Еко катче (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Да направиме заедно



Порака


Julie1 -> Еко катче (3.7.2009 0:35:24)

Ајде да си изградиме тука едно еко катче, со совети на кој начин може ние да влијаеме за заштита на животната средина.

Ме интересира дали и како ги воспитувате децата да се грижат за околината, да не фрлаат отпад на улица.....?

Понекогаш се згрозувам кога некој ќе отвори прозор од кола и ке си фрли некој отпад...

Децата учат од нас и ние треба да сме пример и во овој поглед!




Еца -> RE: Еко катче (3.7.2009 0:45:32)

Мартина ја учев и се уште ја учам дека ѓубрето се фрла во канта за отпадоци. И домам кога треба да си фрли отпадок и велам оди фрли го во кантата.Кога ќе излеземе надвор и таа јаде нешто, кога ќе треба да го фрли и таа ме прешува, тука долу да го фрлам? И велам:" не, во канта.Дома каде го фрлаш ѓубрето?Тоа е потполно исто, како на пример дрвјата да ти дојдат на гости и да ти фрлаат ѓубре на сред соба, тоа убаво е?" И таа ми вика, НЕ! И бараме канта за  таа да го фрли отпадокот и ако не најдеме ѓубрето си го носиме дома да го фрлиме во нашата канта за ѓубре.

Мислам дека максимално треба да им посветиме внимание на децата кога е во прашање природата и нашиот однос кон неа.Тоа е мој личен став и не мора да се сложите со мене[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




mami -> RE: Еко катче (3.7.2009 8:18:05)

Ако нешто мразам, тоа кога се возиме и некој фрла отпадоци преку прозорецот од својата кола..ми доага да застанеме пред него со нашата и да го натерам да се врати да го земе...ни се случувало со мм порано да се враќаме дома со полна кеса ѓубре, баш затоа што немало корпа таму каде што сме биле, па си ги вракаме дома..Лука е уште мал за тоа, но кога ке почне да подразбира ке го научам како треба




profesorica -> RE: Еко катче (25.9.2009 10:43:20)

Дамјан научил од нас дека ако нешто падне на земја го фрламе во канта и го зима со два прста [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] со згрозена фаца хаха демек какано е и го носи накај канатата со отпадоци[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Страница: [1]