Клинички центар- Систина (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


jovanka -> Клинички центар- Систина (29.3.2010 23:02:20)

НОВИНА ВО МАКЕДОНСКОТО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВО


Систина - прв приватен клинички центар

Новата зграда на Систина се наоѓа на левиот брег на Вардар под Зајчев Рид и се протега на површина од 15.000 метри квадратни. Проектот го изработил стручен тим од Американското архитектонско биро по највисоки екостандарди. Има капацитет од 188 болнички кревети, 10 апартмани, 8 оперативни сали, 12 дијагностички лаборатории, посебни оддели за кардиологија, за хирургија, за интерна медицина, дијагностичка и интервентна радиологија, за анестезија и интензивно лекување, оддел за нуклеарна медицина и одделението за гинекологија и акушерство со асистирана репродукција
Гинеколошко-акушерската клиника Систина прерасна во прв приватен клинички центар во државава. Официјалната гала-промоција на новата зграда на Центарот се случи вчера во присуство на голем број столанственици, бизнисмени, политичари од разни политички партии меѓу кои министерот Михајло Маневски, директорот на УБК Сашо Мијалков со сопругите, поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, Љубчо и Снешка Георгиевски, градоналникот на Охрид, Александар Петревски, првиот човек на Аеродром, Ивица Коневски, Трифун Костовски и многу други познати лица од јавниот живот. Со посебна почит и сеќавање кон идејниот творец на Клиничкиот центар, покојниот Илија Камчев, црвената лента ја пресекоа Ратка Камчева, д-р Срѓан Керим и Димитрис Капос, директор на Џенерал електрик.
Новата зграда на Систина се наоѓа на левиот брег на Вардар под Зајчев Рид и се протега на површина од 15.000 метри квадратни. Проектот го изработил стручен тим од Американското архитектонско биро по највисоки екостандарди. Има капацитет од 188 болнички кревети, 10 апартмани, 8 оперативни сали, 12 дијагностички лаборатории, посебни оддели за кардиологија, за хирургија, за интерна медицина, дијагностичка и интервентна радиологија, за анестезија и интензивно лекување, оддел за нуклеарна медицина и одделението за гинекологија и акушерство со асистирана репродукција. Во Систина ќе бидат ангажирани најпознатите имиња од областата на медицината. Поседува сопствено болничко возило. Целата инвестиција е на Орка холдинг и чини 27 милиони евра.
На отварањето Јордан Камчев истакна дека првиот приватен клинички центар Систина ќе биде достапен за сите граѓани и дека пациентите ќе можат да се лекуваат со сини карони. Првиот привател клинички центар Систина, ќе го покрива целиот регион.
Во рамките на болницата има мала црквичка, чиј патрон е светецот Илија, а има и молитвеник за муслиманите.




jovanka -> RE: Клинички центар- Систина (29.3.2010 23:06:14)

Најмногу ме радува можноста за лекување со сини картони.




Enika -> RE: Клинички центар- Систина (29.3.2010 23:49:20)

Браво за Систина, и за можноста за лекување со сини картони. Да осетиме сите што е убаво здраство, доста се малтертиравме со Државна.Инаку мене ми доага термин за преглед, па следниот сега во Април ке биде во новата болница




lidijas -> RE: Клинички центар- Систина (29.3.2010 23:54:06)

Odlicno. Mnogu moderna aparatura a veruvam i uslugite ke bidat na nivo, a za sreka moze i so plavi kartoni. Uste ednas Bravo.




bojanas -> RE: Клиницки центар- Систина (30.3.2010 0:30:28)

Со среќа да им е. Да ни донесат на свет многу нови рингерајчиња [sm=bravo.gif]




Cacko -> RE: Клиницки центар- Систина (30.3.2010 9:16:03)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Leonida -> RE: Клинички центар- Систина (30.3.2010 11:50:28)

ИЗВОРНА ПОРАКА: jovanka

Најмногу ме радува можноста за лекување со сини картони.


Конечно[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Sandric -> RE: Клинички центар- Систина (31.3.2010 15:21:39)

Cekajte, ne se raduvajte mnogu za ova so sini kartoni zatoa sto iako oni go reklamiraat toa kako taka nemaat uste dogovor skluceno a baska ke ima pak promeni vo zakonot i toa ke se menuva.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
A jas prasuvav za poragaj ( ako uspees da ti refundiraat) ke ti vratat okolu 20 000den.samo[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




kik@ -> RE: Клинички центар- Систина (5.4.2010 16:26:27)

Sakam da ve prasam dali ova so sinive kartoni vo Sistina vazi za cela Makedonija ili samo za graganite od Skopje.Ako nekoj znae neka mi kaze.Pozdrav do site.




jovanka -> RE: Клинички центар- Систина (7.4.2010 9:43:22)

Od denes oficijalno zapocnuva so rabota bolnicata da im posakame uspesen pocetok i se nadevam i sorabotka so Ringeraja.




suzeto -> RE: Клинички центар- Систина (10.4.2010 20:28:23)

so sini kartoni pa toa e super a za nie nadvor od skopje sigurno su upat treba,ako nekoj ste informirani kazete nesto pa ovaj mesec jas treba da odam vo sistina




suzeto -> RE: Клинички центар- Систина (10.4.2010 21:03:32)

zosto od denes oficijalno zapocnuva so rabota, se raboti za istata sistina ili sto?




suzeto -> RE: Клинички центар- Систина (13.4.2010 0:13:02)

alo tuka ste[sm=smiley13.gif]dali se raboti za istata sistina......mala bogorodica ili druga e toa




Maca25 -> RE: Клинички центар- Систина (13.4.2010 0:20:10)

сузето, да за мала богородица се работи.
моја препорака за сите кои сакаат да осат на преглед во систина, кога ќе закажувате за преглед распрашајте се околу плаќањето и осигурувањето, дали може да се лечите со сини картони или не.




Annabel -> RE: Клинички центар- Систина (13.4.2010 0:21:31)

Систина се пресели во нови простории, и ја прошири својата дејнос, значи, покрај гинеколошко-акушерски, сега нуди повеќе услуги.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=94E1AB37382F424F9113B96576ED68BB




Mila na mama -> RE: Клинички центар- Систина (14.4.2010 14:40:12)

Ниеден матичен лекар нема да ви даде упат за со картони да се лечите во Систина. Интерна забрана имаат директно од министерот, кој матичен ќе дава упати за приватни болници ќе добие раскинување на договорот со ФЗО.




April -> RE: Клинички центар- Систина (17.4.2010 21:52:41)

поранешна Систина ќе биде специјалистичка клиника за офталмологија...а што убаво ми беше во близина, сега локацијата малку им е [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden2.gif[/image], нели?




BILE.F -> RE: Клинички центар- Систина (18.4.2010 9:36:41)

Не верувам дека ќе работат со сини картони, но во секој случај поздрав за реализираното! Македонија оди напред!






dragana_vane -> RE: Клинички центар- Систина (18.4.2010 11:38:59)

Dali znaete kolku cini eden poragaj pririden vo Sisitina? Za prvoto ne ni razmisluvav da se porodam vo privatna bolnica, za vtoroto nemozam vo investicija sme doma, AMA za TRETOTOOOOOO  sigurno ke odam tamu[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




kik@ -> RE: Клинички центар- Систина (18.4.2010 20:39:01)

Dali nekoj znae kolku cini spermogram vo sistina i dali ke rabotaat so fondov za vestackovo oploduvanje.Dokolku nekoj znae neka pisi.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/kuza.gif[/image]Pozdrav.




mother 29 -> RE: Клинички центар- Систина (19.4.2010 12:30:00)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Belo_Oblache

Драги Рингерајки,

Дали некој знае каде се вршат сега прегледите во Систина, во стариот објект што се наоѓа во Олимпико, или во новата зграда на Систина која неодамна започна со работа?
Јас не сум од Скопје, а имам закажано преглед деновиве, се јавувам на овој број: 02/ 307 33 35, но никој не ми одговара.

Ако имате некаква информација околу ова, ќе ви бидам многу благодарна.


ИЗВОРНА ПОРАКА: jovanka

Vo novata zgrada ako nekoj go znae noviot tel. broj neka ti pise

ИЗВОРНА ПОРАКА: kik@

I jas treba da odam vo Sistina a telefonskiot broj e 023099500.Toj e glaven broj a potoa im kazuvas za kade sakas da zakazis i te prefrlaat tamu.Jas treba da zakazam za kaj urologot,za spermogram i za kaj dr.Mihajlo Popovic.Pozzzzzz.



ИЗВОРНА ПОРАКА: Enika

Како кец на десетка ми дојде бројов...и ја треба да закажам гинеколошки преглед...фала

ИЗВОРНА ПОРАКА: kik@

Noviot broj na Sistina e 023099500





Belo_Oblache -> RE: Клинички центар- Систина (19.4.2010 12:38:51)

Фала за известувањето Mother_29, не видов дека веќе постои ваква тема.
Супер работи форумов, навистина, честитки и за вас администраторите, но и за учесниците на форумот! Во општество во кое има хроничен недостиг од професионално и културно однесување, секој позитивен пример е за пофалба.





mother 29 -> RE: Клинички центар- Систина (19.4.2010 12:40:03)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]





Belo_Oblache -> RE: Клинички центар- Систина (20.4.2010 19:07:18)

Барав по интернет мапа, или подетална информација за локацијата на новата Систина, но не успеав да најдам. Ве молам, дали имате ваква информација?




April -> RE: Клинички центар- Систина (20.4.2010 19:34:36)

не од страната на Александар Палас, туку од другата страна на Вардар...спроти...




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>