RE: Знаци на бременост (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Сакаме нов член



Порака


Zoja -> RE: Знаци на бременост (16.10.2011 18:00:06)

fala




Zoja -> RE: Знаци на бременост (16.10.2011 18:03:21)

фала за советот и брзиот одговор ..
уффф немам избор ќе почекам, само знам дека деновиве ми се гледаат години, кога го купував тестот се тресњев целата [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bad.gif[/image]  ... пусти зени низ сто се проаѓаме ...




AnnaMolly RR -> RE: Знаци на бременост (16.10.2011 21:31:08)

Зоја, мила, имаш ли некои други знаци на бременост освен доцнењето на циклусот? 




Zoja -> RE: Знаци на бременост (17.10.2011 8:15:26)

Inaku posledno na ginekolog  bev April i se beshe ok i PAP i eho vaka se nachelno u redu, i posle toa pochna 3-4 meseci da mi doagja na 35dena pred toa si ideshe na 32dena najnormalno, i sea posledniov pat mi dojde na 32 posledno na 9ti septemvri.. a ako mi doagjashe na 35dena mesecov trebashe vo petokot na 14ti da dobijam , i nishto eve, samo malku bledo zoltenikava nakaj bela  nekoja technost mi potekuva od vreme na vreme i me shtreka deka moze sum dobila, i kje idam u WC i nishto... a me bolea jajnicite do petokot pojako ko za pred dobivanje, a posle toa sosema malku na momenti, ne osekjam drugo nishto bash..shto li kje e koj znae [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]





Zoja -> RE: Знаци на бременост (17.10.2011 11:05:59)

добив [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bad.gif[/image]




lindicka -> RE: Знаци на бременост (17.10.2011 11:20:43)

Зоја и јас сум во слична ситуација, денес ми е 34ти ден а усте немам добиено, денес правев тес за бременост и испадна негативен, инаку ме болат градите и грчеви, ама си го толкувам како симптоми за добивање и многу се нервирам или нека добијам или не, не сакам да ми се поремети циклусот, а би сакала и да сум бремена...Инаку во однос на 35те дена, и јас добивам на 32 дена и бев на лекар, кај повекје доктори не е нисто страсно тоа е нормално, не е нормално ако е над 40 дена, и еден познат гинеколог кој сите го знаат ми рече дека плодните денови се бројат 14 дена од назад од денот на добивање, знаци на 32-14= 18 .. тогаш е плодниот ден, а не на 14..така е ако циклусот е 28 дена...Се надевам следниот месец ќе ги видиш[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/rozacrtici.gif[/image]




AnnaMolly RR -> RE: Знаци на бременост (17.10.2011 11:21:56)

Зоја, немој да дозволиш ова да те порази. Се случува некогаш да не ни оди како што сме планирале. Но со позитивни мисли фаќајте се за работа со тм и следниот месец ќе имате нова шанса. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




bube87 -> RE: Знаци на бременост (17.10.2011 12:45:29)

Здраво девојки! Нова сум на форумов и сакам да ве поздравам сите [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]. Инаку имам и едно прашање, ако може да ми помогнете некако. На 10.10 ми беше 3ти ден од циклусот, а имав незаштитен донос со дечко ми и тој сврши во мене. Од средата (12.10) имам постојана главоболка која не се намалува, повремено пецкање во јајниците и слаби болки во пределот на кичмата. Дали е можно да сум [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/nosecka.gif[/image]?
Кој е најбрзиот начин да дознаам дали сум бремена или не, тест, мерење на базална температура..... ? ? ?
Фала однапред!

П.С пишав и на уште една тема за мојот проблем, се извинувам што се дуплирам ама потребен ми е најбрз одговор [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Zoja -> RE: Знаци на бременост (17.10.2011 13:33:41)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] фала ви дечки многу на поддршката
и јас тоа викав бар да не касни да не ме фура , да си се надевам и правам филмови за на крај да дојде, нема поголема депра ко ќе ти дојде после каснење и толку исчекување ... деновите ми беа години.. Чим си направила и е негативен најверојатно не си- ти го кажувам ова само да не се надеваш па да се разочараш повеќе кога ќе ти дојде.. инаку дај боже да грешам и да си.. ајде ДАЈ БОЖЕ да биде кај сите..ако не споделам со вас ќе си пукнам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bad.gif[/image]




Zoja -> RE: Знаци на бременост (17.10.2011 13:41:24)

ИЗВОРНА ПОРАКА: bube87

Здраво девојки! Нова сум на форумов и сакам да ве поздравам сите [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] . Инаку имам и едно прашање, ако може да ми помогнете некако. На 10.10 ми беше 3ти ден од циклусот, а имав незаштитен донос со дечко ми и тој сврши во мене. Од средата (12.10) имам постојана главоболка која не се намалува, повремено пецкање во јајниците и слаби болки во пределот на кичмата. Дали е можно да сум [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/nosecka.gif[/image] ?
Кој е најбрзиот начин да дознаам дали сум бремена или не, тест, мерење на базална температура..... ? ? ?
Фала однапред!

П.С пишав и на уште една тема за мојот проблем, се извинувам што се дуплирам ама потребен ми е најбрз одговор [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]


можно е да си бремена, знам за случаи што останале бремени додека имале добиено..нема правило.. Инаку рано ти е за тест..ќе мора да се стрпиш ама не си прај филмови како нас , да не се разочараш..мисли на друго - колку и да е тешко ..поздрав




Zoja -> RE: Знаци на бременост (17.10.2011 13:44:44)

а имало и некои тестови за бременост сега ми текна за после 5 дена ако си останала бремена да утврдат, и мислам нешто 500денари се, па ако не ти се чека види во аптека консултирај се со аптекарката земи го .. Среќно




bube87 -> RE: Знаци на бременост (17.10.2011 14:29:15)

Зоја фала многу [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image].... се трудам да не мислам на тоа ама некако тешко ми оди [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]. Инаку имам редовен менструација на 30 дена, па се надевам дека сум го утнала оплодувањето.... Родителството се уште не ми е во план, ама ако испадне нешто сепак ќе биде добредојдено [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Melanija RR -> RE: Знаци на бременост (17.10.2011 14:56:02)

Бубе мој совет без брзање,за сигурнос да знаеш треба да ти доцни од вообичаено кога добиваш.Тоа што чуствуваш и може и немора ништо да значи,не се оптеретувај,имаш уште 20 дена сигурно до денот на не-добивање.Со среќа




zagrizena26 -> RE: Знаци на бременост (17.10.2011 15:00:21)

Zdravo na site,sakam da prasam dali ima nekoj kako mene slicno iskustvo.9 den mi od insiminacija jas imam nekoi cudni za mene simptomi.Malku sum panicar pa mi se slucuvam mnogu cesto da se zadisuvam od malku rabota da nemozam vozduh da si zemam.Gradite mi se oteznati a ne me bolat i mi smeta skoro sekoj pojak miris tesko mi paga.Ped 4 dena stomak i kicma malku mi boleja ama sega toa prekina.Neznam sto da mislam.A mozi i od nervoza i pritisok da mi se kacuva glava me bole pocesto.Neznam pisuvajte.Pozzzz




bube87 -> RE: Знаци на бременост (17.10.2011 15:10:15)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija

Бубе мој совет без брзање,за сигурнос да знаеш треба да ти доцни од вообичаено кога добиваш.Тоа што чуствуваш и може и немора ништо да значи,не се оптеретувај,имаш уште 20 дена сигурно до денот на не-добивање.Со среќа



Ах леле тоа чекањето ќе ме убие [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image].... колку сум љубопитна, најсреќна би била ВЕДНАШ да дознаам, ама тоа дефинитивно не е можно па затоа ќе си почекам. Трпение-спасение како рекле постарите [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image].
Инаку фала многу за одговорот. За неколку дена ќе ве известам за резултатот. Стискајте палци [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Melanija RR -> RE: Знаци на бременост (17.10.2011 15:19:18)

Бубе стискам палци и ти ја пуштам среќата [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
Загрижена ,незнам што да ти кажам имаш уште малку до тест,те молам стрпи се,јас мислам дека е можно се во животот а посебно кога се има желба за бременост.Гледај да не се замараш многу,ако можеш што повеќе меѓу луѓе за да ти поминат деновиве.Во темата инсеминација мислам Сања пиша дека 10 или 11 ден направила тест преку мокрача и си ги видела [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/modricrtici.gif[/image],но и тоа е индивидуално,сочекај барем уште 1-2 дена.И тебе ти праќам многу среќа




Zoja -> RE: Знаци на бременост (18.10.2011 8:42:17)

ИЗВОРНА ПОРАКА: zagrizena26

Zdravo na site,sakam da prasam dali ima nekoj kako mene slicno iskustvo.9 den mi od insiminacija jas imam nekoi cudni za mene simptomi.Malku sum panicar pa mi se slucuvam mnogu cesto da se zadisuvam od malku rabota da nemozam vozduh da si zemam.Gradite mi se oteznati a ne me bolat i mi smeta skoro sekoj pojak miris tesko mi paga.Ped 4 dena stomak i kicma malku mi boleja ama sega toa prekina.Neznam sto da mislam.A mozi i od nervoza i pritisok da mi se kacuva glava me bole pocesto.Neznam pisuvajte.Pozzzz

zdravo zagrizena - daj boze da ti e uspeshna
jas ne sum pravela i ne mozam da ti dadam sovet , no sakam da te prasham kaj ja praveshe i koi se procedurite i kolku koshta, poshto pochnuvam da razmisluvam i jas da napravam, so trpenieto i nervite sum slaba vekje [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]
fala ti na odgovorot...i ushte ednash srekjno [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




miana -> RE: Знаци на бременост (18.10.2011 14:54:44)

Покрај задоцнување на менструацијата, на листата на најчести рани симптоми на бременост можат да се вклучат и следниве знаци: Замор и поспаност Се чувствувате изморени и не можете да си објасните зошто сте толку поспани? Можно е тоа да се должи на зголеменото ниво на хормони во вашето тело. Кај многу жени заморот продолжува во текот на целото прво тримесечје од бременоста. Ако се сомневате дека сте бремени, не го „лечете“ заморот со кафе, туку послушајте го телото и одмарајте.Чувствителни, отечени гради. Уште во втората или третата недела од бременоста може вашите гради да станат поголеми и почувствителни. Ставањето на градникот може да ви стане еден вид мало измачување, бидејќи ќе ви причинува болка. Исто така, веројатно и вените на градите ќе станат повидливи.
  • Гадење, утрински мачнини. Повеќето трудници започнуваат да имаат утринско гадење во шестата недела од бременоста, но кај некои гадењето се појавува многу порано. Иако мачнините се нарекуваат утрински, всушност можат да се појават во кој било период од денот и не се задолжително проследени со повраќање.
  • Вртоглавица, несвестица. Сигурно ќе се потсетите дека во филмовите и сериите вртоглавицата и несвестицата секогаш најавуваат бременост на главниот лик. И во реалноста овие два знака се сметаат за рани симптоми на бременост. Несвестицата може да ја предизвика опаѓањето на нивото на шеќер во крвта, а вртоглавицата – опаѓањето на крвниот притисок.
  • Слабо крварење. Забележувате мали точки светло црвена крв на гаќичките? Постои можност да се работи за крварење предизвикано од имплантацијата. Тоа се појавува кога ембрионот се прикачува за матката.
  • Често мокрење, особено во текот на ноќта. Ако не поминува ноќ без да сте принудени да го посетите тоалетот, тогаш можно е телото да ви сигнализира дека ќе станете мајка.
  • Болки во долниот дел на грбот. Иако поретко, сепак се случува болките во грбот да започнат уште во првите недели од бременоста. Лошата вест е што ако сте бремени, нема да се ослободите од болките сè до породувањето.
  • Изострено сетило за мирис. Бремените жени се почувствителни на миризби. Наеднаш може парфемот на вашата пријателка да ви стане одбивен, да не можете да го поднесете вашиот омилен гел за туширање или да ви пречи миризбата од кантата за ѓубре која е на голема оддалеченост од вас.
  • Грчеви во долниот дел на стомакот. Чувствувате болки и грчеви во долниот дел на стомакот? Може да се работи за ПМС или пак вашата матка се подготвува за бременоста. Сепак, тешко е да се каже со сигурност која е вистинската причина.
  • Констипација и подуеност. Зголемувањето на нивото на прогестерон во почетокот на бременоста ја забавува работата на дигестивниот систем и може да дојде до појава на констипација запек.
  • Аверзија кон одредена храна, лакомост кон друга. Ако забележите дека одненадеж ви се гади дури и од самата помисла на одредена храна која дотогаш сте ја консумирале без проблем или пак не можете да се донајадете со друга храна, можеби телото ви кажува дека сте бремени.
  • Промени во расположението. Започнувате Трета светска војна без причина? Можеби вашето бунтовништво се должи на промените во вашето тело предизвикани од бременост.
  • Задишување. Некои жени кога ќе останат бремени многу лесно се задишуваат затоа што им е потребен повеќе кислород поради растењето на фетусот. Колку една жена е во понапредна бременост, толку задишувањето станува почесто.
  • Чести главоболки. Зголеменото ниво на хормони за време на бременоста може да биде причина за појава на чести главоболки.
  • Покачена базална температура. Базалната температура е температурата на телото во мирување. Во периодот од овулацијата до појавата на менструалното крварење таа се покачува, а потоа опаѓа. Но, доколку сте бремени, базалната температура останува покачена. За да го забележите овој симптом, потребно е редовно да си ја мерите базалната температура. Имајте во предвид дека многу од раните симптоми на бременост се слични со симптомите на ПМС, а може да се однесуваат и на друга здравствена состојба. На пример:
    • изостанувањето на менструацијата може да е резултат на силен стрес, нагло зголемување или намалување на телесната тежина, истоштеност на организмот, хормонални проблеми;
    • чувствителните гради може да се резултат на ПМС, примање на контрацептивни таблети, проблеми со хормоните;
    • честото мокрење може да е причинето од уринарна инфекција, дијабетес, зголемено внесување на течности или примање на диуретици.
    Релативно точен одговор на прашањето „Дали сум бремена?“ може да ви даде домашен тест за бременост, кој можете да го направите најрано 14 дена по сексуалниот однос, а најсигурен одговор ќе добиете од вашиот гинеколог.




  • klum -> RE: Знаци на бременост (25.10.2011 1:06:20)

    zenski znae li nekoj kolku treba da bide bazalnata temperatura na zenata dokolku e bremena pred da zabelezi deka i izostanuva ciklusot?




    miana -> RE: Знаци на бременост (25.10.2011 8:29:02)

    ИЗВОРНА ПОРАКА: klum

    zenski znae li nekoj kolku treba da bide bazalnata temperatura na zenata dokolku e bremena pred da zabelezi deka i izostanuva ciklusot?


    Klum na prethodniot moj post ( bas pred tebe ) imam postaveno POST za znaci na bremenost i nekade najdolu ima so crveno napisano Klikni na ova i mozes da procitas se vo vrska so bazalnata temperatura...

    Админ: надворешни линкови не се дозволени!




    miana -> RE: Знаци на бременост (25.10.2011 8:29:43)


    Како да познаете кога сте во овулација?Одредувањето на овулацијата е важно и за жените кои сакаат да останат бремени и за жените кои во моментов сакаат да ја избегнат бременоста. Најраспространети начини за утврдување на најплодните денови се:
  • Мерење на базалната температура
  • Преглед на цервикалната слуз
  • Утврдување на положбата на грлото на матката I. Мерење на базалната температура Базалната температура е температурата на телото во мирување. Нејзиното следење во текот на менструалниот циклус е стар метод за одредување на најплодните денови. Во текот на менструалниот циклус, базалната температура се менува како резултат на хормоналните промени. Од доаѓањето на менструацијата па сè до пред овулација, базалната температура се движи околу 36-36,4°C, но таа се разликува од жена до жена. Во периодот по овулацијата, базалната температура се покачува во просек со 0,2°C и се задржува на тоа ниво до настапувањето на менструацијата. Доколку останете бремена, температурата ќе остане покачена. Треба да имате на ум дека мерењето на базалната температура може да ви помогне да ја утврдите овулацијата дури откако таа се случила. Токму поради тоа, овој метод нема да ви биде особено полезен првиот месец од употребата. Но, откако ќе ја следите вашата базална температура неколку месеци по ред, ќе забележите дека нејзините промени се повторуваат како по шаблон. Тоа ќе ви помогне полесно да ја предвидите овулацијата во иднина. Како да ја измерите базалната температура?
  • Започнете со мерење на температурата на првиот ден од вашата менструација.
  • Мерете ја температурата секој ден. Најдобро е тоа да го правите во исто време, на пример во 7 часот.
  • Базалната температура треба да ја мерите веднаш по будењето, уште додека сте в кревет, пред да сте направиле било што. Пригответе си го термометарот до вас, за да не треба да станувате. Запомнете, секоја активност може да влијае врз базалната температура.
  • За да биде точно измерена, потребно е да сте имале минимум шест часа мирен сон.
  • Мерењето може да го правите орално (под јазикот), ректално или вагинално. Кој начин ќе го изберете зависи од вас. Но, многу е важно секој ден да го користите истиот начин.
  • Секојпат користете ист термометар, затоа што секој термометар дава различни резултати. Потребна ви е точност, затоа што температурната разлика која треба да ја забележите е многу мала. II. Преглед на цервикалната слуз Цервикалната слуз (вагинален секрет) се менува во текот на менструалниот циклус и со помош на нејзино набљудување, вие можете да одредите кога е најголема веројатноста да сте во овулација. Иако за некои жени овој метод може да биде малку одбивен, нема ништо подобро од познавањето на своето тело. Цервикалната слуз има различни функции. Кога не сте во овулација или не се приближувате кон овулација, таа служи за да ја спречи спермата да навлезе во матката, затоа што во секој случај вие нема да забремените. Кога се приближувате кон овулација, се зголемува лачењето на цервикална слуз, таа е потечна, порастеглива и ѝ помага на спермата да стигне до созреаната јајце-клетка. Како се менува цервикалната слуз? Благодарение на хормоните, во текот на менструалниот циклус се менуваат густината, количината и текстурата на цервикалната слуз. Добро време за да ја проверите вашата цервикална слуз е наутро, веднаш откако ќе одите во WC. Ако имате доволно количество слуз, можете да го испитате откако ќе се избришете со тоалетна хартија. Но, некои жени немаат доволно, па треба да земат од вагината со своите прсти. Земете малку цервикална слуз помеѓу палецот и показалецот, растегнете ги прстите и обидете се да познаете во која фаза се наоѓате. Ако имате циклус во времетраење од 28 дена, најверојатно промената на цервикалната слуз ќе се одвива вака:
    • 1-5 ден. Менструација.
    • 6-9 ден. Вагината е сува или има малку слуз.
    • 10-12 ден. Се лачи малку поголемо количество на вагинална слуз која е леплива, густа и белузлава. Нема да можете да ја растегнете повеќе од 1cm.
    • 13-15 ден. Обилно се лачи растеглива, проѕирна и лизгава слуз, слична како белка од јајце. Во оваа фаза вие сте најплодни.
    • 16-21 ден. Лачењето на цервикална слуз повторно се намалува и таа станува густа, леплива, белузлава и не се растега.
    • 22-28 ден. Вагината е сува.
    III. Положба на грлото на матката Грлото на матката може да ви открие во која фаза од менструалниот циклус се наоѓате. За таа цел, ставете еден или два прсти во вагината. Внимавајте рацете да ви бидат чисти и суви. Со врвот на прстите треба да го почувствувате грлото на матката.
    • Пред овулација. Грлото на матката се наоѓа ниско, па поради тоа лесно можете да го допрете. На допир е тврдо и суво.
    • Околу овулација. Во вашите плодни денови, грлото на матката се наоѓа повисоко и потешко можете да го допрете. На допир е влажно и меко.
    • По овулација. Откако ќе поминат вашите најплодни денови, грлото на матката повторно слегува подолу и е тврдо и суво на допир.




  • dostickage -> RE: Знаци на бременост (25.10.2011 8:29:48)

    ИЗВОРНА ПОРАКА: klum

    zenski znae li nekoj kolku treba da bide bazalnata temperatura na zenata dokolku e bremena pred da zabelezi deka i izostanuva ciklusot?


    37,0 i se nad toa.36,9 ne si :-) ova e koga docni makar i eden den a pred da zadocni ne znam dali ke pokaze.ne sum merela.jas koga bese za mene cekav da zadocni edna nedela sto kaj mene redovno si docni po tolku i merev 37,3.
    ova so bazalnava od iskustvo i moe i tugjo e najmerodavno.




    klum -> RE: Знаци на бременост (25.10.2011 23:29:44)

    thank you [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
    ИЗВОРНА ПОРАКА: dostickage

    ИЗВОРНА ПОРАКА: klum

    zenski znae li nekoj kolku treba da bide bazalnata temperatura na zenata dokolku e bremena pred da zabelezi deka i izostanuva ciklusot?


    37,0 i se nad toa.36,9 ne si :-) ova e koga docni makar i eden den a pred da zadocni ne znam dali ke pokaze.ne sum merela.jas koga bese za mene cekav da zadocni edna nedela sto kaj mene redovno si docni po tolku i merev 37,3.
    ova so bazalnava od iskustvo i moe i tugjo e najmerodavno.




    klum -> RE: Знаци на бременост (25.10.2011 23:31:05)

    da miana go vidov postot no sakav nekoj od licno iskustvo nekoj da spodeli ,fala ti [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
    ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

    ИЗВОРНА ПОРАКА: klum

    zenski znae li nekoj kolku treba da bide bazalnata temperatura na zenata dokolku e bremena pred da zabelezi deka i izostanuva ciklusot?


    Klum na prethodniot moj post ( bas pred tebe ) imam postaveno POST za znaci na bremenost i nekade najdolu ima so crveno napisano мерите базалната температура. Klikni na ova i mozes da procitas se vo vrska so bazalnata temperatura...





    mazule -> RE: Знаци на бременост (17.11.2011 18:12:31)

    RR denes sum mnogu srekna. Otkriv deka sum [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/nosecka.gif[/image]. Zamislete vo 9 ta nedela sum. Ne ocajuvajte onie koi cekaat [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/rozacrtici.gif[/image]. Eve del od moeto iskustvo.
    Mene mi bese redovno sekoj mesec no ne se fakase i ednas mi kasnese 2 nedeli i jas radosna sega sum [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/nosecka.gif[/image] i odma napraviv test i bese negativen i od togas rekov jas testovi poke ne pravam. Sega mi kasnese mesec i pol i ne pravam  nisto, no mm mi veli napraj test, pram i pak negativno kako svetot da mi se rusi. A mene samo grcevi vo stomakot i me boli i resiv da odam na opsti lekar da mi dade nesto, da me pregleda i gleda lekarot na eho da ne imam kamen vo bubreg , vo zolcka i nema koga gleda bebeto porasnalo zivi bruki.
    Zatoa ne se nervirajte ako vi pokaze testot negativen eve mene mi se sluci jas 2 meseci trudna a testot negativen.
    Simptomite mi bea somnitelni, mnogu sum bleda me bolat gradite celi, mnogu mi se jadi no nemozam da jadam se mi se vraka nazad i od vreme na vreme osekam gadenje i oslabev. Pozdrav do site i samo napred.




    Страница: <<   < Претходна страница  53 54 [55] 56 57   Следна страница >   >>