|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  64 65 66 [67] 68   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Вакцинирање на бебето
21.10.2015 14:35:06   
lukajana RR
Денес ми се јавија за вакцина МПР по втор пат и и викам болна е прима терапија ми вика донеси ја да ја прегледа доктор user posted image ,викам како да ја донесам болна е кашла .
И почна да урла сме каснеле четири месеци ке ме пријавела ,е тогаш косата ми се крена па ја пријавив јас неа за малтретирање .
Ви се јавуваат ли вас вака нападно за вакцини или оваа на лева нога станала?
Л до три години ги примаше овие вакцини и никогаш не ми се јавиле од Јане Сандански .


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 1651
   RE: Вакцинирање на бебето
21.10.2015 15:10:40   
vezilka RR
Не ми се јавиле никогаш. Јосиф има само една вакцина примено и никогаш не ми се јавиле. А за Никола еднаш каснев кратко време беше, не се сеќавам колку, и така една ми се јави и ми урлаше, ми се закануваше со казни, тогаш фрштеа казни уште. Сега за Јосиф никој не ми се јавил. Јас па мислев престанале да се јавуваат бидејќи родотеливе веќе научија дека не мора да ги вакцинираат децата и дека не смеат да ги казнуваат заради тоа. А уште помалку таму некоја невротична да ми се дере по телефон!

Јас пак прашував сега што се случува со дечињата ои примаа вакцини на клиника, и ми рекоа дека таму веќе не боцкаат, дека сите ќе ги префлат на редовна вакцинација, бидејќи сега соте биле ацелуларни. Само ми рекоа за Јосиф да донесам потврда оод нефлогот дека смее да прима вакцини, а баш се прашувам дали ќе ми издаде таква нефрологот.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 1652
   RE: Вакцинирање на бебето
21.10.2015 15:46:27   
Felly RR
НИе дека БСЖ ја немавме примено на болница, бевме пред некоја недела за таа, докторката ни рече наредна после 40 дена, и дури ми нагласи дека подоцна може, но порано не. Кога прашав колку може да се закасни ми рече колку што е потребно, ако детето е настинато, ако прима сируп, не е никаков проблем да се задоцни.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 1653
   RE: Вакцинирање на бебето
21.10.2015 16:26:34   
tincule
Изгледа само од Јане Сандански се такви невротични, еве и ние касниме ама никогаш не ми се јавиле од Букурешт па уште и да ми се дерат. А во Јане Сандански ја однесов малата за првата ревакцина нахепатит Б и мене тогаш ми се дереа демек сменет бил календарот и сега по новиот сум каснела, некултурни беа ептен мислиш со твоето присуство си им го утепала денот и си го земав картонот и си ја префрлив во Букурешт. Инаку за каснење никој до сега не ми правел проблем што каснам.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 1654
   RE: Вакцинирање на бебето
21.10.2015 23:21:48   
blue_blue
значи јас со последнава ревакцинација ептен се изнервирав и више и ПМ и систем што не функционира и се...значи сега да имам дете ниедна вакцина нема бре да прими, нема шанси...
значи во петок одма во училиште по децава, се гледам со наставничката, париме муабет, никаква вакцина не ми спомнува...оп во понеделник се враќаат од школо и ми викаат утре (вторник) сите мора да идеме на систематски во 11:15...каков црн систематски и дали јас висам на закачалка или може они мислат дека сите работиме во државна администрација па кога сакаме идеме на работа кога не, не идеме...прашувам по други мајки испаѓа дека не било систематски туку вацина - која, каква никој не знае...јас тој ден не вев во МК на пат бев, а маж ми нормално работи надвор од СК неколку дена во неделата и ајде тој ден откажа се (после во сабота работеше цел ден) за да иде со нив...мислам која дрскост бе?!?!?! од денес за утре - ко ние нишо друго да не париме, само седиме дома и чекаме на кого кога ќе му прдне да ни измислува заебанции...и кофа дошле таму дива лига...прво испаднало дека децата кои немаат наполнето 7 години не треба да се вакцнираат и ги вратиле назад...другите, ниту некој објаснил за што е вакцината ниту која, каква е од кој производител, што содржи, кои се можни несакани последици...ништо!!!!! само ај ела, ена со капка во уста, една во рамо...маж ми прашал едини таму за што е вакцинава, го погледнале попреку и му кажале и толку....немам коментар, цел ден бев напиздена до даска и на колегиве во странција кај што бев кога пробав да им објаснам имав чувство дека мислат оти измислувам и лажам....

(Одговор на членот tincule)
Непосредна врска до пораките: 1655
   RE: Вакцинирање на бебето
22.10.2015 0:43:32   
Melanija RR
vezilka RR кога бев во јуни на Детска ми рекоа дека по 3 доза ДТП,Полио и Инфлуенса се продолжува во доспанзер и тоа е тоа.Сега се петтовалентни и веројатно тоа е тоа.

И нашата приказна кој ја читал знаеи и продолжува.По консултација во Ј.Сандански дека треба да чекаме правилник за вакцинација односно ревакцина за ДТП,Полио и Инфлуенса дека 5то валентната може да ја примат и деца над 2 год.И до крај на септември и еве дојде октомври.Вчера се јавувавм и истото немаат информации кога ќе се донесе и ок.Да од денес тргне во градинка па 1,5 месец чекаме.АМА вчера од група на фб дознавам дека е донесен на 2 октомври а во Служжжбен весник на 14 октомври и стапува на сила по 8 дена.Во ист ден различна информација.И се јавувам денес ми викаат да има имаме најава но немаме документ да се јавиме во понеделник.

Епа се надевам ќе биде во ред и од беседава од јуни навака ќе заврши и докбро ќе помине со вакцинава и тоа е тоа до 5 год здравје боже
Цела година речиси не ни се јавиле изгледа не заборавилеuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 1656
   RE: Вакцинирање на бебето
22.10.2015 10:43:33   
tincule
Вчера баш читав една статија од доктор за ММР вакцината, и докторката викаше дека таа вакцина може да се прима до 3 годишна возраст препорачливо е после втората година ама во некои држави се дава и порано, како кај нас на пример. Дури рече уште поубаво е кога детето ќе ја прими после втората година затоа што имуниот систем им е појак и подобро може телото да ја прими и да се бори. Во Америка дури и со ММР ја вклучуваат и варичелата односно ММРВ вакцина четиривалента, ако детето е 2 или 3 години. Значи ова форсирање кај нас од страна на амбулантиве е стварно без потреба и затоа што им налагаат не дека игра некаква си улога. Ај баш ако ја најдам после ќе ви го ставам и линкот да видите . Позз

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 1657
   RE: Вакцинирање на бебето
22.10.2015 11:24:28   
MamaKiki
сега читам ви се јавувале кај нас не се јавуваат user posted image јас разговарав со сестра од таму и кажав дека се двоумам за ММР ме убеди дека е пожелно да го вакцинирам искрено и ке го вакцинирам само не знам кога... требаше на 12 месеци после ни преправија на 13 месеци и еве сега тераме накај 14 месеци за некој ден малово е настинато со бронхит и нема да го носам изгледа до нова година... колку време кај нас може да се пролонгира вакцинирањето уствари кога пишувале казни...??
малку ми е страв искрено па си помислував да прозбори прво еве веке прооде или ова нема врска? појма немам со ова вакциниве само читам и секогаш се ми се меша во глава...
лукајана вие немате примено вакцина ММР? или тоа некоја друга...?

(Одговор на членот tincule)
Непосредна врска до пораките: 1658
   RE: Вакцинирање на бебето
22.10.2015 15:14:25   
Melanija RR
Ехе моето е 26 месеци ММР нема применот ниту се јавиле

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот MamaKiki)
Непосредна врска до пораките: 1659
   RE: Вакцинирање на бебето
22.10.2015 22:19:37   
lukajana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: MamaKiki

лукајана вие немате примено вакцина ММР? или тоа некоја друга...?


Таа е ,не сме ја примиле а бебе е 17 месеци и ке ја одложувам колку можам


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот MamaKiki)
Непосредна врска до пораките: 1660
   RE: Вакцинирање на бебето
22.10.2015 23:25:38   
MamaKiki
значи да си се опуштам и да си уживам сега зимава па после боже здравје на пролет да си се спремам... штом нема никакви ограничувања ке си почекам па нека биде потопло со посилен имунитет малово user posted image

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 1661
   RE: Вакцинирање на бебето
23.10.2015 21:02:28   
Bethany
Моето бебе има примено само една вакцина на месец дена (и во болница), сега е 4 и пол.
Па ни следуваше петтовалентната, ама еве помина веќе месец дена како добивме покана се уште не ја однесов.
Баткото и и го донесе вирус од градинка, па затнато носе, секрет, чекам да се исчисти добро, па дури тогаш да ја однесам.
Не ми се брза. Какво е време полно со вируси, побитно ми е таа да биде целосно здрава.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот MamaKiki)
Непосредна врска до пораките: 1662
   RE: Вакцинирање на бебето
3.11.2015 23:54:26   
Melanija RR
Се надевам дека нашат приказна е завршена ,здравје за 2 и нешто години.user posted image

Во петокот на 26 месеци ја прими ревакцината петовалентна вакцина за ДТП,Полио и Инфлуенса. Плачна само кога го боцна и толку.Очекував плачки и немиркото но ме изненади.Си се прошетавме и пазаревме накај дома.Уште по боцкање му ставивме лепенка за ладење од тир со гел и ни рекоа дејството е до 10 часа и се става по пола, и 10мин пред ставање во фрижидер.И така 3-дена. На мускусот на рачето се гледа само боцката и толку.
Си дојдовме јадеше,си спиеше и се најнормално. Можни реакции до 3 дена.Кај мојот М апсолутно по ништо не се примети дека има примено вакцина user posted image Поминаа и таа грижа и патешествие после 5 месеци

Со лесно на сите рингерајчиња

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 1663
   RE: Вакцинирање на бебето
4.11.2015 14:23:22   
Ilina87
Melanija, да те прашам за ММР вакцината, дали ја примивте? Бидејќи знам дека имавте реакција на јајце. Ние уште таа ја немаме примено.

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 1664
   RE: Вакцинирање на бебето
4.11.2015 22:43:09   
Melanija RR
Не не ја примивме ,на картонот потпишав дека ја одложувам.Засега на ум да не ја прими user posted image

Ilina87 добро ме потсети ,во предходниот пост изумив.Во диспамзер ми рекоа не е доволно да донесам резултат дека е алергичен на белка,бидејќи веќе не се правени на пилешки ембриоми.Ако некој околу тоа знае некој го молам да пише.
Бев на клиника за извештај од резултатот, и пак исто па вредноста не е голема, веке никаде не е вакцината поврзана со алергија на белка.....Убаво си кажав ми треба извештај за да продолжам со ревакцината.И напиша да се направи кожен тест.Не напиша јасно тоа што сакав, а и да си се заштитат.И секако ваков извештај небеше доволен за во прилог со картонот зошто ММР нема да ја прими.Оно сите си се оградија и префрлија на мене.Многу очекувано и тоа е тоа медицински неважно што има алергија тоа не е важно за вакцината, ете мајкава си се потпиша дека ја одложувам.
После толку кампањи за имунизација на овој начин без подршка и објаснување да ме убедат и изнесат поткрепа, заштита со потпис за да ја прими тие мене ме наместија.Ако им е .Ние со мм сме одговорни за детето, а докторите за ништо на што нема нивен потпис.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 1665
   RE: Вакцинирање на бебето
5.11.2015 10:34:00   
sandriana RR
Илина се уште нема примено 3та доза на ДиТеПер и Полио, а веќе стигна и за ММР (13 полни месеци има). ММР сигурно ќе ја одложуваме бар до пролет, и онака е нон стоп или со растечен нос, или бактерија во нос - а немам кога да ја изолирам да поседи дома.
Кога ќе дојде ред да е сосем здрава, за да доприми ДиТеПер -от (а компонентата за Инфлуенца, плус Хепатит има примено), со што ќе ја боцкаат со новиве вакцини - сето одново ќе го прима? Искуства или сознанија?

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 1666
   RE: Вакцинирање на бебето
6.11.2015 0:21:53   
Melanija RR
Петовалентната е ДТП,Полио и Инфлуенца ,вкупно се 5.Со хепатит е 6то валентна.
Незнам дали и третата доза се дава 5то валентна но мислам да,дека рекоа од старите ќе нема.
Колку знам ММР е до 3 год,така што ич гајле да немаш

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 1667
   RE: Вакцинирање на бебето
6.11.2015 17:56:52   
Ilina87
Секој месец нас ни праќаат покана. Дури се може ќе ја одлагам. Сега на контролата за 2 години повторно не опоменаа, ама среќа тогаш настинат беше.
А за тоа дека не е правена на пилешки ембриони првпат слушам. Баш докторката повторно ме праша дали почна да јади јајце, така да мислам дека има поврзаност.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 1668
   RE: Вакцинирање на бебето
7.11.2015 21:30:07   
lolla RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Не не ја примивме ,на картонот потпишав дека ја одложувам.Засега на ум да не ја прими user posted image

Ilina87 добро ме потсети ,во предходниот пост изумив.Во диспамзер ми рекоа не е доволно да донесам резултат дека е алергичен на белка,бидејќи веќе не се правени на пилешки ембриоми.Ако некој околу тоа знае некој го молам да пише.


Побарај им го упатството за употреба, нека ти покажат дека не се сади на пилешки ембриони, ке си признаат дека лажат. А и нешто да не дај боже биде, одговорен си е родителот, бидејки тој си го однел детето.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 1669
   RE: Вакцинирање на бебето
7.11.2015 23:15:30   
Melanija RR
lolla токму тоа ми е муабетот. Ете и да е на пилешки ембриони што има врска само белката.Па тоа се протеини , а во протеини многу нешта има.Може и затоа некои реагираат.
Пази муабет ,, Викаат дека веке не ги прават на пилешки ембриони,,.Викаат ? Значи не е точно дефинирано, а и може во составот да го нема, и само нагаќаат.
Со повеќе сум се распрашувала и сите тврдат дека не е како порано и по понови студии, веројатно 5-10год) валцината не се поврзува со белка. Па таман им е муабетот ,ете па само прв степен.
За воља на вистината М реагира некогаш на варена белка, на пржено цело и омлет, и на буквално живо јајце.Кожно големо црвенило

Купечко пециво и дома пита со јајце не реагира.user posted image На роденденска торта реагираше или е од белката или е од бадем/лешник. Тоа не планирам да си играм и преку крв ќе проверам.Глупаво ми е ,дај му малку да проба, а знам дека се можни бурни реакции.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1670
   RE: Вакцинирање на бебето
8.11.2015 10:24:21   
lolla RR
Melanija, да се скоцкам дома, ке ти пратам линк со упатства од ММР каде точно си ги пишува контраиндикациите на јајце. Како и со се друго, вагаме плус и минус, и одлучуваме. Ништо не пропушта М, во надобар случај оваа вакцина штити до 10 години, а ако пред тоа случајно заболи од М М или Р ке си прележи и ке си има доживотен имунитет.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 1671
   RE: Вакцинирање на бебето
9.11.2015 12:10:08   
Gardenia

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Илина се уште нема примено 3та доза на ДиТеПер и Полио, а веќе стигна и за ММР (13 полни месеци има). ММР сигурно ќе ја одложуваме бар до пролет, и онака е нон стоп или со растечен нос, или бактерија во нос - а немам кога да ја изолирам да поседи дома.
Кога ќе дојде ред да е сосем здрава, за да доприми ДиТеПер -от (а компонентата за Инфлуенца, плус Хепатит има примено), со што ќе ја боцкаат со новиве вакцини - сето одново ќе го прима? Искуства или сознанија?


Сандриана со старите ќе ја буцнат,исто и Б во август ја прими третата доза ДТПР и полио,ја боцнаа и капки во уста

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 1672
   RE: Вакцинирање на бебето
10.11.2015 15:13:41   
Melanija RR
Петовалентните се од средината на септември, но може дозите се даваат од старите, а ревакцината од новите.Но рекоа додека има после само со пето или шетовалентни ќе вакцинираат.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Gardenia)
Непосредна врска до пораките: 1673
   RE: Вакцинирање на бебе
29.2.2016 23:10:46   
Маја С.
Добар ден Докторке, Мајки
Пред точно една недела добивме машко дете.
Не интересира дали има некој како нашиот случај ?
Во болница ја имаме примено само БСЖ вакцината, а првата доза од хапетит б ,бидејки ја немале ја немаме примено.
Ја побаравме вакцината и на другиве места го добивме истиот одговор, дека ја немаат вакцината и незнат дали ке ја добијат. user posted image

Но добивме предлог да почнеме со наполнети два ипол месеци,веднаш со шестовалентните вакцини.

Дали е тоа исправно ??

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 1674
   RE: Вакцинирање на бебето
6.4.2016 14:15:08   
Kvisko
Нас ни дојде време за вакцинирање и прво бев јунак ама денес една другарка малку ме испаничи демек многу работи одеднаш виле и слично. Имаме три месеци и ќе треба да примаме прва вакцина. Знам дека е ДТП, хиб б и уште нешто.
Има ли некој искуство со мало бебче? Имавте ли реакција после вакцината или не? Матичната ми рече овие сега вакцини се тие за мои што се боревме и што ги купувавме од Грција. И верувам зашго сме кумови и има внуче што е вакцинирано.

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 1675
Страница:   <<   < Претходна страница  64 65 66 [67] 68   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  64 65 66 [67] 68   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?