RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Совети за домаќинки



Порака


niki -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (2.7.2013 11:27:58)

koj izmislil tepisi, zgresil
sakam da mi gi vrati parite
busav imame, posle 4 godini maki so nego, ne mozes da go usisas, ne mozes da go isperes bidejki koga ke se napolni so voda ne mozes da go mrdnes, a i ton prasok ke ti otide dur zapeni
zatoa go stavivme vo spalna, zosto tamu ne jademe, ne pieme, ne vleguvame so cevli, ne rabotime nisto, samo se preslekuvame i spieme
a moravme zaradi nego da kupime i jak usisivac
vo dnevna mi stoi tepison, tenok polesno se pere, no pusto krem boja odbrav, pa se prlja brzo zatoa od godinava preku leto ke go vadam, merak se plockite em poladno em so edna metla i djoger se cisti za 10 minuti
vo kujna imam teget i go mrazam se se poznava, posle sekoe jadenje/gotvenje treba da se usisuva i sekoja godina si velam ke go frlam
vo detska e portokalov, ili potocno bese portokalov, ama so dete koe non stop nesto boi secka pravi e stanat crn
i se tesam deka detevo mi porasna i deka sega koga ke trgne na skolo so obvrskite se pomalku ke si igra na pod pa ke im kazam cao na tepisite, ke gi frlam i nikogas poveke ne stavam




Mihaela 2010 -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (2.7.2013 12:03:08)

I jas ne gi obozavam tepisite,pa srekja 80% vo kukjava mi se plocki[sm=smiley1.gif]
Imam vo dnevna eden ko jambolija,isto takvo malecko i vo spalna,a deckata soba sega ke ja renovirame do sega ne bese vo funkcija pa i tamo planiram nekoe malecko za kerka mi da stavam..
Sto se tice mene ja bi izvadila se ama ne ide...taka da i sega ne se zalam bidejki i gi nemam mnogu niz kukja




Felly RR -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (2.7.2013 18:07:15)

Јас па никако не можам да го убедам мм, да ги тргнеме теписите. А баш би требале - заради алергијата на М.[sm=smiley13.gif] Сепак ги чистиме со парочистач, па се надевам дека се уништуваат тие грињи и други слични животнки што живеат во нив.
Сега зедовме еден и од тие бушавите - демек се и еколошки, антистатички, антибактериски и сл. и вака стварно не се гледа многу ѓубре, ама да земеш да го тресеш...... А и перењево вака ко што опиша ники - баш е доживување [sm=smiley36.gif] Уште не сме го пререле пошто нема ни месец откако го зедовме. Претпоставувам можам и овој да го поминувам со парочистач, зар не???




niki -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (2.7.2013 23:02:39)

mozes kako ne mozes, no i da go pominuvas i da ne go pominuvas barem ednas vo godinata ke go peres ako ne i pocesto
mene vo dnevna mi bese vo najkriticnite godini od rast na deteto, koga ucese da mocka i kaka vo noksir, koga ucese da pie od casa, koga se frlase na pod
ona sto najmnogu mi precese sto za razlika od drugive, mnogu se usmrduvase tepihot, znaci ne trpi da isturis nesto i samo na flekata da iscistis, ke se usmrdi, dali i deka imame visoka atmosverska vlaga pa sobirase, ne znam, ama ne se trpese ako ne go isperam ubavo nadvor
uf koga ke mi tekne[sm=hudicek1.gif]




vezilka RR -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (3.7.2013 8:49:48)

Епа еднаш во годината секако ги перам и овие теписи, туку да не е на секои три месеци [sm=zmeden.gif]. Ме премислувате, а тамам бев решена таков да земам. Ама ако толку течко се одржува, богами нема. Му робувам на овој црвениов што го имам, на друг нема да му робувам. Хе, хе, а да не знаете некој самочистачки тепих [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]. Тој веднаш би го зела.




niki -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (3.7.2013 22:23:56)

zemi si ti vezilke, moze tebe ke ti se pogodi, a moze ke svatis deka sme vo pravo
mojov tepih go imam pereno mnogu cesto dodeka mi bese vo dnevna, dali dodrzuvase mesec dva, sega otkako mi e vo spalna go nemam pereno 2 godini i ne sum zabelezala los miris, a go pominuvav so parocistac
mislam deka najgolem problem so niv e toa isturanjeto tecnosti po niv, koi na lice mesto ednostavno ne se docistuvaat, debel e tepihot, necistotijata se vpiva i zaostanuva i posle imas smrdez ko da ti pcovisalo nesto doma, sakas nejkes ke peres i so malo dete tesko ke izbegnes




rina13 -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (6.7.2013 18:04:45)

Ова со мирисањево не е хумано[sm=smiley13.gif].Пред месец дена го перев, прееска детево се заигра и згреши се измочка се убив чистејќи смрди корне.Ќе морам во најскоро време да го перам пак[sm=smiley13.gif].




Snowhite RR -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (6.7.2013 23:05:05)

Јас па откако си зедов бушави тепици се препородив, пред тоа со едни светли се се познаваше и истурено и накапаено и изронето, секој ден метев, ги рибав на секое, а овие и цела недела да не заметам ништо не се познава, одвреме навреме ги тресиме, тогаш стварно паѓа многу трошки од храна, а за смрдеата не знам до сега не ми замирисало. Еве цела година ги имам и супер ми се. Е сега уште не сум ги исперила баш поради тоа што не знам како да ги перам. Најверојатно ќе прашам на перална да видам што ќе ми речат па таму ќе ги носам




Mila mamicka -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (22.5.2014 10:11:38)

Кога си го уредувавме спратот од куќата, цело време размислував какви теписи да земам, каква боја и сл. И за среќа, ја послушав мајка ми, која ми рече да не земам никакви, за да не го скријам паркетот, нов, убав, лакиран, свети. Си земав само за во спална мало, и 3 стапки, и во дневна под малата масичка имам. Тие во спална ги извадив, кога се роди син ми, и сега имам само во дневна, под малата масичка. И многу ми е лесно. Ем е попрактично за чистење, ем не мислам колку прашина има во нив, па да ја вдишува син ми. Супер ми е вака без теписи, и додека не ми потпораснат децата, не ни мислам да ставам. 




Defne90 RR -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (22.5.2014 10:35:24)

Баш убаво што немате теписи мамичка.Ние пак имаме едн во дневна,патека во кујна и патека во ходник.И секако еден во детска и еден во спалнаИ што е најжално светла боја се тие во дневната во кујната и во ходник и постојано се валкани и за метење.Усисувам преку ден а за перење ги носам сигурно трипати годишно во перална.Во детска зедовме малку потемен и пошарен за да не се валка толку.А во спална исто е светол ама дека не седиме сега во неа сите сме во детска го переме само еднаш годишнок кога белиме.




scared RR -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (30.11.2014 20:22:26)

Само едно јамболија тепихче имаме и тоа го тресеме, не сме го испрале до сега, зашто прилично е нова, останатите ги переме со течен детергент и нежна четка [sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (24.12.2014 14:27:07)

Како и со што да освежам теписон по дома? Имаше нешто со сода но незнам точно.Ептен ќе ми завши работа во моментов а после на машинско перење




Kvisko -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (24.12.2014 14:38:11)

За тоа со содајас знам дека е за неутрализирање на лоши мириси од теписи и теписони. Во една книгичка за природно чистење имам рецепт за користење на сода за таа намена. Се меша еднакво количество сода и нишесте. Се прска на пцела површина навечер и се остава да отстои до сабајле. Сабајлето се поминува со правосмукалка и готово.
МОжеш да пробаш и со купечките средства за теписи/теписони. Не се многу скапи а според мене вршат ептен работа. Проблем е што треба на колена да си го „рибаш“ теписонот и да внимаваш да нанесуваш само од пената за да не се натопи премногу.




Melanija RR -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (24.12.2014 14:52:57)

Да Kvisko на тоа мислев за содата.Маката ми е што ми треба за малото за игра,па нема толку можност за средства и време да се досуши низ дома.Фала ти[sm=smiley1.gif]
Ќе видам во маркет дали некое според употреба ќе ми заврши работа




Kvisko -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (24.12.2014 16:31:25)

Тогаш иста финта како содата. Откако ќе го заспиеш детето ќе си правиш „журка“ до полноќ. [sm=smiley36.gif] Ќе триеш вечерта или ќе посипиваш со сода па сабајле пред да се разбуди со правосмукалка по дома.




Melanija RR -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (24.12.2014 21:58:20)

ќе мора ,, журка,, ми нема друго[sm=smiley36.gif]




kapina -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (20.4.2015 0:15:36)

Jas imam merinos i ic ne sum zadovolna ovoj mesec ke mesteme laminat i pravo i tepih nov da si zemam vosobata




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]