|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Деца без родителски надзор
30.3.2010 8:52:35   
niki
Која е возраста на која детето е безбедно и доволно одговорно да биде оставено само дома или да му се дозволи само да излезе надвор, да појде на игралиште?
Мојата ќерка има три години и никаде не ја пуштам сама, ниту пак ја оставам сама дома. И на тераса кога излегува излегувам и јас со неа. Терасата ми е ѕидана и нема отвори низ кои би се провлекла, но имам столчиња и маса па се плашам да не се качи на нив и да прелета обидувајќи се да види нешто. Незнам кога ќе почнам да ја оставам сама надвор но се ми се чини дека тоа нема да биде ни за една година.
Мислења,  искуства, повелете?


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Деца без родителски надзор
30.3.2010 9:20:24   
mother 29
мислам дека девојчињата малку порано почнуват да имаат одговорност и перцепција за и во околината, за разлика од машките деца и порано се отпуштаат да бидат оставени сами или самостојно некаде да излезат.
она јас што го имам забележано...имам во комшии и девојче и момченце, на сега веке 6 год(првачиња).значи малата мома уште пред две години излегуваше сама на улица да поигра или да отиде по тротоар до продавницата маалска,мегутоа сосема одговорно и смирено...а момченцето,малку подооцна.не дека има некеков проблем со него,но мислам дека тие се попруди,поневнимателни,се им е на трчање..мајка му (која случајно ми е и другарка) ,до скоро кога идеше кај нас(а разлика сме со три куки) стоеше на порта ,да го гледа..што и не мора да значи дека има и обратни случаи,оваа е мојата генерална перцепција.
да не должам, ова е моето мислење ,дека и немам некое искуство.мојот е многу мал и сеуште се растргаме како цреваuser posted image мислам дека до некои 5 год.но ,во секој случај мислам дека и во голема мера има околината т.е маалото(градот).многу зависи дали се живее на споредна улица,слепа или улица каде има поголема фрекфенција на коли. во помирни околини ,полесно се опуштаат и родителите,да ги пратат некаде сами децата.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Деца без родителски надзор
30.3.2010 9:36:26   
profesorica
баш пред некој ден бевме на гости кај брачен пар со две машки дечиња.едното има 7 а другото 9 години.комотно ги оставаат сами во соба, тие си играат, се смејат, па после си гледаа шехерезад.само по малку ги погледнуваат а они со гостите во дневна си седат, баш ми се допадна таа опуштена атмосфера.јас бре стално трчам по Дамјан и стрепам да не направил некоја беља- непредвидлив е. си мислам дека никогаш нема да сум опуштена така за да го оставам без надзор а и многу мал е уште.

мислам дека тоа оставање без надзор е индивидуално и зависи од многу фактори, како што веќе споменаа, да не се повторувам


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Деца без родителски надзор
30.3.2010 9:42:54   
April
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

баш пред некој ден бевме на гости кај брачен пар со две машки дечиња.едното има 7 а другото 9 години.комотно ги оставаат сами во соба, тие си играат, се смејат, па после си гледаа шехерезад.само по малку ги погледнуваат а они со гостите во дневна си седат, баш ми се допадна таа опуштена атмосфера.јас бре стално трчам по Дамјан и стрепам да не направил некоја беља- непредвидлив е. си мислам дека никогаш нема да сум опуштена така за да го оставам без надзор а и многу мал е уште.

мислам дека тоа оставање без надзор е индивидуално и зависи од многу фактори, како што веќе споменаа, да не се повторувам



тоа се големи деца...еее 7 и 9 год...јас од прваче сум била сама дома со клучот на врат и сум го зимала брат ми од градинка и сме биле сами дома...Дамјан е мал user posted image

јас Калија не ја оставам сама дома, нормално...ама на улица си игра сама, ок, нашата уличка е слепа и знае до каде може да оди...од лани летото, значи на 4,5 год. ја пуштам да си игра сама, а и понекогаш оди со комшичето (V одд.) до продавница...



(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Деца без родителски надзор
30.3.2010 9:50:03   
caci20
Nadvor ne odi sam normalno mal e. Ama si igra sam vo drugata soba, a jas i mm povremeno go zirkame. Nisto ne cepka sto ne e negovo, duri cudno.

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Деца без родителски надзор
30.3.2010 10:01:50   
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: April

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

баш пред некој ден бевме на гости кај брачен пар со две машки дечиња.едното има 7 а другото 9 години.комотно ги оставаат сами во соба, тие си играат, се смејат, па после си гледаа шехерезад.само по малку ги погледнуваат а они со гостите во дневна си седат, баш ми се допадна таа опуштена атмосфера.јас бре стално трчам по Дамјан и стрепам да не направил некоја беља- непредвидлив е. си мислам дека никогаш нема да сум опуштена така за да го оставам без надзор а и многу мал е уште.

мислам дека тоа оставање без надзор е индивидуално и зависи од многу фактори, како што веќе споменаа, да не се повторувам



тоа се големи деца...еее 7 и 9 год...јас од прваче сум била сама дома со клучот на врат и сум го зимала брат ми од градинка и сме биле сами дома...Дамјан е мал user posted image

јас Калија не ја оставам сама дома, нормално...ама на улица си игра сама, ок, нашата уличка е слепа и знае до каде може да оди...од лани летото, значи на 4,5 год. ја пуштам да си игра сама, а и понекогаш оди со комшичето (V одд.) до продавница...





ма знам јас дека е мал и неможам така, но се си мислам дека никогаш нема да можам да се опуштам така бидејќи само глупости прави, што не му текнува да се чудиш. а знам дека и брат ми беше таков ептен палав и неможевме да го оставиме сам 5 минути,. дури и кога тргна на училиште.

сакав само да кажам дека таа домашна атмосфера со две дечиња кои заедно си играат а родителите си гледаат ТВ многу ми се допадна и би сакала некогаш да бидам така безгрижнаuser posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Деца без родителски надзор
30.3.2010 10:29:23   
nadica
немам искуство бидејќи надица е сеуште мала и мислам дека барем додека не наполни 5 год ќе се врзувам за неа
јас сум некако посесивна па и кога возрасни комшивки на пр. ќе ми речат оди ти ние ќе ја почуваме јас неможам
а затоа јас со мои 7 год ја чував сестра ми која имаше 1,5год сама со надзор на баба додека си работи низ куќа

сепак се е индивидуално и има многу фактори на тоа како кога и колку може едно дете да биде оставено без родителски надзор

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Деца без родителски надзор
2.4.2010 9:50:39   
ripce
Ние сме во центарот на градот, зградата е веднаш на патот, во задниот дел имаме ептен мало дворче кое никако не можам да го оквалификувам како доволен простор за играње на децата, кои постојано се желни за ново и ново, така да мислам дека до поодмината возраст ќе бидеме под надзор... исто деновиве кога минувам покрај училиштето, ги гледам децата со своите родители, размислувам како ние секојдневно ќе се водиме на училиште, блиску ни е училиштето, ама земајќи во предвид дека улиците низ кои треба да минува се најфрекфентни во градот нема шанси да го оставам сам да оди. А со ова деновиве, постојано исчезнување на деца, нема шанси, да го оставам сам.

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Деца без родителски надзор
2.4.2010 18:06:00   
Палешка РР
Марио го оставивме без надзор, потполно сам дома, а ние на работа од втората половина на четврто одделение, дотогаш го чуваше една девојка. Сум го оставала сам надвор да игра, кај мајка ми, ама јас да го посматрам. До шесто одделение не го пуштав сам да шета низ град, а и што фајде дека сега е слободен кога нон-стоп му се јавувам. Некои родители се едноставно такви, никогаш не можат да се мирни кога децата не се до нив user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Деца без родителски надзор
11.5.2010 17:52:15   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

баш пред некој ден бевме на гости кај брачен пар со две машки дечиња.едното има 7 а другото 9 години.комотно ги оставаат сами во соба, тие си играат, се смејат, па после си гледаа шехерезад.само по малку ги погледнуваат а они со гостите во дневна си седат, баш ми се допадна таа опуштена атмосфера.јас бре стално трчам по Дамјан и стрепам да не направил некоја беља- непредвидлив е. си мислам дека никогаш нема да сум опуштена така за да го оставам без надзор а и многу мал е уште.

мислам дека тоа оставање без надзор е индивидуално и зависи од многу фактори, како што веќе споменаа, да не се повторувам



Во друга соба не ми е проблем да ја оставам сама. Кога ми доаѓаат пријателки со деца тие во нејзината соба сами си играат јас со мајките во дневна си пиеме кафе, си играат без проблем, повремено мора да се интервенира ако баш загусти, но поголемиот дел од времето се ок. Така да не се секирај нема уште многу долго да трчаш по Дамјан.
Но за сам да го оставиш на пример половина час дур одиш до продавница за тоа ми беше прашањето. Јас тоа не би се осмелила уште многу долго, не бидејки не и верувам неа, туку бидејки не верувам на околината.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Деца без родителски надзор
3.3.2011 14:04:02   
katerina78
Јас лично сметам дека децата до 7 годишна возраст не би требало да се остават сами дома без родителски надзор. Едно е да си играат во другата соба, меѓутоа одговорноста да се остават сами на себе дома е многу голема. Времињата се ептен променети од времето кога ние растевме, безбедноста е намалена на минимум.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Деца без родителски надзор
3.3.2011 15:25:03   
vesna1
Spored mene necini nekoj majki sto tolku ne im davaat na decata da se osamostojat. Poznavam edna majka koe deteto ima 11 god. i ne go ostava samo doma i ne mu dava kljuc. So MM se smeeme i vikame ke poceka do 18 god. dodeka mu dade kluc od doma.
Jas iskreno mojata kerka od 7 god. ja ostavam sama doma po 5-6 saati, na ulica igra sama. Vo posledno vreme(sega ima 10 god) ja pustam i so avtobus sama niz Skopjevo. Se razbira nekoj ja ceka na avtobuska, ili ideme zaedno jas poruzuvam so avtobusot, ona si se simnuva, preminuva bulevar i sama ide do skolo. Samo mi se javuva koga ke stigne.
Jas  koga imav 9 god. sestrami koja togas imase 4god. ja oblekuvav, ja nosev do gradinka i jas produzuvav vo skolo. Moite roditeli rabotea od 6 casot.
Pa nisto ne mi fali, izrasnav vo zdrava i sposobna licnost koja sama se bori vo zivotot. Edinstveno bidejki vreminjata se poopasni jas non stop zboram da ne se zboruva so nepoznati, da ne se pika po stanovi, vo lift, kola ni kaj prijateli. Ni doma da ne pusta nikogo osven nejzino drugarce.

(Одговор на членот katerina78)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Деца без родителски надзор
3.3.2011 22:56:31   
denim
Kerka mi ima uste malku 8 god. od minatoto leto ja pustam pred zgrada da si igra. Ziveeme na 1 kat i celo vreme ja gledam od site sobi, znaci isto kako da mi e u dvor. Bez prasanje ne smee da odi kaj drugarka "da zemat neshto" ili sl. nitu da se igubi od vidno pole. Sto se odnesuva do ostavanjeto doma sama, pred da se porodam se slucilo 2-3 x da ja ostavam na 5 min. koga moram neodlozno da odam do prodavnica. Sega so bebinjata ne gi ostavam. Sama ne ja pustam nikade zasto smetam deka dete pred 9-10 god. ne e dovolno zrelo i samostojno, pogotovo ne vo ova vreme vo koe ziveeme. Znam nekolku primeri koj ne mi dozvoluvaat da go promenam mojot stav.

(Одговор на членот vesna1)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Деца без родителски надзор
3.3.2011 23:09:53   
Viktori
Јас мислам дека децата може да се оставаат надвор да си поиграат после 7 или 8 години, ама тоа да е многу контролирано од родителите. Уште подобро би било децата да незнаат дека се на видик па да видиме што можеме да очекуваме од нив.
Јас искрено Б и Ј не ги пуштам ни до школо сами наутро. И многу ме нервираат коментари од типот пушти ги, големи се.
Јас мислам дека не се големи и не можам на дете 8 години да му оставам на одговорност дете 7 години. Кој кого ќе чува? А што ако се случи нешто? Како после поголемкото детенце што го чувало помалото? И не мислам дека постарите деца треба да ги заменуваат родителите. Тие се само деца и нема зошто толку рано да им накалемуваме толкава одговорност.
Инаку некогаш ги оставам сами дома по саат два, ама комшиите под мене се известени па можат да се симнат ако им е страв или да ми се јават на мене па јас да ја пратам комшиката горе.
ММ некогаш го пушташе син ми до школо на тренинг, ама јас секогаш кога бев дома слободна го носев. Зошто да го мислам??? Полесно ми е да го однесам!

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот denim)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Деца без родителски надзор
3.3.2011 23:10:07   
suzeto
moeto ima 5,5 god.i se uste ne odi nikade samo,a deca i pomali od nego tuka kaj nas gi pustaat vo prodavnica da pazarat, napisano na livce sto treba.....prodavnicata e blisku do nas,jas ako odam vo prodavnica on ide so mene ne sedi sam,ne odi ni vo dvor sam,a za vo dvor ne saka da odi sam, se nauci da ima nekoj so nego koga igra i mislam deka ako e sam ne znae sto da igra i zatoa ne odi

(Одговор на членот denim)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Деца без родителски надзор
3.3.2011 23:37:13   
Maca25
Често имам размислувано како ќе биде кога ќерка ми ќе има 5-6-7 години, дали би ја пуштила слободно да игра на улица или пак да оди сама во школо и констатирав дека НЕ нема да го направам тоа затоа што немам доверба во околината, шоферите, комшиите и остали.

Денес ништо не е исто како времето во кое јас сум ратела, кога цел летен распуст сум го поминувала играјќи со другарките на улица, кога ме оставале од школо да си дојдам сама дома, да си отклучам и да седам 2-3 саати сама, во 4-то одделение одев сама на англиски од Козле до Центар со автобус или пак со автобус сама до кај баба ми и дедо ми. Едноставно не би можела да и го дозволам на ќерка ми истото. Веќе ништо не е исто.

На улицата на која јас израснав нема повеќе момчиња кои играат камај или девојчиња кои играат ластик, сега има само гласна музика од бесни коли кои ги возат млади фраери, крадци на точаци и непознати шуњачи по улици кои си бараат жртви. Колку мирна улица беше порано.

Јас сега живеам во зграда, во сред центар и се чудам каде ќе го пуштам моето дете се изнаигра?!?!


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Деца без родителски надзор
4.3.2011 10:45:21   
katerina78
Се согласувам со вас сите, времињата во кои ние растевме беа поразлични и побезбедни. Сепак сигурноста и безбедноста на нашите деца е во наши раце. Треба два пати да размислиме дали да ги оставиме децата сами без родителски надзор и на која возраст. Колку и да ни изгледаат децата созреани и одговорни за својата возраст, тие се сепак само деца со детски памет.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Деца без родителски надзор
4.3.2011 13:34:05   
Tanjat7880
Vreminjata se navistina opasni no ke dojde den koga moeto dete ke saka da se osamostali,ke saka da odi samo vo ucilishte ili do market ili do pred zgrada a jas moram da soberam sila i seto toa da go ispocituvam,samo Gospod da gi cuva decata a nie da mu pomagame!

(Одговор на членот katerina78)
Непосредна врска до пораките: 18
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?