Octavia -> RE: Вашите родители и партнерот! (27.7.2013 13:48:55)
|
Ова е максимално претерување и тука оправдување нема. (Потенцирам максимално зашто прашањето беше да не претерувал зетот малку). Прво, човеков е зелен, себичен, алчен и невоспитан. Тој нема ама никакво право да кажува кој што да прави со СВОЈОТ имот, туку може да продава само нешто што ТОЈ купил. Многу ме нервираат вакви типови, и мажи и жени, кои се однесуваат како сите нешто ним да им должат. Да не зборувам за колнењето, како стара вештерка некоја, мене искрено би ми се згадил таков маж. А женава што само плаче и се му дозволува, не знам... Веројатно смета дека треба да му попушти, можеби не е доволно сигурна во себе, можеби се има помирено со се заради некои свои причини, значи не ја осудувам, ама треба некој да ја протресе и да ја свести дека мажот и е идиот. За жал, друг збор немам. И арно вика Ники, тука љубов тешко да има. Човеков место срце гарант каса има [sm=zmeden.gif]. Преку разни глупости на мм сум поминала (не со молчење, секако [sm=jezicek.gif]), ама за вакво нешто би настрадал. Не затоа што би им се спротивставил на моите, да се разбереме, туку за поводот за тоа и за покажаната примитивност. Навистина нема шанси после нешто такво да си легнам до тој човек...
|
|
|
|