Породување од друг град во Скопје ? (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Породилиште



Порака


Belo_Oblache -> Породување од друг град во Скопје ? (28.3.2010 23:18:35)

Позадрав на сите сегашни и идни мајки на форумот!

Јас сум од Струмица и сум во шестиот месец од бременоста. Знаејќи премногу лоши искуства за породување во болницата во Струмица, размислувам и би сакала да се породам во Мала Богородица - Систина во Скопје.
Би сакала да ги замолам сите мајки кои се од некој друг град од Македонија, а се породувале во Скопје во некоја од приватните болници (јас би сакала да се породам во Систина), да го поделат со мене, а и со останатите, нивното искуство.

Конкретно ме интересира дали престојувавте во Скопје одредено време пред да се породите, или тргнавте кон Скопје на денот на породувањето? Јас би сакала да се породам спонтано, а не со Царски Рез.
И не само конкретно ова, би сакала да знам како се одвивал целиот процес на пораѓање, од прием до излегување од болница.

Исто така, би ве замолила да ми препорачате доктор/ка од Систина за породувањето. Може јас сама да си одберам, или зависи кој е на смена?

Ви благодарам за сите одговори.




fantom -> RE: Породување од друг град во Скопје ? (28.3.2010 23:32:34)

Eve ke ti go kazam moeto mislenje.Jas bi ti preporacal da odis da se porodis vo drzavna bolnica.Celata bremenost ja vodevme vo Remedika,no za poraganje se resivme za vo drzavna.Kako prvo vo privatnite e iskreno skapo,a kako vtoro so e i najbitno,i vo Sistina i vo Remedika ako se sudrat so nekoj poozbilen problem te preprakaat vo drzavna.Sepak se najopremeni drzavna,e sega ne e priemot i odnosot kako vo privatnive,ama pa mislam deka si vo sigurni race.Ete i nie sme od istocna Makedonija,pa koga dojde red za poraganje otidovme vo drzavna,i toa bevme so carski rez,rizicna bremenost,pa se ispadna uspesno...
Inaku ne se plasi od toa ,so ako me fatat bolki,ke ima li vreme da stignam i sl.,znam so te maci,i nas ne macese istoto.Ako ti e terminot,i ako imas bolki,ili ti pukne vodenjakot,poleka si sednuvas vo kola,poleka do Skopje i ke bide ok,ima vreme,nie i doktorite gi prasuvavme za istoto...
Sepak ti si odluci kade ke se poragas,ova ti bese moj sovet i iskustvo.Ti posakuvam sreka[sm=duda.gif]




Палешка РР -> RE: Породување од друг град во Скопје ? (29.3.2010 7:31:02)

Добредојде Бело облаче.
Јас сепак мислам дека ќе ти треба неколку дневен престој во Скопје пред пораѓај, заради адаптација и сигурност. Бев сведок (додека бев во предпородилна сала) како една жена на пат од едно прилепско село до Прилеп родила во кола [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Знам дека е ова екстремен случај, но заради сигурност е најдобро да си неколку дена предвреме во Скопје.




mother 29 -> RE: Породување од друг град во Скопје ? (29.3.2010 9:50:34)

Најпрво да ти посакам добредојде на рр и ти посакувам убава дружба!

инаку и јас сум од источна мк и се порагав во ре-медика,па ке ти го кажам моето искуство.и јас сакав спонтано,и поради тоа што ми помина терминот морав по 2 пати во денот на цтг,така да беше неизбежно седењето во ск.и јас ги имав истите сомнежи како тебе ,но ме тешеа докторите и ме советуваа доколку ми пукне водењакот или имам болки,тогаш да тргнеме...во врска со престојот во болницата ,ке те примат доколку е почнат процесот на породување и од тој ден ти ги сметаа деновите поминати во болницата(не те примаат ,само да ти течат денови и да ти ги наплатуваат ,ако нема потреба,ке те препракаат и ке те советуваат честа посета на болницата,па затоа може да биде неопходен, престојот во ск).
мислам дека ке те прими др.кој ти ја води бременоста ,а ако не ја водиш таму во систина(значи одиш само на породување),ке те прими др.кој е моментално на смена!






Belo_Oblache -> RE: Породување од друг град во Скопје ? (29.3.2010 17:24:25)

fantom, Палешка и mother 29, Добро ве најдов и ви благодарам за споделувањето.

Знам дека во Државна болница има многу стручен кадар, но има и во приватните болници. Не би се породила во Државна од истите причини од кои што не сакам да се породам и во Струмица, лоша хигиена, барање поткуп, недостаток од кадар, лошо внимание, или никакво внимание од вработените доктори и сестри, итн...

Освен тоа, синоќа гледав на ТВ дека Систина отвориле целосно нова болница, која нема да функционира како досега, туку како клинички центар. Тоа веројатно значи дека доколку воопшто настанат компликации, нема да мора да се препраќа во Државна, туку ќе се остане во истата болница. Ова во најлош случај...

Се сложувам со Палешка и со mother 29 дека најверојатно ќе треба да престојувам во Скопје неколку недели пред да се породам, баш поради тие CTG прегледи кои на крајот од бременоста се прават често, па и по двапати на ден. Патем mother 29, се плаќаат ли CTG прегледите, или не???
Во Систина бев на еден преглед кај др. Гордана Петровска, и еден специјалистички кај Др. Драшко за срцето на бебето. За 3 недели пак ќе одам на преглед кај Др. Драшко, па може да се консултирам со некој од докторите кога ќе сум веќе таму.




mother 29 -> RE: Породување од друг град во Скопје ? (29.3.2010 22:39:17)

доколку кажеш дека таму ке се породуваш, цтг -то не ти го наплатуваат,ниту вагиналните прегледи.




nutelizza -> RE: Породување од друг град во Скопје ? (29.3.2010 23:05:22)

Облаче,
можеш ЦТГ да си правиш и во Струмица немора да доаѓаш секој ден во Скопје. Така ке знаеш до кај си[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/nosecka.gif[/image]. Јас си правев во Куманово на секој втор ден. Денот кога се породив во 16h бевме излезени на кафе и почнав да добивам болки и тргнавме за Скопје во 19h бев веќе спонтано породена[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image]




2mama -> RE: Породување од друг град во Скопје ? (24.5.2011 12:48:37)

jas sum od kumanovo.i sekoj vtor den odev do remedika na ctg,koga dobiv bolki za 20 min bev do remedika,ne e daleko pa i mazebi nekoj od skople ne bi stignal tolku brgu,[sm=smiley36.gif]




Страница: [1]