиме таа на13 месеци што е, ММР мислам беше. А мене коса ми се крева од се што прочитав. Се мислам да ја одложувам колку што можам
За оваа требаше да се има пробано белка, нели?
Ние уште немаме пробано.

за одложување не е проблем,само внимавај да не направиш како мене user posted image .Ммора да ја прими пред две да наполни,оти дотогаш треба да прими и ревакцина на една друга(не се сеќавам која),а таа мора да се прими пред да наполни две години детенцето.Јас така одложувајќи ја ММр,ја прескокнав оваа другата .Не дека ми е жал еден стрес помалку,ама џабе ја примила првпат user posted image

(Одговор на членот hopeless)
Непосредна врска до пораките: 1573
   RE: Вакцинирање на бебе
31.3.2015 14:38:39   
Melanija RR
Планираме крај на април за ММР ,што значи нема градинка до мај месец .Уф многу ќе дојде и тешко ќе биде потоа ,но тоа е сакам да е дома и здрав ,не ризикувам.Па здравје мај0јуни ревакцината ДТП,Полио и Инфлуенса.И летото на раатuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 1574
   RE: Вакцинирање на бебе
31.3.2015 15:34:48   
hopeless
Епа значи имаме време. Ќе гледам до есен да ја одложуувам, доколку можам. Со син ми сите навремено ги примивме и фала му на Бога добро помина.
Но сега со сите овие информации човек незнае како да постапи

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 1575
Страница:   <<   < Претходна страница  61 62 [63] 64 65   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  61 62 [63] 64 65   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?