Еца -> Митови и вистини за женската сексуалност (3.7.2009 9:23:50)
|
Постојат одредени тврдења и прашања кои се однесуваат на женската сексуалност и кои постојано се повторуваат, но на нив ниту докторите ниту фармацевтите ни даваат конкретен одговор. Но затоа научниот портал LiveScience понуди објаснувањаи одговори на петте најчести митови за женската сексуалност. *Со лекарски преглед може да се утврди невиноста кај жената Никогаш, ниту со детален преглед на хименот, не може да се утврди дали жената имала сексуален однос бидејќи хименот е еластичен и пропушта менсутруална крв. Во ретки случаи хименот е сосема затворен, но тогаш доаѓа до здравствени компликации кои резултират со хируршка интервенција. *Жените и мажите имаат подеднаква потреба од сон Научно е докажано дека кај жените кои недоволно спијат постои поголем ризик од дијабетис, како и поголема склоност кон воспаленија. Во една студија во која учествувале 6000 испитаници од двата пола докажано е дека кај мажите не е забележана никаква врска меѓу количината на сон и настанувањето на болсти. *Жената не може да забремени при менструација Еден од најголемите митови за женското тело е потполно неточен, тврдат лекарите. Познато е дека сперматозоидите живеат и по неколку денови, а овалуацијата може да започне и за време на менструалното крварење. *Жените во менопауза ја губат желбата за секс Едно истражување спроведено во САД покажа дека половина од средновечните жени и понатаму практикуваат секс и уживаат во истиот. Но точно е дека одредени непријатности кои ги чувствуваат жените во менопаузата, како што се напливите на топлина и нервоза, можат да влијаат на сексуалната желба. *Одредени лекови го намалуваат дејството на контрацепциските средства Поголем дел од антибиотиците не го намалуваат дејсвтото на контравептивните пилули, но сепак е навистина важно добро да се прочита упатството или да се побара совет од фармацевтот.
|
|
|
|