mami -> Што кажува вашиот задник за вас? (3.7.2009 9:46:09)
|
Задникот е еден од главните атрибути на телото и на мажот и на жената, но се чини дека женскиот задник посебно привлекува големо внимание. Англиските уметници, кои посебно се заинтересирани за феноменот женски задник, решија да се позанимаваат со прашањето: Колкава улога има женскиот задник во модерната култура? Уметничката Су Вилјамс доби 20.000 фунти да направи модели од женски задници во гипс, за кои ќе позираат доброволци. Се додека таа не го заврши проектот, за одговорот на горе споменатото прашање се ангажирани неколку експерти. Сем Ејмос, самонаречен експерт за задници и пластичниот хирург Марк Бури, се согласуваат дека постојат шест типови на женски задник, кои откриваат различни карактерни особини. Ејмос, вели дека врз основа на задникот може да открие каква личност е сопственичката. Заоблен задник - искреност Задник во облик на превртено срце - променливо расположение Срцевиден задник - емотивност Рамен задник - самоувереност Момчешки задник - веселост Подигнат задник - посветеност
|
|
|
|