niki -> RE: Знаци на бременост (3.6.2010 12:22:24)
|
Гадење, повраќање и преосетливост на мириси кај мене почна по доцнење на менструацијата и тоа десетина дена доцнење, пред тоа имав отечени и многу болни гради, но не ги поврзував со бременост бидејки истото ми се случи и првиот месец кога почнавме да го правиме бебето, а на крај добив менструација. Но вториот месец настапи бременост. По мене прв сигурен знак е доцнењето на менструација, се друго пред тоа може и не мора да значи дека се работи за бременост. Јас пред секое добивање имам зголемен апетит и желба за благо, раздразлива сум, подуена во стомакот и во градите, имам болки во грбот, а само еднаш во животот сум била трудна.
|
|
|
|