vezilka RR -> RE: Прво жена а потоа мајка (25.5.2016 13:55:04)
|
Ако госпоѓава е таа која мислам е сопруга на Бадинтер (кај нас познат по нешто друго [sm=smiley36.gif]) е бизнисменка, која застапува некои феминистички ставови. А според мене е далеку од контроверзна. Инече овие пет точки мене ми се баш онакана место и не ми се спорни. Еве една контроверзна прказка на темава. Еднаш еден таксист ми одржа една таква „лекција’ за тоа како треба да се однесуваат мајките. Си повикав јас такси да ме носи на саем, одев на концерт. Таксистот, бидејќи ме возел повеќе пати, знаеше дека имам мало дете и ме праша каде толку доцна. Му викам јас на концерт. Леле ко ме подбра, како тоа јас дете дома а ќе сум шетала по концерти, тоа било за млади, без обврски и бла, бла, бла.. Така некои го сваќаат мајчинсвото. Мајките немаат право на збава и дружење оти се мајки. И единствено тоа треба да бидат.
|
|
|
|